H
Hip.Hop_MKD
Гостин
@Let 3 да не те цитирам цел, да имам слушано разни работи. Исто така кои сака нека погледне и филмов:
Производство: Вардар филм - Скопје; Филмско Студио - Логос; Телевизја Полска
Земја на потекло: Република Македонија, Полска
Жанр: социјален
Род: Игран филм
Година: 1997
Содржина: Уште при самиот почеток на филмот, авторите укажуваат на фактот дека тој е инспириран од вистински настан, а времето на збиднувањето опфаќа период од неколку децении. Местото на збиднувањето, со исклучок на почетокот и на крајот на филмот, е Албанија во времето кога беше „голем бункер, затвор во кој никој не можеше да влезе, ниту да избега, години на лудило кога секој секому му беше непријател". Охрид во годините по војната. Младиот Константин Бочваров ја сретнува Елена Златарева, Македонка која живее во Корча, Албанија. Се случува силна љубов во годината 1948, година позната по трагичните последици во индивидуалните судбини на многумина во тогашна Југославија, како и во соседните земји чиј избор беше социјализмот - според режимот на Сталин во Советскиот Сојуз. Границата со соседна Албанија е затворена. Комуникацијата меѓу младите вљубени е оневозможена. Константин мечтае по Елена која е преку езерото и се решава за неизвесна авантура, за пат преку езерото во кајче - за да стигне до неа. Тргнува на пат од кој нема да се врати следните четири децении. Во невремето што го зафаќа ги губи веслата, ја губи просторната ориентација и и се препушта на судбината. Го пронаоѓа еден стар Албанец на албанскиот брег на езерото. Во Албанија, земјата на бункерите, неговата приказна се чини неверојатна. Го третираат како шпион, применуваат физичка тортура врз него, казнет е со затворање во логор каде што има многу други несреќници како него. По излегувањето од логорот ја пронаоѓа Елена и нивниот заеднички живот најпосле започнува. Константин добива работа во Тирана, таму им се раѓа ќерката, но животот под постојан стрес и беда се рефлектира и во односите меѓу сопружниците. Константин мечтае да се врати во татковината. Но наместо враќање во Охрид, тој повторно е затворен во логор. Минуваат години на агонија, Елена ретко добива можност да го посети во логорот. Најпосле, по многу години, остарен и измачен, се враќа кај Елена во Корча. Ќерката Донка е веќе девојка. Животот продолжува без многу зборови, но со голема мечта по својата земја. Најпосле, доаѓа и времето на враќањето. Елена, Константин и нивната ќерка се во Охрид, градот на Константин, градот каде што започна нивната љубов.
Режија: Митриќески Антонио
Сценарио: Митриќески Антонио, Георгиевски Ташко
Главна улога: Вагнер Агњешка, Ахмети Екрем, Бреслиски Љупчо, Ристановски Никола
Продуцент: Тозија Горјан, Нола Игор
Музика: Замфир Ѓорѓе, Константинов Љупчо
музиката ја изведува -- Македонскиот народен гудачки оркестар; Симфонискиот оркестар од Лоѓ
диригент -- Ждислав Штак
Кој го интересира повеќе може да бара историски филмчиња на
https://www.youtube.com/user/britishpathe/featured