Skylake
proseCUTE
- Член од
- 7 јули 2016
- Мислења
- 1.078
- Поени од реакции
- 1.712
- Возраст
- 34
Немора измени во закон за ова, се решава многу лесно со измени во Уредба како и до сега 10 пати што имаше измени за 1 година. Ние се разбираме на интервју тоа е точно ама пак таму оценуваат и за владеење на бугарски јазик без разлика што тоа што го зборуваш се смета за западнобугарска дијалектна форма. И да знаеш дека ќе го направат порано или покасно, не зборуваат напразно за ова веќе подолго време.
Чекај малце, досега не оценуваа за ова? Јас кога бев на интервју ми поставија еден куп прашања на кои што одговарав како и сите други, и од тоа тие неможат да заклучат колку добро го владее еден кандидат јазикот? Службеникот што ми го правеше интервјуто забележуваше нешто од другата страна на шалтерот и предпоставувам дека меѓу другото веројатно пиша таму и околу тоа колку добро го владеам јазикот. На крајот ми даде еден лист да се потпишам.
Е сега, ти ако зборуваш за воведување на тестови каде што ќе има познавање на бугарска литература, граматика, фонетика и пишување писмени тоа е веќе друга работа.
А кога веќе зборуваме за јазикот, јас многу полесно се разбрав таму со службениците, одошто тука со еден просечен кумановец.