Филтри за вода

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Во последно време се повеќе и повеќе осеќам дека водава ми смрди нешто чудно. Порано знам дека во ЃП заради близината на Рашче имавме доста квалитетна вода. Али последниве години не знам што се случи. Дали акаат премногу хлор, не знам.. Ама знам дека ако ја оставиш чашата со вода подоцна водата мириса ептен чудно.
Па затоа барам вака нешто филтер за вода, дали тоа ќе биде бокал или некаков друг дел што се монтира на чешмата од вас зависи. На времето имавме Брита Бокал со филтер и бев многу задоволен, така да ако не најдам решение ќе си идам по стариот веќе проверен метод. :)
 
Мирисот не потекнува од механичко туку од биолошко загадување (бактерии). Во твојот случај или во водата има бактерии, кои изложени на повисока температура имаат подобри услови за размножување, или пак бактериите доаѓаат во контакт со водата откатко ќе ја наполниш. Е сега колку може филтер да помогне е друго прашање.
 
Цевките сменети се, чешмите сменети. Не сум единствен кои што се жали општо и во населбава.
 
И јас имам забележано дека вода од чешма останува свежа многу помалку отколку флаширана вода или планинска вода. Вода од чешма во чаша останува свежа 15-20 минути ако е потопла и околу 1 час ако е многу ладна. Флаширана вода и после 2-3 дена ( отворена ) може да остане свежа, а скоро исто и планинската.
Е сега ако сакаш да имаш свежа вода од чешма повеќе време складирај ја во фрижидер и чувај ја во стаклено шише кое редовно ќе го проплакнуваш.
 
Замирисува. Пробано се. :LOL: Ќе си земам Брита Бокал, решен проблем. на Швабите колку-толку им верувам. :)
 
Ние дома веке не пиеме вода од чешма.Точно е тоа дека некако мириса и плус многу хлор има.На вестите викаат за жолтицава што испитуваа,дека водата е чиста.Сепак не се знае колку е чиста водата и дали е заразена.
 
Бактериолошки е добра, но колку метали има во нејзе тоа е друго...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom