Напуштени објекти во Македонија / Урбано истражување (Urban exploring)

За биро старо 30 години и најскапото да е лакот е веќе одамна паднат. Сите тие бироа (од времето на Тито) што сум ги видел по институции се во очајна состојба.

По институции кои работат, а не по напуштени канцеларии, сакаш да кажеш.

Колку и да ти е тешко да признаеш, ние сме недомаќинска држава и не го пазиме тоа што го имаме, но има такви работи кои му пркосат на времето и со децении, како што се овие маси на пример.

Лакот можеби паднал, но масата дремела таму без да биде употребена со години, па со добро шмирглање и лакирање, ќе изгледа како нова.

Додека од друга страна, иста таква маса употребувана сите овие години по институции, сигурно била влечкана од една во друга канцеларија, преместувана, без никаква грижа и без никакво редовно одржување, па огромна е веројатноста оваа вторава маса употребувана со години да биде во многу полоша состојба во споредба со оваа првава маса која дреме со години без да биде употребена.
 
Интересна тема, само некако за во Архитектура ми е:)

Иначе неизбежно е да се спомне Зелената куќа во Црниче. Куќа која датираше од 1921 година, куќа со единствен таков изглед во Скопје, а можеби и во Македонија, куќа која имаше огромна и страшна приказна зад себе. Куќата со години стоеше напуштена, од време на време доаѓаа наркомани и вагабонти за да ја уништуваа, но најзначајно и најлошо беше тоа што на никој не му текна да ја реновира. Можеа бар музеј да ја направат, но ете ја срушија, без око да им трепне:)

kukja%5B2%5D.jpg
 
Не ми текна да ја објавам таму. :(
Инаку, во таа канцеларија со кружната маса кога влеговме прв пат имаше едно големо биро во форма на Г под рамките, една полица за книги со стаклени врати, и 2-3 помали масички за цвеќиња. Тие ствари ги немаше после 2 недели кога влеговме пак XD
q9ZZ12G.jpg
N3LJQMC.jpg


Инаку, АТОМ се бавеле со проектирање на згради (инсталации) и така во една сала има планови за објекти по Кочани, Скопје но и низ други места од екс ју простори.
Има и една макета останато за градскиот пазар во Кочани
lgaXbSj.jpg
kE5rdrx.jpg
 
Зар е напуштено местово...? :unsure: Пред точно 11 години бев тука на школска екскурзија и колку што можев да видам тоа одморалиштето вриеше од деца од цела Македонија.... јесте во собите редовни гости беа бубашвабите, ама колку што знам објектов го одржуваа луѓе, а имаа и посебна менза каде што имаше запослено жени. На пет минути од одморалиштето имаше и детско игралиште, а горе на ридот одма до хотелот, се гледаше убава панорама на Голак планина.
Ако имаш повеќе информации за објектов кажи, дека живо ме интересира како пропадна ова место кое до пред 11 години вриеше од деца :/

Напуштено и уништено.Сега има најави дека се нашол купувач но ќе видиме што ќе бидне со одморалиштетп.Иначе греота е за гледање како во Чернобил да си а не на Голак.
 
Ептен добри сцени за филм би се снимиле во„Европа“. Сум бил во „Европа“ многу одамна како дете пред 20 години, не се сеќавам добро на местото но знам дека беше „Европа“.[DOUBLEPOST=1417108442][/DOUBLEPOST]Ептен добри сцени за филм би се снимиле во„Европа“. Сум бил во „Европа“ многу одамна како дете пред 20 години, не се сеќавам добро на местото но знам дека беше „Европа“.
 
Ја бев у хотелон, баш пола година пред да го запалат (а и пред тоа еднаш).

Велеа, на времето, дека е најбољи у Македонија.
 
Сум бил на зимување пред 20 и кусур години, ама немам сеќавања од тоа време.
Последно лани летото идев преку Галичица и застанував по пат да сликам и тогаш го видов оддалеку последен пат. Многу убаво здание и за денешни услови, опкружен со шума, многу убава локација. Штета што е така запустен. Се надевам ќе се најди некој да му го врати сјајот како со Изгрев што бидна.
 
Чудно е кога ќе видиш вакви некои зданија што згаснале со текот на годините, кога ќе ја повлечеш паралелата дека тука некад се дешавал живот, било полно со луѓе, забави, пиење, јадење, преноќување, буквално живот. Како одеднаш преминува во празнина, некогаш и преку ноќ. А никој надлежен, пример градоначалник не го боли стојко да го пренасочи или оспособи во нешто корисно, да му врати живост или ако ништо друго да го уништи скроз и да изгради нов објект на истото место или било што. Отфрлен потенцијал.
 
Жално е сето тоа... Продукт на транзицијата, но и на подоцнежната желба за брза пара...
 
Picture 1905.jpg .Picture 1906.jpg .Picture 1907.jpg .
Е има и вакви напуштени објекти(воСкопје) и тоа многу кој со години се такви додека не паднат(можеби не и овој). Вројатно правите газди му ја одамна дувнале џенем-туѓина и не оставиле на никој да се грижи за нив или пак немале никој овде(што е и чудно).
Можеби и власта и локалната самоуправа не може да ги реши или не смее.
Се сеќавате на едни вакви куќи неколку по ред пред црквата Св.Петка од десна страна,беа во ваква состојба 20 години и на крај се реши-се направи тука паркинг.
Па кога ќе се вратат оние од преку океанот,нека му ја мислат каде ќе спијат.
Има вакви неколку куќи во самиот центар на улица Македонија.Заборавени и од господа.
 
Супер тема. Од секогаш ми биле интересни напуштените градби, тишината која е во нив и околу нив е посебна. Имаат приказна но немаат уста да ја кажат, останува да се почуствува само.
Жалното кај нас е што ваквите зданија се фабрики, згради, хали што некогаш биле симбол на една држава, силата која сме ја извезувале и биле хранети бројни и огромни семејства.
Немам јас мои слики кои би ги споделил, али да имаше USB што ке се ставаше во мозокот ке излезеа илјадници пред и потоа слики :)
Али сликиве од Европа хотелот ме натажија моментално... поради причината што како вчера да беше го памтам еден од ретките одмори на Преспанско со моите пред едно 15ина години, каков комплекс беше тоа, колку луѓе летуваа и уживаа на таа плажа и езеро како да се на море. Стварно жално
А хотелот се запалил пред или после овие фотографии погоре?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom