Референдум за независна Шкотска

  • Креатор на темата Креатор на темата The xx
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Шкотска ќе прогласи независност?

  • Да

    Гласови: 52 55,9%
  • Не

    Гласови: 34 36,6%
  • Неодлучен/а

    Гласови: 7 7,5%

  • Вкупно гласачи
    93
  • Гласањето е завршено на .
Ако некој мисли дека Шкотска е земја која се шлепа на грб на Англија, многу грешите. БДП пер капита во Шкотска без рачунање на нафтата е ист како просекот на ВБ, а со нафтата е многу поголем. Месечната плата е тука некаде, а Шкотка има помала невработеност од Англија и Велс. Јавната потрошувачка е поголема во Шкотска од просекот на Велика Британија.

Информациите може тука да ги проверите тука: http://www.bbc.com/news/uk-scotland-24866266
 
Погрешно е да се прават компарации помеѓу Велика Британија и екс СФРЈ поради многу причини !
Како прво различни менталитети на народи западно Европејци и источно Европејци, како второ Велика Британија е демократска и плурална држава а СФРЈ беше едноумие политичкиот систем беше едноумие факт и да не биле толку силни тие државни служби на СФРЈ уште многу порано од 1991 год. ќе се распаднела таа држава(факт), како трето етнички и религиски Велика Британија не е толку мешана како бивша СФРЈ во Велика Британија накај 50 милиони се Англичани а останатите 10ина милиони се Шкоти, Велшани, Ирци, доселеници од други континенти значи во Велика Британија демографски апсолутно доминираат Англичаните а во екс СФРЈ никој не доминираше најбројни беа Србите да но со 39% етничка застапеност на вкупната територија на СФРЈ што сепак не било доволно да бидат хегемони и господари врз 61% други народи во заедничката држава Хрвати, Бошњаци, Словенци, Македонци, Албанци, Унгарци и.т.н.
Велика Британија е составена од 4 федерални елементи Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска а СФРЈ беше составена од 6 федерални елементи(Републики) и 2 автономни покраини од кои едната врз истите тие граници на кои беше автономија си стана и независна држава(Косово) !
СФРЈ немаше да се распадне ако на пр. наместо 39% мнозинскиот народ Србите да биле на пр. не испод 70%, СФРЈ се распадна бидејќи ЈНА не успеа да ја одбрани територијата на СФРЈ не успеа да ја одржи нејзината целовитост, ЈНА бегаа пред налетот на Националистите и во Словенија а потоа и во Хрватска и.т.н. а тоа е така бидејќи ЈНА после 1991 година беше само Српска армија составена само од Српски војници за разлика од претходно кога во неа служеле војници од сите етнички заедници на СФРЈ !
 
Тоа е поредниот мит.Примери колкото сакаш можам да ти наведам.

Па не е баш мит.

Кога Французите, Холанѓаните и Ирците ги прашаа за Европскиот Устав на референдум, тие го отфрлија, но евробирократите во Брисел најкомотно го преименуваа Европскиот Устав во Лисабонски Договор, му додадоа плус неколку стотици страници и го протнаа низ мала врата.

Таканаречената ЕУ демократија е пример за нови достигнувања на изборните фарси од сталинизмот и нацизмот, бидејќи и во Советскиот Сојуз за време на владеењето на Јосиф Висарионович Сталин и во Нацистичка Германија, имало избори, на кои имало кандидати од само една политичка партија.

Денес во ЕУ, на изборите има повеќе кандидати од повеќе политички партии, но или кандидатите се постојано едни исти луѓе, или идеите и вредностите кои ги негуваат и ги бранат се истите идеи и вредности кои ги негувале и ги бранеле нивните претходници.

Но доста одевме оф-топик.
 
ЧОВЕКОТ КОЈ ГО СПАСИ КАМЕРОН
Говорот кој ја спаси Британија!
19 септември 2014 - 18:49
Човекот кој има најголема заслуга за резултатите од вчерашниот референдум и кој му ја зачува работата на Дејвид Камерон е неговиот претходник Гордон Браун кого Камерон го победи на изборите во 2010 година. Иронично, нели?

govorot-koj-ja-spasi-britanija-174552.jpg

Дури и оние кои го исмејуваа и навредуваа велејќи дека е неуспешен вечен ривал на поранешниот премиер Тони Блер денес му се поклонија и го пофалија поранешниот лидер на Лабуристичката партија.

"Daily mirror" кој не беше пријател на Браун додека тој седеше на премиерската фотелја го опиша како уличен борец чија кампања била чудесна.

-Се случи момент...се појави човек, стои во статијата на Daily mirror.

Говорот кој овој Шкот го одржа на последниот ден на предизборната кампања, за многу краток временски период стана популарен и се коментираше на социјалните мрежи. Според странските медиуми а и според коментарите од социјалните мрежи овој говор веројатно е најстраствениот говор во историјата на политиката. Полн со емоции, чуства, гестикулации и воен патриотизам, Браун оддржа лекција за ораторство при тоа истакнувајќи на неколку пати дека сите граѓани од Велика Британија за двете светски војни се бореле заедно.

govorot-koj-ja-spasi-britanija-174553.jpg


-Нема гробишта во Европа на кои не се наоѓаат Шкоти и Англичани. Додека се бореа заедно никогаш не се прашаа еден со друг од каде доаѓаат, изјавил тој.

Откако со месеци водеше кампања против отцепувањето на Шкотска од Британија, Гордон една недела пред референдумот вети поголеми овластувања на Шкотска во областа на финансиите, даноците и социјалната политика.

"The Guardian" непосредно пред одржувањето на референдумот во Шкотска предвиде дека доколку не се случи отцепување, тогаш победникот во цела оваа приказна ќе биде Гордон Браун.


Како Браун ја преуреди Британија?

Браун доби значајна улога во цела оваа приказна бидејќи смисли детален план за ново постреферендумско уставно решение во Велика Британија, вклучувајќи ја и новата улога на Горниот дом на британскиот парламент, како арбитер во споровите меѓу четирите земји.

Неговиот план за иднината на Велика Британија вклучува обврска за обезбедување на сигурност и можност за сите кои сакаат шкотскиот парламент да биде признаен како траен.

govorot-koj-ja-spasi-britanija-174554.jpg


Британскиот премиер Дејвид Камерон призна дека бил во постојан контакт со Браун и дека се повикал на неговите совети за тоа како најдобро да се спречи одливот на лабуристичките гласови во корист на позитивен исход од референдумот.

Браун (63) дипломирал на Универзитетот во Единбург и за прв пат беше избран да седне во парламентот во 1983 година, заедно со Тони Блер со кого и ја зајакна лабуристичката партија. Сето тоа резултираше со победа на изборите во 1997 година.

Во владата на Блер, беше министер за финансии но во 2010 година и сменет по избивањето на глобалната економска криза. Браун остана во парламентот каде ја преставуваше Шкотска, но според светските медиуми тој во изминатиов период се посветил на мирниот живот на последните парламентарни клупи како и на хуманитарни проекти - се до референдумот.

Алекс Салмонд поднесе оставка!

Првиот министер на Шкотска, Алекс Салмонд и лидер на сепаратистичката шкотска национална партија (СНП), кој беше предводник на отцепувањето, го призна поразот и ги повика Шкотланѓаните на единство. Тој побара од сите да ги почитуваат резултатите од вчерашното гласање, иако призна дека тој самиот е длабоко разочаран од исходот.

govorot-koj-ja-spasi-britanija-174555.jpg


Неговото разочарување, но и убеденоста во својот потег да ја предводи Шкотска на патот кон независноста тој доцна попладнево го манифестираше со оставка од функциите.

Од партијата на Салмонд велат дека пред референдумот се разговарало за можноста Салмонд да поднесе оставка доколку гласањето покаже дека Шкотите се против отцепување од Обединетото Кралство, па оттука никој не е изненаден од потегот на лидерот на партијата и прв министер на Шкотска.

Сè уште не е објавено кој ќе го наследи Салмонд на функцијата, јави Си-Ен-Ен.

http://vecer.mk/svet/govorot-koj-ja-spasi-britanija
 
Па не е баш мит.

Кога Французите, Холанѓаните и Ирците ги прашаа за Европскиот Устав на референдум, тие го отфрлија, но евробирократите во Брисел најкомотно го преименуваа Европскиот Устав во Лисабонски Договор, му додадоа плус неколку стотици страници и го протнаа низ мала врата.

Таканаречената ЕУ демократија е пример за нови достигнувања на изборните фарси од сталинизмот и нацизмот, бидејќи и во Советскиот Сојуз за време на владеењето на Јосиф Висарионович Сталин и во Нацистичка Германија, имало избори, на кои имало кандидати од само една политичка партија.

Денес во ЕУ, на изборите има повеќе кандидати од повеќе политички партии, но или кандидатите се постојано едни исти луѓе, или идеите и вредностите кои ги негуваат и ги бранат се истите идеи и вредности кои ги негувале и ги бранеле нивните претходници.

Но доста одевме оф-топик.
Абсолутно не си во право,заштото устав на ЕУ нема поради точно тези референдуми. Лисабонскиот Договор е сосем нешто различно.
Референдуми во ЕУ државите има и ке има и се почитуват.
Вака е сега и со Шкотскиот референдум. Тоа беше пример за демокрациja. Условите беха предварително установени, знаеше се како, што... и имаме резултата,таков каков е .
 
http://brif.mk/?p=165450

Жители од Пустец забележани на избирачките места во Шкотска

Екипата на „Коза ностра“ која во моментов се наоѓа во Единбург, и го следи гласањето на референдумот за независност на Шкотска, јавува за невообичаено зголемен број туристи во градот.

Според информациите на нашите репортери, на аеродромот во главниот град цело утро слетуваат чартер летови од Пустец, а збунетите туристи лутаат низ градот, во потрага по избирачките места на кои се гласа.

Нашата екипа зборуваше со една госпоѓа дојдена со авион од Пустец, веднаш откако таа гласаше.

- Здраво бабичке, дали гласавте?

- Да, ќерко, гласавме, ама се брзаме, авионот не чека.

- Авион? Па зарем не живеете овде?

- Да, да, овде живееме.

- Ама само што ми кажавте дека ве чека авион.

- Не, ќерко, згрешив, стара жена, сум се збунила. Овде живееме, еве веќе 60 години.

- А каде поточно?

- Еми тука, мори, кај кајсијата! Ајде, пријатно сега, ќе ми летне авионот!

Според неофицијалните инсајдерски информации на „Коза ностра“, илјадниците туристи од Пустец веќе го дале својот глас за Владимир Тодоровиќ, но не е познато во колкава мера тоа ќе влијае на резултатите од референдумот за независност. Сепак, доколку не успее да победи, сосема е веројатно да има и втор, а можеби и трет круг од гласањето.

извор: Коза Ностра,

 
Абсолутно не си во право,заштото устав на ЕУ нема поради точно тези референдуми. Лисабонскиот Договор е сосем нешто различно.
Референдуми во ЕУ државите има и ке има и се почитуват.
Вака е сега и со Шкотскиот референдум. Тоа беше пример за демокрациja. Условите беха предварително установени, знаеше се како, што... и имаме резултата,таков каков е .

Лисабонскиот Договор е хартиена копија на Европскиот Устав, но со додатоци и шминки.

Слободно кажувај колку сакаш дека Лисабонскиот Договор и Европскиот Устав не се едно исто, но фактите говорат за самите себеси - говорат дека над 70% од содржината на Лисабонскиот Договор е копирана од Европскиот Устав.

Европскиот Устав беше отфрлен на референдуми во Франција, во Холандија и во Ирска, а Лисабонскиот Договор воопшто не ни беше гласан на референдум, со исклучок на Ирска, каде што буквално им беше форсиран на Ирците за да гласаат ЗА Лисабонскиот Договор.

Така функционира таканаречената ЕУ демократија, следејќи ги изборните правила од сталинизмот и нацизмот, со разликата што добро ги прикрива и добро ги маскира.

И уште еднаш ќе те замолам да престанеме да одиме оф-топик.
 
75.000 ПОТПИСИ ЗА ПОВТОРНО ГЛАСАЊЕ

Петицијата за повторно одржување на референдумот во Шкотска бидејќи тој бил наместен до саботата навечер собра 75.000 потписи. Иако првиот министер на Шкотска, Алекс Салмонд, ги прифати резултатите од гласањето, петицијата повикува на прегласување поради чудните околности кои покажуваат изборна измама и лажирање гласови.

Еден од последните докази е жена која ја отпечатува кутијата со гласачки ливчиња за да го предаде материјалот на бројачите и од неа вади уредно сортирани и заврзани во купче ливчиња, наместо, како што е нормално, тие да бидат растурени така како што гласачите ги ставале во кутијата. Тоа не значи ништо друго, освен дека некој претходно ја отворил кутијата.

Инаку, на интернет се води вистинска војна со снимки и докази за лажираното гласање, но има и подметнати снимки, а на една од нив наседна и нашата МТВ во централните вести во саботата вечерта. Станува збор за снимка на која се две жени на гласачко место, а едната ја полни кутијата. Снимката е всушност од Русија и е поставена на интернет уште на 10 септември.

МАРГО МЕКДОНАЛД: ДРЖЕТЕ ЈА МИ 5 ПОДАЛЕКУ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ

Марго Мекдоналд, некогашна независна членка на шкотскиот парламент, која веруваше дека во Шкотската национална партија (СНП) оперираат тајни агенти, му кажала на шефот на МИ 5, Ендру Паркер, дека неговиот персонал треба да биде користен само за спречување криминални и терористички акти, а не да се вклучува во валкани трикови против оние што ја поддржуваат шкотската независност.

Целта на МИ5 е да го штити Обединетото Kралство од заканите по националната безбедност. Писмото на Мекдоналд одново стана актуелно деновиве кога во Шкотска расте уверувањето дека референдумот за независност одржан во четвртокот беше лажиран. Според дел од шкотските медиуми, во движењето за независност на Шкотска и во партијата што сега ја предводи Алекс Салмонд, уште во 70-тите години биле инфилтрирани агенти поради тоа што британското кралство било загрижено дека од нафтата од Северното Море би можеле да доведат до независност.

Мекдоналд, која била и меѓу водечките лица во СНП, а потоа независна членка на шкотскиот парламент, пред да почине пролетва од Паркинсонова болест, истакнала дека верува оти МИ5 била активна за време на дебатата во тој период за отцепување на Шкотска и барала ветување дека таквата активност прекинала.

- Ќе ви бидам благодарна доколку можете да ме уверите дека британските служби за безбедност нема да бидат употребени во водењето до шкотскиот референдум за суверенитет, освен ако, секако, шкотската полиција има доволно докази за оправдување на нормалните одговори на потенцијално отворените криминални дела – стои во писмото кое Мекдоналд го испратила до генералниот директор на МИ5.

Таа додава дека разбира оти безбедносните служби се витални за сите земји и региони на британските острови и дека потенцијалот за прекршување на законот може да биде зголемен за време на кампањата. Мекдоналд за весникот истакнала дека коментарите на канцеларот Денис Хили, кој истакна дека лабуристичката влада од 70-тите ја потценила вредноста на приходите од нафтата, ги зајакнале нејзините загрижувања.

- Влијанието на безбедносните служби беше притаено. Ако излегла можност за потиснување на самодовербата на Шкотите, тогаш можноста била искористена – истакнала Мекдоналд.

Запрашана дали верува дека во СНП и поширокото движење за независност на Шкотска има инфилтрирани луѓе, таа вели: „Секако дека безбедносните служби имаат луѓе во СНП“.

Kриспин Блек, поранешен советник за разузнавање на поранешниот британски премиер Тони Блер и Заедничкиот разузнавачки комитет, за „Хералд Скотланд“, еден од ретките медиуми кој благо ја поддржуваше кампањата „Да“ за независност, вели дека верува дека МИ 5 ја набљудувала дебатата за независност.

- Јас претпоставувам дека МИ 5 ќе го има референдумот на својот радар, пред с`, за да ја обезбеди својата непристрасност – истакнува Блек.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom