Микробранови печки

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување

Xibalba

Господин Господин
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.098
Поени од реакции
11.508
Локација
Sydney
Барав низ подфорумов ама не најдов тема за микробрановите печки.
Се мислам помеѓу неколку опции, па може ќе споделите совет. Поконкретно која е најдобра од овие

http://set.com.mk/White-Goods/Microwave-ovens/Electrolux-EMS20010OS65848
http://set.com.mk/White-Goods/Microwave-ovens/SAMSUNG-ME76V-BB-BOL64652
http://www.tehnomarket.com.mk/products/09130597/samsung-ms-23f301eak
 
Та што подгрева најдобро...Озбилно бачко,микробранова е која и да земеш ќе брка работа.
 
ako ne si zenet ne brzaj,

Која ли ќе ме земе на стари години, далеку сум од свадба.

Озбилно бачко,микробранова е која и да земеш ќе брка работа.

За бркање на работа веќе имам, ама стара е 15 години, со стар дизајн, без дисплеј и други тракатанци. Редно е да ја сменам.
 
Јас имам самсунг и сум задоволен од квалитет, за марка ти помогнав, а за модел како што гледам се се исти на прво око, без некоја поголем разлика, така да земај поевтина а квалитетна, сигурно нема да готвиш и ти е само за загревање.
 
Купив микробранова и ми се оштети во транспорт да ја мочам од керамиди што би рекол Џонтра. Капакот се подотвори 1-2mm од десната страна, сега кога работи може да се забележи светлина од надворешната страна. Дали е опасно ова?
 
Купив микробранова и ми се оштети во транспорт да ја мочам од керамиди што би рекол Џонтра. Капакот се подотвори 1-2mm од десната страна, сега кога работи може да се забележи светлина од надворешната страна. Дали е опасно ова?
Не ако мислиш на зрачење. И како капакот се подотвори, мислиш на вратничката или горниот и страничните делови од микробрановата. Мислам , море не мислам туку сигурен сум дека тој влегува како со жлеб во остатокот од микрото. Ако не е физички оштетена до толку тогаш само отшрафија одзади и намести го наново и нормално вратиги штрафовите. Инаку ламбата и така и така е надовор од комората така да ич да не се замараш дека се забележува светлина. Гледај вратничката да не ти е оштетена пошто тоа е веќе друга работа.
 
Не е вратничката, се отвора и затвора најнормално, капакот е од десната страна. Не може да се намести назад затоа што при ударот во транспорт капакот е набиен и малку искривен, што резултираше со мал отвор. Сега од што ми е страв кога ја уклучувам се тргам на страна и чекам да заврши со работа. Барав објаснување на нет ама ништо конкретно не најдов.
 
Не е вратничката, се отвора и затвора најнормално, капакот е од десната страна. Не може да се намести назад затоа што при ударот во транспорт капакот е набиен и малку искривен, што резултираше со мал отвор. Сега од што ми е страв кога ја уклучувам се тргам на страна и чекам да заврши со работа. Барав објаснување на нет ама ништо конкретно не најдов.
Ништо крцкај си нема гајле ако мислиш дека ке се озрачиш или собата ке ја исполниш со радијациија и дека ке ти падни косата и нема да ти станва повеќе. Инаку обичен плех е, веќе ако толку ти оди на нерви отшрафиго, извадиго, ставиго на нешто рамно,еден чекан и парче дрво или клешта во зависност колку е оштетен и каде и решиго машки. Или ке го средиш или ке го дозаебиш, трето нема :)
П.с заборавив да ти спомнам да ја исклучиш од струја микробрановата пред да ја почниш оваа операција. Не дека не се подразбира тоа ама сепак да не те носам на душа.
 
Кај мене има една дома, постара од мене, од на моите свадбата. Кога бев мал, сестра ми си играла и оставила една рингла уклучена околу половина час. На микробрановата и се свиткаа некои пластики од долната страна нормално, ама нема гајле. Оригинално јапонско од фирмана Funai. За овие денешните не дека нема да најдеш квалитет, ќе најдеш ама тука ќе биде 10 пати поскапа или 5 пати поскапа од странство.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom