Кога во животот се бориш место 24/7 жалење и бистрење политика

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е ДОСТОИНСТВО и МОРАЛ

следен пат кога ќе се жалите како професорот ви го одзел мобилниот на час, како смартфонот ви е спор, како не сте можеле да отидете на одмор па сте морале да поминете само 5 дена во Грција, како животот ви е тежок затоа што немало 30 минути фејсбук, како сте разочарани бидејќи имате само 800 денари во сабота навечер, како сте морале да пешачите 200м до дома бидејќи немало такси, како ви е тешко да напишете есеј па ја замарате цела Кајгана итн итн итн.....сетете се на дечково и неговото семејство

За разлика од кукавиците кои за секое потчукнување од животот плачат и цел свет им е крив и се постојано ненаситни, има семејства кои едвај врзуваат крај со крај, кои достоинствено ги трпат сите удари од животот, и после секое паѓање во калта се исправаат и продолжуваат напред чекајќи го следниот удар....не барајќи сожалување од другите
 
Ah be.. srce mi se krshi koga kje prochitam neshto vakvo. Dechkoto kje uspee vo zhivotot samo treba da se drzhi do svoeto i Gospod kje bide so nego.
Toj e uspeshen i momentalno, no iskreno se nadevam deka kje uspee eden den i kje se obezbedi matrijalno povekje od dovolno i da im obezbedi na roditelite miren zhivot i takov kakov shto zasluzhuvaat a ne da sobiraat po kanti... Edno golemo BRAVO I SO TEBE SME! Pobedi gi sranjata vo zhivotot i sledi gi svoite sonishta i darba.
 
Дајте да собереме некој денар за детето, @blue ladybug кажи начин како да се организираме за донирање.
За тоа и прашав дали некој го познава лично семејствово. :)
Да ги контактираме прво, па ваљда може да се направи донација на нивна сметка.
 
Дајте да собереме некој денар за детето, @blue ladybug кажи начин како да се организираме за донирање.


За вакви работи е убаво да се донира индивидуално. Но уште поубаво е ако тоа се прави организирано. Многу одамна размислувам за таков проект кој исклучиво би се ориентиран на подршка за школување но за жал досега поради некој ограничувања не сум во можност до отпочнување на проектот. Според мене образованието е најголемата инвестиција. Затоа и се обидувам кога помагам колку што можам или тоа да биде за некој здравствен проблем или за образование. На моите дома се обидувам да им влијаам да не дават пари на мрзливи просјаци кои од што не им се работи просат и ги учат децата да просат. Туку токму за вакви случаеви. По конкретниот случај моја препрака е да се обидеме да најдеме каков таков контакт и да се дојде до луѓето, да им се помогне да отворат жиро сметка и барем колку толку да се помогне. Но пак ќе кажам тоа не е решение.
 
Може не е трајно решение, но барем можеме да му помогнеме партиципацијата и трошоците за студирање да си ги покрие. Барем дел од нив.
 
"За жал" темава доби поинаков тек од намерата на постувачот :(

Токму за тоа ја отворив темата. И ако ме читаш и на други теми ќе знаеш дека сум повеќе за продуктивнот и конкретни идеи и дискусии отколку „владата е крива„ муабет кој веќе го знам на памет а мислам дека и сите горе доле го научивме. Дел од постовите се во тој стил но намерно не ги коментирав и почекав да видам во кој правец ќе се движи темата.
Инаку досега никој не го спомна ниту пофали црвениот крст во Битола кој ете му обезбедил на детето барем основни услови и со тоа многу му помогнал.
Исто така за спомнување се и професорите кои воопшто му дозволиле на детето да се натпреварува. Од досегашната пракса знаеме дека на вакви натпреварувања не се одеше за натпреварување и не се праќаа оние кои имат знаење туку оние кои имат татко, вујко, чичко со соодветен општествен рејтинг, најчесто набрзина збогатен транзициски директор. Ова исто така ми дава за право да се надевам дека работите во некој образовни установи се промениле на добро.[DOUBLEPOST=1409943030][/DOUBLEPOST]
Може не е трајно решение, но барем можеме да му помогнеме партиципацијата и трошоците за студирање да си ги покрие. Барем дел од нив.

Да ама праќање на жиро сметка не е решение затоа што трошок за студирање не е еднократно праќање или собирање на одредена сума на пари. За студирање е потребен стабилен и константен извор на средства а со жиро сметка никој не може да му гарантира на детето дека во наредните 4 години ќе му легнуваат 300 евра на сметка.
Значи идеата ви е многу благородна и еве би земал учество колку можам. Но тие пари можат да бидат смо мотивација. Јас мислам дека многу повеќе може да се помогне на детето ако некој го подржи и аплицира за државна стипендија или нешто слично.
 
Право на државна стипендија мислам оти може да добие тек во втора година, ако има добри оценки. За првата може колку толку да го поткрепиме.
 
Колега на факултет од оваа академска година ете гледате детето ја сака астрономијата а на ФИКТ се запишал бидејќи неговите немале можност
 
Право на државна стипендија мислам оти може да добие тек во втора година, ако има добри оценки. За првата може колку толку да го поткрепиме.
Тамам со помошта да изгура до втора
 
Но тие пари можат да бидат смо мотивација. Јас мислам дека многу повеќе може да се помогне на детето ако некој го подржи и аплицира за државна стипендија или нешто слично.

Прва година на факултет е можеби најтешката година во животот од финансиски аспект гледано. Од втора натаму може да фати стипендија или да почне да подработнува на страна. Ако треба да му се помогне тоа е сега, да не дозволиме да чека од разноразни бизнисмени и политичари што ќе го маткаат од врата на врата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom