Кога во животот се бориш место 24/7 жалење и бистрење политика

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ТОМЕ КИРИЈАЗИ ОД БИТОЛА СТИГНА ДО СВЕТСКИ НАТПРЕВАР ПО АСТРОНОМИЈА А НЕГОВИТЕ СОБИРААТ ШИШИЊА ДА ПРЕЖИВЕАТ

02.09.2014, 23:47:00

55345_490CF25AE4CF4C4A8EB32D0DCFC64649.jpg
Неговото семејство по транзицијата се соочи со финансиска криза. Преживуваат со една плата и од собирање шишиња. Но, слабата материјална состојба не го спречи Томе Kиријази (18) да напредува во учењето. Од прво одделение основно училиште до четврта година средно не добил помала оценка од петка. Годинава матурира како првенец на генерацијата во техничкото училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола.

.
Во средината е познат како многу талентиран математичар и физичар со солидни познавања по астрономија. Покрај честите присуства на регионални и државни натпревари по математика, каде што освојувал и награди, летово ново искуство за него беше учеството на Светскиот натпревар по астрономија и астрофизика во Сучава, Романија. Неговата сторија ја пренесувa Дневник.

- До 11 август бев дел од огромен тим со двесте млади таленти по астрономија од 32 држави од светот. Местото си го обезбедив бидејќи бев меѓу првите пет победници на натпреварот по астрономија во Македонија. Во Романија имавме тест со решавање задачи, теоретски дел, практичен дел како обработка на податоци од астрономија, набљудување со телескоп и дел од планетариум – вели младиот и талентиран Kиријази. Природните науки ги носи во малото прсте. Вели дека никогаш дома не бубал за да научи, туку она што ќе го слушнел на школо го запаметувал. Доволни му се неколку секунди да ги разгледа податоците запишани на лист хартија, а потоа без грешка да ги интерпретира. Љубовта кон астрономијата се појавила кога тргнал во средно училиште и кога професорката по физика го вклучила во натпреварите. За жал, во Романија не се пласирал меѓу победниците поради големата конкуренција. - За натпреварот сами се подготвуваме дома од интернет и од книги што ни ги даде професорката. Во Битола нема многу услови за да напредуваш во астрономијата, немаме опрема, телескопи. Во Романија имавме можност да се запознаеме со напредна опрема и да научиме повеќе од другите учесници – додава Kиријази. Сметувањето во Романија му било платено, но патувањето и престојот на младиот Томче таму го помогнала општинската организација на Црвениот крст од Битола.

- Црвениот крст ни помага, го облече за матурата и му дадоа пари за Романија, 250 евра. Му останаа 50 евра и следниот ден ги вративме. Благодарение на Црвениот крст имаме интернет и лаптоп дома. Инаку, имаме три деца, јас сум домаќинка, мажот ми работеше во фабрика, но таа отиде во стечај. Едно време земавме социјална помош, но ни ја укинаа. Сега моментално собираме шишиња и големата ќерка работи – раскажува мајката Зорка Kиријази.

Таа се жртвувала за да ги прехрани и школува децата. - Предвреме ќе ги прашав што им треба за училиште зашто финансиски сме слаби, да не им недостига тетратка или некој прибор, па да се чувствуваат инфериорно. Ако требаше јас немаше да јадам дента, за нив да има храна за на училиште.

Од книжарницата, ако требаше, ќе позајмев прибор – додава пожртвуваната мајка. Нејзиниот труд се исплати зашто синот од средношколските води исплива со диплома за најдобар ученик, а за еден месец ќе биде бруцош на новиот Факултет за информатички и компјутерски технологии во Битола.
http://www.mactel.com.au/newsite/?page=news&news=55345&lang=mk
 
Навистина жално. Детево иако е капацитет тоа неможе да го поткрене нешто повисоко, бар во денешницава, бидејќи на негова висина во образованието веќе се и неговите соученици кои со врски се обидуваат да се рамнат со него. Но што ќе биде......, он ќе продолжи да зема помош од Црвен Крст иако е 5,00 и иако има знаење и капацитет, а оние со врски ќе бидат ставени на високи функции каде ќе немаат знаење, а ќе вадат доста пари.

Единствен спас на детево му е по завршување на средно да се вработи, па да си плаќа за факултет или пак да помага дома со заработените пари колку.

Иако тоа не е вистинското решение, тоа е............, во денешницава не верувам дека ќе се јави некој кој ќе сака да му помогне, гледајќи дека детево има знаење и може да помогне во некој проект, фирма, работа....:)
 
Нема поголем срам од ова, во каква беда каков мозок живее. Од срце му посакувам да го собере некој од странскиве универзитети под своја капа и да го плукне државјанството.[DOUBLEPOST=1409867866][/DOUBLEPOST]Ауу сега го видов насловов на темава, аман бе џони :icon_lol:
 
Јас му се восхитувам на него но уште повеќе на неговите родители кои со последни сили се борат да им овозможат на децата образование. Им посакувам се од срце најдобро и се надевам дека во иднина детето ќе добие стипендиа за понатамошно школување. За вакви случаеви треба да има посебни фондови. Но и да ги има најчесто родителите на вакви деца незнаат како и каде да се аплицира и тука доаѓаме наставниците и директорите кои треба да им помагаат на ваквите деца барем во аплицирањето за финансиски средства за стипендирање на вакви таленти.
 
Секоја чест за дечкото, пофално и се поголеми успеси нека има во животот и понатаму. БРАВО!!!

На периферијата е доста тешко, за да се пробие човек треба да си стварно капацитет.
 
Црвениот крст ни помага, го облече за матурата и му дадоа пари за Романија, 250 евра. Му останаа 50 евра и следниот ден ги вративме. Благодарение на Црвениот крст имаме интернет и лаптоп дома. Инаку, имаме три деца, јас сум домаќинка, мажот ми работеше во фабрика, но таа отиде во стечај. Едно време земавме социјална помош, но ни ја укинаа. Сега моментално собираме шишиња и големата ќерка работи – раскажува мајката Зорка Kиријази"

Ауууу се мрднав од нервоза!!!!!!!!!! :(:mad:

СВЕ ДА ВИ ЕБАМ!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Ауууу се мрднав од нервоза!!!!!!!!!! :(:mad:

СВЕ ДА ВИ ЕБАМ!!!!!!!!!!!!!!!!


Чесни луѓе!

Жалосно, државава ни тоне во куп глупи политички и капиталистички г****, интересот се сведува само на политиката на Грујо, Петко, Рајко...! Остваруваме споменици, реновираме, еден шалтер за секоја работа, палми садиме на Охридско... ех. држава прајме. А детево капацитет, за греота ќе затупи заради тоа што никој од нашава држава не сака да го развива неговиот потенцијал! Ама Господ гледа, се надевам дека ќе смогне сили финансиски и ќе ја кидне надвор!Ако не пак, капацитет е, ќе ни го земе друга држава, што знае да цени.
 
Кај нас се инвестира у споменици и барок, а не у деца на кои стварно им треба помош и кои во иднина може со гордост да ја претставуваат Македонија на светот. Ако добро мислам немаме ние астронаути да ги ринеме со лопата, така да не би било лошо детево да добие некаква финансиска помош, особено после оваа вест што излезе јавно и што сите ја прочитаа.
Свашта еј, неам коментар. :notworthy:
 
ние со секој ден се повеќе и повече тонеме,ова е страшно.преска на вестите имаше и прилог,срање држава сме

http://24vesti.mk/roditelite-sobiraat-plastichni-shishinja-za-shkoluvanje-na-svoeto-dete[DOUBLEPOST=1409873357][/DOUBLEPOST]
Секоја чест за детево и родителите. Тука е крива нашата мила најмила влада, место да помогне на ваквии деца ставаат по некој коњ на плоштад.

море тај коњ на сите во владата да им го бапне
 
Битно вчера на ТВ кажаа дека македонските деца биле најсреќни во светот, ма немој !

И после како да не плукаш се живо и диво во државава, кога вакви деца ги оставаат на цедило ? Ебати пропалитетот, ебати ! :sick:
 
Да се надеваме дека некој од нашиве бизнисмени ќе пушти срце и ќе му додели на детево некоја стипендија или нешто слично...тие пари за еден бизнисмен би биле само капка во морето, а за дечково ќе значат многу.
 
Да се надеваме дека некој од нашиве бизнисмени ќе пушти срце и ќе му додели на детево некоја стипендија или нешто слично...тие пари за еден бизнисмен би биле само капка во морето, а за дечково ќе значат многу.
:) Бизнисмен да пушти срце. Знаеш како стануваат бизнисмените бизнисмени? Договарааат тендери и со тоа крадат од моите и твоите пари, а така и од париве на детево. И сакаш сега да пуштат срце и да му ги вратат назад ....
 
Ко ќе ми се свртат во глата сите шалабајзери кои земаат социјална помош зборувам за тие што јас ги познавам а ова семејство не зема не знам немам коментар
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom