Референдум за независна Шкотска

  • Креатор на темата Креатор на темата The xx
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Шкотска ќе прогласи независност?

  • Да

    Гласови: 52 55,9%
  • Не

    Гласови: 34 36,6%
  • Неодлучен/а

    Гласови: 7 7,5%

  • Вкупно гласачи
    93
  • Гласањето е завршено на .
Самоубиство од заседа ќе направат Шкотлаѓаните ако се осамостојат.Шкотска е зависна од В.Британија,а не обратно.На Англичаните сеедно им е дали Шкотска ќе прогласи независност бидејќи ништо нема да загубат,
нема економски да бидат погодени Англичаните туку Шкотите.Најлошо од се е тоа што после референдумот
В.Британија ќе ја саботира Шкотска на секаков можен начин,премногу се горделив народ Англичаните за да ги
остават така.Јас мислам дека референдумот нема да биде успешен бидејќи повеќето Шкоти се свесни за
последиците од ова осамостојување.Референдумот го подржуваат луѓе кој што сакаат да се истакнат како херои пред Шкотскиот народ,богати луѓе кој што секако нема да ги осетат последиците како Фергусон,Шон
Конери и др.Ние колкав проблем имаме со саботажите од јужниот сосед,е сега замислете како ќе им на
Шкотска кога ќе им се намерачи импреријалистичка сила ко В.Британија,пак ќе кажам само ради тоа што се горделиви како народ.

И гледам дека правите споредби со СФРЈ,ние се осамостоивме од земја во распад,Шкотска се осамостојува од економски моќна земја и ќе имаат последици по нивниот стандард на живот.Ние може не бевме важна алка во СФРЈ,но подобро се живееше тогаш него ли сега,истото важи и за Шкотска.На крајот на краиштата не е ни битен националниот идентитет ако живееш во благосостојба.
 
Референдумот ќе успее, Шкотска ќе добие своја влада но ќе остане дел од Комонвелтот.


But we can still rise now
And be the nation again
That stood against him
Proud Edward's army
And sent him homeward
Tae think again
http://en.wikipedia.org/wiki/Battle_of_Bannockburn
 
Да бидам искрен, што сакаат нека прават. За Југославија, а сега и за Македонија никој не мислел да ни стори добро, така да што сакаат нека си прават, нас тоа ич нека не не занима:)
 
Силата е во обединувањето а не во поделбите, тоа треба да им биде јасно на Шкотите и нека учат на грешката на ЈУ републиките кои растурија една голема и моќна држава во секој поглед и сега секој како единка не вреди ни пет пари, сега сите се каша од држави со привиден суверенитет бидејќи со нив управуваат заменици на замениците на помошниците државни секретари и амбасадори од најнизок ранг....
 
Осамостојувањето и независноста на националните ентитети е нештото кое гарантира хуманизација на општеството, третирање на секоја единка како личност со свои ставови, сфаќања и тежнеења и пренесување на истите на национално ниво, а пак државата истите би ги рефлексирала во меѓународните односи.

Од една страна, ова би довело до усложнување на меѓународната политика, но од друга страна би ја минимизирало можноста за глобални политички кризи какви што се почесто имаме. Ултимативно, локалните /општински/окружни власти би биле тие кои со тек на време би имале најголема моќ за решавање на поединечните проблеми, со што и самото значење на државата каква што ја познаваме, би исчезнало.

Супранационалното обединувањето не носи ништо добро за единката. Глобалниот свет е раководен од корпорации кои на единките гледаат како на обични цифри, можност за профит, потенцијален исплаќач на камата, доживотен роб во виртуелната слобода која ни ја сервираат.
 
Читаѓ,најголем страв било економскиот ризик ако се одели од В.Б. Тоа не е голем проблем.Ако сакаат може да останат во економски сојуз,но приморани ли се да останат во политички сојуз.Ако се гледа најголема грижа,треба да се грижи Англија,зошто сите први банкари на сите најголеми финансиски позиции се Шкоти.Шкотска треба само нормално издигање после независноста,не како Македонија. Да живее Dawn Steele :D
 
Ќе се отцепат утре сабајле,ќе им го расплачат мамичето мамино енглезиве,сами ќе молат пред Вестминистер да им го вратат огламникот околу врат.Нашле со кој курташак да си играат,со најпрефриганата нација на светот.Има да им го доведат стандардот на ниво на афричка држава.
 
Ќе бараат отстранување. Ја имаат наведено во една од причините за референдумот базава.
Тогаш тоа значи големи екстра трошоци за Владата на ВБ плус ќе треба нова локација за базата. (којзнае колку ќе треба прво за деконтаминација на просторот, а после се' останато).
 
Прашането не е толкова лесно и ако сакам Шкотска да добие независност, за да се докаже един цивилизиран начин на отцепуване,коj се договара(за разлика от други делови на Европа сега и во минатото).
Големите прашаниja пред Шкотска ако се отдели ке са:
- Република или Монархиja, останува ли под скиптара на кралицата?
- Парична единица, дали паундот ке се зачува и дали Велика Британиja ке дозволи Шкотска да користи паундот и ако не дозволи, каква ке биде новата валута? Евро по примерот на Косово и Црна Гора?!
- Дали ке се стигне до сформиране на отделна армиja, излегуването на флотата на Британиja от Шкотска и дали независноста ке биде полна?!
- Останува ли во НАТО ,ЕУ и Шенген?!
- Визни режими, патуване,царина и така натаму..

Има уште,но тоа са на прима виста прашаниja,кои са битни после
 
Нека ги извадат од ЕУ и НАТО, голема работа. Англичаните и онака сакаат да излезат долго време веќе. Интересно ќе биде во секој случај, посебно ако се осамостојат има и други региони на пример денес стотици илјади демонстираа низ Каталунија, па тука е и Новорусија. Исто е интересно да се спомене дека Шкотка е една од етнички најчистите "земји" во Европа.
 
Прашането не е толкова лесно и ако сакам Шкотска да добие независност, за да се докаже един цивилизиран начин на отцепуване,коj се договара(за разлика от други делови на Европа сега и во минатото).
Големите прашаниja пред Шкотска ако се отдели ке са:
- Република или Монархиja, останува ли под скиптара на кралицата?
- Парична единица, дали паундот ке се зачува и дали Велика Британиja ке дозволи Шкотска да користи паундот и ако не дозволи, каква ке биде новата валута? Евро по примерот на Косово и Црна Гора?!
- Дали ке се стигне до сформиране на отделна армиja, излегуването на флотата на Британиja от Шкотска и дали независноста ке биде полна?!
- Останува ли во НАТО ,ЕУ и Шенген?!
- Визни режими, патуване,царина и така натаму..

Има уште,но тоа са на прима виста прашаниja,кои са битни после

Oдговорени се веќе неколку прашања :
  • Република
  • Фунта(Eвро воопшто и не ни сакаат,како од ѓаволот да бегаат им е мислењето за еврото)
  • Веројатно остануваат во Нато,за ЕУ ќе се водат преговори за Европската Економска Зона(ЕУ нема да ризикува зошто ако се отцепи ,Шкотска автоматски станува едно од најбогатите земји во Европа)
  • Членка на КомонВелтот
 
Океј фунта ќе користат, ама тоа веќе не е независност и не верувам дека Англичаните ќе им дозволат да не учестуваат во враќањето на државните долгови. Ако веќе се гласа за независност мора да имаат своја валута која ќе биде фиксно врзана со фунтата како денарот со еврото.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom