Референдум за независна Шкотска

  • Креатор на темата Креатор на темата The xx
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Шкотска ќе прогласи независност?

  • Да

    Гласови: 52 55,9%
  • Не

    Гласови: 34 36,6%
  • Неодлучен/а

    Гласови: 7 7,5%

  • Вкупно гласачи
    93
  • Гласањето е завршено на .

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.582
Поени од реакции
14.608
%D0%A8%D0%BA%D0%BE%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC-%D1%84%D0%B8%D1%87%D1%80.jpg

Бидејќи не наидов на ваква тема си земам за слобода да ја отворам.
Прилично доста интересна тема која се вртеше наоколу.

Референдумот е закажан за 18 Септември. Граѓаните на Шкотска ќе имаат можност да се изјаснат со да или не за независност на Шкотска.
Иницијативата е покрената од група на политички партии,движења и лоби групи.

Темава е обилна од историска ретроспектива ќе се обидам да биде пократок освртот.

-Кралство Шкотска
Шкотска како независна земја го бележи периодот на раниот среден век.
Како независна земја, често била цел на Англиски инвазии кои настојувале на нејзино освојување.

-Унија на Шкотска, Англија и Ирска

"Првата унија на Круните" датира од 1607. Кога Џејмс 5 станува монарх на обединетите трите кралства.

Шкотска и Англија се обединуваат со спогодбата од 1707 година(Treaty of Union and subsequent Acts of Union) и го формираат Кралството на Велика Британија.
Подоцна со актот од 1800 година, се формира Обединетото кралство на Британија со Ирска.


-Прв Шкотски референдум за основање на посебен парламент. 1979

Овој референдум е почетната точка за идеата независна Шкотска во поновата историја.
Со откривање на изворите на нафта на северот на Шкотска и освојувањето на првото место во британскиот парламент од страна на Шкотските националисти во 1967 започна идеата за независност.
Со освојувањето на 11 места на наредните избори и подршка од 30% во Шкотска, Шкотската национална партија се повеќе зајакнуваше.

Се повеќе силната Шкотска националистичка партија започна да биде трн во окото на власта во Британија. Во 1974 година на нивно барање беше изработена студија околу идеата за независна Шкотска. Во студијата на проф.Gavin McCrone(a leading government economist) беше потврдено дека независна Шкотска со резервите на нафта би добила една од најсилните валути во Европа.
Извештајот отиде до таа крајност во кој беше заклучено дека на Шкотската Национална партија треба да се гледа како опасност и треба да се спречи нејзиното јакнење. Извештајот беше чуван во тајност и квалификуван како државна тајност се до 2005 година, кога Шкотската Национална Партија повикувајќо се на актот за слобода на информациите од 2001 го истакна пред јавноста.



Првиот шкотски референдум за заврши со неуспех. Имено референдумот да биде успешен требаше да биде исполнета квотата од 40% подршка од целосното гласачко тело.
Излезеност на референдумот беше 63% а од нив само 33% ја подржаа идеата за независен парламент.


-Втор Шкотски референдум од 1997

Подржувачите на Шкотската независност имаа различни погледи кон правците на отцепување од Кралстовото. Некои беа за тотална независност, другите за некоја поблага варијанта.
Во овој случај иницијативата за референдум беше покрената за независен Шкотски парламент.

Политичката криза доведе до победа на Лабуристите на изборите од 1997, кои за разлика од Конзервативците дадоа зелено светло за референдумот. Конзервативците предупредуваа дека референдумот е само чекор кон одвојување на Шкотска од кралстовото.

Референдумот беше одржан во Септември со излезеност од 75% од гласачкото тело од кои 44% се изјаснија позитивно со што референдумот беше успешен.

Парламентот на Обединетото Кралство го одобри Шкотскиот Акт од 1998 со што беше одобрен Шкотскиот паралемент чија делотвороност се засноваше претежно на домашната политика.


%D0%A8%D0%BA%D0%BE%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D0%91%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%9A%D0%B0.jpg


Шкотски референдум за независност, 2014.


Во манифестот од 2007, Шкотската национална партија се заложи за одржување на референдум за независност до 2010. Идеја на која се спротиставуваа шкотските лабуристи,шкотските конзервативци и шкотските либерал-демократи. Беше формирана комисија која ја разгледуваше опцијата за независност на Шкотска. Во 2009 Шкотскиот парламент предложи закон за референдум за независност на Шкотска. Законот се очекуваше да не пројде поради тоа што Шкотската Национална Партија не поседуваше мнозинство во Шкотскиот парламент.
Во 2010 година беше заклучено дека референдумот нема да се одржи пред закажаните избори во 2011 година.

После победата на изборите во 2011 година, Шкотската Национална Партија се здоби со мнозинството во Шкотскиот Парламент. Премиерот на Шкотска Alex Salmond изјави дека референдумот ќе се одржи во 2014/2015. Во 2012 година владата на Обединетото Кралство му предложи на Шкотскиот Парламент специфичен статус за одржување на референдум, кој би бил фер, легален и дефинитивен при одлуката за независност.Преговорите траеа до Октомври 2012 кога беше потпишан договор во Единбург.


-Легалитет.

Според договорот од 1911 година.
Парламентот на Обединетото Кралство го задржува суверинитетот на Обединетото Кралство како целина.
Сепак според истиот договор се истакнува дека


"the principle of the unlimited sovereignty of Parliament is a distinctively English principle which has no counterpart in Scottish Constitutional Law."


Односно дека принципот на неограничен суверинетет на Парламентот е специфично Англиски принцип кој нема поврзано со Шкотското уставно право.
Доктрината на народниот суверинитет од 1320 или така наречената Declaration of Arbroath е од огромно значење за Шкотска.

Според уставот на Обединетото Кралство не е предвидено било каква самостојност на земјите кои се под круната.
Шкотската Национална Партија сепак настојува дека позитивниот референдум ќе придонесе до огормен политички притисок кој нема да може да се игнорира, и тоа ќе создаде услови Шкотскиот парламент да преговара со парламетот на Обединетото Кралство за акт преку кој ќе се случи Шкотската сецесија и кој ќе придонесе за добивање на Шкотската независност.


Легимитет
Следниов цитат говори за него.

The United Nations Charter enshrines the right of peoples to self-determination, and the Universal Declaration of Human Rights also guarantees peoples' right to change nationality; the UK is a signatory to both documents. Politicians in both the Scottish and British parliaments have endorsed the right of the Scottish people to self-determination, including former UK Prime Ministers John Major and Margaret Thatcher.[62] The Claim of Right 1989 was signed by every then-serving Scottish Labour and Scottish Liberal Democrat MP, with the exception of Tam Dalyell. Johann Lamont stated in her December 2011 acceptance speech for the Scottish Labour leadership that "sovereignty lies with the people of Scotland".[63]


There is some contention as to who represents the people of Scotland in the matter of the constitution, especially in light of the Scottish Government's insistence that the SNP's majority in the Scottish Parliament provides a mandate for an independence referendum. This is because the electorate voted for their MP, not their MSP, to represent them on issues of the constitution. However, the Edinburgh Agreement between the Scottish Government and the UK Government agrees that the British Parliament will pass a Section 30 order to temporarily grant the Scottish Parliament the legal power to hold the referendum. Furthermore, the Agreement states that both governments will accept the outcome of the referendum and thereafter will "continue to work together constructively in the light of the outcome, whatever it is, in the best interests of the people of Scotland and of the rest of the United Kingdom"



%D1%88%D0%BA%D0%BE%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BE%D1%82%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5.jpg


Причини за референдумот.
-Демократија и правото на самоодредување. Шкотскиот народ ќе го има полното право за донесување политички одлуки кои се важни за шкотскиот народ.
-Намалување на нуклеарната опасност. Со здобивањето на контрола над секторот за одбрана и надворешната политика Шкотска може да побара отстранување на проектилите Trident.
-Шкотските извори за нафта. Ова е инаку ударен слоган на Шкотската Национална Партија.
Според нив Шкотска треба да ги ужува финасиските бенифиции од продавањето на природните ресурси кои се наоѓаат во Северното море(гас и нафта) Според Шкотската влада, дури 64% од резервите за нафта на ЕУ земјите се наоѓаат во Шкотска.
-Обновливата енергија. Со здобивањето на независност во Шкотска се очекува бран на реиндустрилиазација.
Имено шкотска поседува 25% од потенцијалната енергија од ветар во ЕУ. Истото се однесува на енергијата од ветерници.
-Културно разбудување.



Мислење на јавноста.
Постојат еден тон мерења на пулсот кај јавноста.
Ќе бидам краток и ќе ги оставам информациите за последните анкети.
За Против Неодлучени
Survation/Scottish Daily Mail 41%47% 12%
YouGov/The Sunday Times 47%45% 7%
Panelbase/Yes Scotland 44%48% 8%
TNS-BMRB 38%39%23%
YouGov/The Times/The Sun 42%48%10%
Survation/Scottish Daily Mail 41%47%

И последните две рангирања.

A poll by YouGov for the Sunday Times sent shockwaves through the political establishment north and south of the border as it showed the yes camp had 51% to 49% for no, excluding the don't knows.

A new opinion poll on Scottish independence has found the no vote back in the lead at 53% of voters, suggesting the sudden surge in backing for independence has subsided.










Толку од кратката ретроспектива. Имам испуштено доста информации па секој е добродојден да ме надополни и да се вклучи во дискусијата.

Доста интересна тема која се вртеше последниве години.
Последниве денови се чуствува немир и неизвесност на политичката сцена во Британија.
Притисокот за неуспех на референдумот е се поголем.
Дојдоа предупредувања од целиот економски сектор. Владата на Британија прави се што може за да ја задржи Шкотска. НАТО се изјасни дека доколку Шкотска стане независна ќе треба да започнува кон сојузот од нула. Истиот став го има и ЕУ.


Па повелете на конструктивна дискусија.

Ќе вметнам и анкета повеќе во вид на прогноза дали Шкотска ќе се здобие со независност или не.
 
Последно уредено:
Не верувам дека ќе остварат целосна независност дури и со успешен референдум. А мое мислење е и дека би бил контрапродуктивен по нив, Англија ќе направи се за да ги саботира на секое поле и еконосмки ќе страдаат и двете држави. Со евентуален успешен референдум би добиле целосна контрола во внатрешните работи и економијата, заедничка со Англија би им останала надворешната политика и одбраната и тоа е сосем доволно.

А што сакаат шкотите да бидат ако се независни- кралство или република?
 
Европа никогаш нема да дозволи Шкотите да прогласат независност дури тоа и да се случи на референдумот сигурен сум дека истиот ќе се повтори. Веќе подолго време оди и наметната пропаганда против отцепување. Слична пропагада имаше и бо Хрватска каде што дури вторио пат со ептен мало мнозинство им успеа да го избуткат на мускули референдумот за влез во ЕУ. Јас сум убеден дека Шкотска после првичните непријатности кои ќе ги има поради блокирањето од Англија и ЕУ дека по некое време ќе се стабилизират, а со оглед на резервите на нафта имат големи изгледи да станат „Норвепка„ на британскиот остров.
 
Не верувам дека ќе остварат целосна независност дури и со успешен референдум. А мое мислење е и дека би бил контрапродуктивен по нив, Англија ќе направи се за да ги саботира на секое поле и еконосмки ќе страдаат и двете држави. Со евентуален успешен референдум би добиле целосна контрола во внатрешните работи и економијата, заедничка со Англија би им останала надворешната политика и одбраната и тоа е сосем доволно.

А што сакаат шкотите да бидат ако се независни- кралство или република?

Република.

На прашањето дали сакаат да остане кралицата на чело на земјата се имаат изјаснето со да. Исто како што кралицата е на чело во Канада, Австралија и тн. Чакшто кралицата претежно има симболична функција, има и право на вето но многу ретко го користи, заборавив која беше датата кога последен пат го искористила.
 
За Шкотска би било економско самоубиство ако решат да прогласат независност.

Според анкетите во последно време, луѓето некако како да не се едногласни.

91WSdcB.png


Црвена за НЕ, сина за ДА. На мапата е целото Обединето Кралство па ете...
 
Јас мислам дека Шкотите ќе изгласаат независност, но колку тоа ќе биде независност во вистинска смисла е дискутабилно. Англија нема така лесно да се помири да изгуби огромна територија од Кралството кој е под нивна капа веќе 400-500 години. Ќе бараат после начини за да ја уништат Шкотска на секое можно ниво. Ќе има блокади и уцени насекаде, исто како нашиот случај со Грција. Така барам јас мислам.[DOUBLEPOST=1410394057][/DOUBLEPOST]
Република.

На прашањето дали сакаат да остане кралицата на чело на земјата се имаат изјаснето со да. Исто како што кралицата е на чело во Канада, Австралија и тн. Чакшто кралицата претежно има симболична функција, има и право на вето но многу ретко го користи, заборавив која беше датата кога последен пат го искористила.

Според ова последен пат било во 1999 година. Ама не сум сигурен. Некои извори велат дека Елизабета Втора никогаш не ставила вето.
 
Последно уредено:
Нека се отцепат,да види западот како е да се распадне една држава како што го уништија СССР,СФРЈ..
 
Приказнава е како Југославија, само што наместо Шкотска како аналогија можеме да ја земеме Словенија.
 
Тешко на англичаниве сега (не дека ги жалам ) со кебапи што прогласуваат слободна шарија зона имаат проблеми,со емигранти од источна европа, со заговориве околу кралсково семејство (последно чув дека Чарлс и бабата нејкеле да му го дадат богатството од Дајана на Хари ) и сега со шкотиве ....Али ако им е .
Се надевам дека Шкотска нема да се залета ко слепец за стап за влез у ЕУ и НАТО.
Инаку почна да пага доминото од Југославија,Чехословачка,СССР,Црна Гора,Косово,Крим,Новорусија,сега Шкотска, кај и да е Каталонија ,а во иднина можеби и Валонија од Белгија,Војводина,Корзика,Северна Лига од Италија.......:vozbud:
 
Англија нуди поголема автономија на Шкотска во најновата вест . Голем знак дека очајни се Англичаниве ,ако се одлучи Шкотска да се оддели од В.Б . Јас сум ДА за независност на Шкотска . Имаат Собрание,имаат репрезентации во спортовите ,скоро делуваат како посебна нација , ова е само официјализирање на независноста .


Исечоци од втората дебата ,поинтересна е од првата :D
 
Би сакал да се одвои.Овие британциве се прави sверови.Слично како турците држат нации под заложништво.
Инаку сега првпат дознав дека Шкотска имала толку богати извори на нафта.

По ова не ми се верува дека британциве ќе дозволат,да им отиде така нафтата.

Како што спомнав.Ако ова не е некоја игра,баш ќе ми биде мило да се одвои шкотска
 
Јас сакам да се одвои онака за да бидеме сведоци на историски настан и да гледаме сеир. Инаку неважно е дали на Шкотите ќе им биде подобро вака или така, ним секако им е добро. Иако сега се форсираат муабети за нафта и пари, мотивот е повеќе власт за себе а картата е национализам и старата добра омраза.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom