Кога во животот се бориш место 24/7 жалење и бистрење политика

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Ваквите деца полека ќе гнијат, а некои торчиња и пуфли без 3 чисти во главата ќе завршуваат факултети со пари оставени од нивните дедовци и пак ќе бидат ,,поучени'' од некој што навистина го бидува и му фаќа црпката.
 
Ова дете еден ден ќе постигне толку голем успех што ќе стане дел од некој познат тим на вредни луѓе во светот. Таму ќе го примат со задоволство и ќе ги наградуваат и ценат неговите трудови три пати повеќе од него овде. Ќе го ценат како персона и ќе се обидат со сите сили да го задржат за цел живот него и неговото знаење.

Кога ќе се случи тоа, потоа надлежните во нашава држава ќе се фалат дека бил „Македонец“, а воедно и ќе се фалат како детето и покрај тешкиот живот успеало да стигне до странство затоа што било генијален ум кој доаѓа каде ако не, туку од „Република Македонија“ се разбира...

Воедно, додека да се случи тоа, Урко ќе стане доктор на науки, Латас ќе зима 10.000 евра плата, а нашите пријатели „политичари“ ќе се бањаат со еврата на Скијатос зошто народот „има што да јаде“.

СРАМОТА И ГРЕОТА! ПУ!
 
Добро, зошто сите мислите дека луѓево што вредно работат за својата цел би ја примиле вашата милостиња и сожалување?
Ако сакате да им помогнете најубаво е да се ургира како народ за да се вработи мајката и таткото на детево на некое добро место.
И не се само они, ехе да знаете уште колку луѓе страдаат.
 
Добро, зошто сите мислите дека луѓево што вредно работат за својата цел би ја примиле вашата милостиња и сожалување?
Ако сакате да им помогнете најубаво е да се ургира како народ за да се вработи мајката и таткото на детево на некое добро место.
И не се само они, ехе да знаете уште колку луѓе страдаат.

Милостината не ни сакаме да ја примат, туку поддршката. Некогаш е доволно да знаеш дека не си сам и дека ако ништо друго, луѓето околу тебе те поддржуваат.
Убаво е вакви вести што излегуваат за да се види во која беда живее македонското население. Некој со срце ќе го прочита ова ако ништо друго и ќе помогне. Тоа е добрата страна на објавената вест.

Што се однесува до вработувањето за родителите, тука треба државата да превземе мерки, затоа што за да се вработиш кај нас, или ќе влезеш со врски од пријатели, или ќе бидеш со книшка вмровска и ќе те вработат од партија. Кај нас може да успее човек со 8мо одделение, а човек со врвно знаење ќе нема пари леб да си купи.
Млад партиски неопределен човек на работа не примаат, а камо ли пак човек кој е во средните години од животот или пак е постар и истрошен...
Тие ги баталуваат на милост и немилост и не ги примаат никаде...
Па и кога ќе речат „работа има, а на младите не им се работи“ :facepalm:
Има да. Како на АВРМ што прават...
Прво си ги примаат луѓето, па тек тогаш го објавуваат огласот за работно место.
Па ти будали се, праќај сиви и чекај да ти се јават со години...

Јас искрено се надевам дека на детево ќе му се овозможи шанса да отиде во странство што е можно побрзо, за да не порасне во оваа мизерија со тој голем ум што го има.
 
Токму за тоа ја отворив темата. И ако ме читаш и на други теми ќе знаеш дека сум повеќе за продуктивнот и конкретни идеи и дискусии отколку „владата е крива„ муабет кој веќе го знам на памет а мислам дека и сите горе доле го научивме. Дел од постовите се во тој стил но намерно не ги коментирав и почекав да видам во кој правец ќе се движи темата.
Инаку досега никој не го спомна ниту пофали црвениот крст во Битола кој ете му обезбедил на детето барем основни услови и со тоа многу му помогнал.
Исто така за спомнување се и професорите кои воопшто му дозволиле на детето да се натпреварува. Од досегашната пракса знаеме дека на вакви натпреварувања не се одеше за натпреварување и не се праќаа оние кои имат знаење туку оние кои имат татко, вујко, чичко со соодветен општествен рејтинг, најчесто набрзина збогатен транзициски директор. Ова исто така ми дава за право да се надевам дека работите во некој образовни установи се промениле на добро..
Никако не е власта крива.
Сите тие огромни средства кои Македонците катадневно ги уплаќаат преку драконски казни, измислени задолжителни услуги кои никој не ги бара, даноци и ред други начини на кои ги цедат парите од обичниот Македонец, сето тоа најпрвин треба нивни џебови да напуни, а не за ваков некој небитен случај.
Најпрво виновни се родителите, они коа виделе дека на детето му требаат пари, требале да си изберат еден од начините на кои обичен човек може да дојде до пари, а кои се на располагање во РМ:
- да извадат книшка и да донесат десет гласови плус два на неопределини
- да станат Вехабии
- да опљачкаат пумпа
- да опљачкаат Зегин
- да опљачкаат баба

Вака со шишиња, верувам ќе се сложиш, нема многу да соберат, пошто најосновните административни трошоци нема да успеат со тоа да ги покријат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom