Новиот Nexus 6 [2014]

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
ама скапичок ќе биде шлагот, 400+ долари во америка= 400+ евра во европа= 500 евра кај нас, што ќе го направи малку поефтин од другите премиум телефони
 
Ова е новиот Nexus телефон :)

nexus2cee_n6lf_thumb3.png


Скоро сигурни информации....5.9 и предни стерео звучници, 13MP камера со OIS, S805, 3GB рам итн. Монструм, штета што е толку голем :(
 
Незнам како ве 'влечат' олкави телефони, да спецификациите се лудило и се тоа... ама цигла човече, баш пред некој ден ја забележав типкава со ноут 3ka, телефонот да се виткаше слободно може како шал да си го користи...
 
Јебига и јас не сум премногу задоволен од 5.9, и се надевам дека ќе има помала верзија. Ако нема, тоа е тоа, ќе размислам добро дали ќе го купам, но најверојатно ќе го :)
 
5.9 инчен? Е па да ми го онадете. Не вие, добри луѓе сте, оние од гугле.
 
Јас од Нексус телефон не откажувам, па макар ако сака и 10 инча нека е. Друг телефон со толку голем екран неможам да смислам, ама за Нексусче срцето ми плаче. Ако бидам во можност секако дека ќе го земам. Го скокнав 5ката бидејќи не вредеше, ама овој ѕвер богами треба да се има.
 
Овој веќе влегува во категоријата "фаблет", и треба да заборавиме на практично кога бараме нова технологија,и големи дисплеи.

Се надевам дека во наредните години ќе излезе некоја добра идеја со која овие големи телефони ќе станат практични.
 
Користам Nexus 5 и да ви кажам искрено се исплати за парите... Добри карактеристики за не многу пари... Читав нешто и мислев дека ќе ја укинат серијата nexus и дека ќе направат silver phone, па пред некое време пак читам дека ќе излегува nexus 6. Искрено кој и да излезе ќе го зеам нормално ако останат доследни со пониската цена.. Исто смачено ми е од пластика телефон и едвај чекам алуминиумски телефон од google серијата...
 
Незнам како ве 'влечат' олкави телефони, да спецификациите се лудило и се тоа... ама цигла човече, баш пред некој ден ја забележав типкава со ноут 3ka, телефонот да се виткаше слободно може како шал да си го користи...
Не е iphone да се витка...

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
Премногу се 5.9", ми треба телефон, не таблет. Max. што би користел е 5.5".
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom