Вселенска револуција

  • Креатор на темата Креатор на темата nikola.b
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
НАСА штотуку објави резултати од експеримент кој навидум ги крши законите на физиката.

Накратко, тестирале таканаречен QVP (quantum vacuum plasma) мотор кој создава движење без користење на погон. Во пракса тоа би значело дека започнува целосна револуција во вселенските патувања. До Марс за една недела, до Алфа Кентаур за 30 години :)

http://www.wired.co.uk/news/archive/2014-07/31/nasa-validates-impossible-space-drive
 
Нема ништо официјално на nasa.gov.. Сепак мислам дека за ваквка технологија е уште рано. Сега на ред се плазма моторите да се усовршат, па после 30-40 год. (ако постојат) може ќе дочекаме да ги видиме QVP. :)
 
Нашите одма плин ќе му уградат тро побавен ќе биди (за 10 дена до марс), али економичен.
 
Нема ништо официјално на nasa.gov.. Сепак мислам дека за ваквка технологија е уште рано. Сега на ред се плазма моторите да се усовршат, па после 30-40 год. (ако постојат) може ќе дочекаме да ги видиме QVP. :)

Апстракт од труд за експериментот е достапен на сајтот на НАСА.
http://ntrs.nasa.gov/search.jsp?R=20140006052

Основата на експериментот е базирана врз:
http://arc.aiaa.org/doi/abs/10.2514/6.2014-3853
 
Експериментите биле направени лани а темава немаше никаква актуелност по медиумите.

http://www.space.com/22430-star-trek-warp-drive-quantum-thrusters.html
Еве уште еден линк.
Според видеото, со ваквиот погон вселенскиот брод ќе “стои“ во место а сепак може да се движи со 10х поголема брзина од светлината (поради тоа што го закривува просторот околу себе).
Малку сум скептик дали сето ова е возможно да се изведе, ама пак чим од НАСА потврдуваат... што знам.. може во скоро време и ќе се направи.
 
Ворп погон е сеуште непредвидливо далечна иднина.
А quantum vacuum thrusters кај и да е ќе бидат дур сме живи :)
 
Незнам зошто, ама не верувам дека ќе има некое добро од ова:cautious:
 
Мискам дека нема ништо конкретно. Само го покажуваат правецот во кој би можел да се развива науката
Денешниве млазни, ракетни и слични мотори, се базираат на Третиот Њутнов закон.
Еве на кратко
- Ракетата се движи напред, а горивото назад
Овде сме ограничени со масата на горивото, кое ракетата го носи со себе. За да носиме помала маса, треба горивото да има што поголема брзина.
И тоа е тоа...
Меѓутоа треба да се пронајде некој сосема друг принцип на движење.
Вие знаете дека во природата постојат четири сили.
Една од можностите е користење на електромагнетната сила
Ако во некој простор ( вселената ) постои магнетно поле, а
ако околу ракетата се создаде сопствено електромагнетно поле може на ракетата да дејствува електромагнетна сила ( електромагнетната сила по својата природа е механичка сила ) и ракетата ќе се движи
И јас мислам дека ќе се најде нов начин движење и мислам дека овие експериментри се во оваа насока
 
Последно уредено:
Единствено нешто што може на човештвото да му помогне да патува помеѓу ѕвездите е т.н. ворп драјв, кој има способност да манипулира со просторот. Иако е најпопуларен во научно-фантастичните филмови, концептот има своја научна теоретска поткрепа.

Ниту еден друг систем (погон, како сакате) не би не однел на патување меѓу ѕвездите од проста причина што постои граница во брзината која може да ја достигнеме.
 
Колку што ги имам гледано СФ филмовите и сериите има неколку начини. Првиот е ворп брзина, другиот е подвселена, третиот е звездена капија, четвртиот е ФТЛ скок итн. Зависи од продуцентот( или кој таму и да мисли за серијата или филмот) колку му се брза за да стигни од точка А до точка Б.
 
Мискам дека нема ништо конкретно. Само го покажуваат правецот во кој би можел да се развива науката
Денешниве млазни, ракетни и слични мотори, се базираат на Третиот Њутнов закон.
Еве на кратко
Ракетата се движи напред, а горивото назад

Интересниот дел е што има конкретно. Науката за ваков погон постои одамна, ама досега биле само формули на хартија. Експериментот на НАСА е практична примена на науката.

QVP погон нема потреба од носење гориво, односно горивото го собира попат од квантниот вакуум. Од една страна го почитува третиот Њутнов закон, од друга навидум го крши законот за запазување на моментум :)

Во поскоро време (ако се посветат на тоа) ваков погон може да се искористи за побрзо патување низ Сончевиот систем (пр. човек на Марс) и/или испраќање на Војаџер-тип на летала надвор од него.

Во подалечна иднина QVP погон може да биде основа за ворп. Не Star Trek тип на ворп, но нешто слично :)
 
Единствено нешто што може на човештвото да му помогне да патува помеѓу ѕвездите е т.н. ворп драјв, кој има способност да манипулира со просторот. Иако е најпопуларен во научно-фантастичните филмови, концептот има своја научна теоретска поткрепа.

Ниту еден друг систем (погон, како сакате) не би не однел на патување меѓу ѕвездите од проста причина што постои граница во брзината која може да ја достигнеме.

Прилично добар случај држи концептот на соларно едро. Истиот концепт може да се модофицира и со ласер или микробранови зраци. Зборам во однос на достапна технологија без потреба на егзотични дооатоци како темна материја, темна енергија, дилитиум кристали :D итн.

Посмелите концепти генерираат бројка на горе-доле 45-50 години до Алфа Кентаури. Релативно брзо со оглед на тоа што до сега сме го имале. Понатаму сигурен сум дека нешто као impulse погон ќе откриеме или warp погон (може и црвоточини), ама тоа е за понатаму, некое подалечно утре :).
 
50 години не би издржал ни робот, а камоли човек. :)
50 години патувањето, а што е со мисијата, враќањето назад? Без разлика дали ќе биде генерациски брод или ќе користат некој вид хибернација, еден век е прееедолго време за една мисија.
Не за друго, за тој еден век ќе развијаат технологија налик на технологијата што ја користит ѕвездениот брод на аватарот. :)[DOUBLEPOST=1407085512][/DOUBLEPOST]
Колку што ги имам гледано СФ филмовите и сериите има неколку начини. Првиот е ворп брзина, другиот е подвселена, третиот е звездена капија, четвртиот е ФТЛ скок итн. Зависи од продуцентот( или кој таму и да мисли за серијата или филмот) колку му се брза за да стигни од точка А до точка Б.
Да, ама мислам дека само за ворп постои соодветна научна поткрепа.
 
50 години не би издржал ни робот, а камоли човек. :)
50 години патувањето, а што е со мисијата, враќањето назад? Без разлика дали ќе биде генерациски брод или ќе користат некој вид хибернација, еден век е прееедолго време за една мисија.
Не за друго, за тој еден век ќе развијаат технологија налик на технологијата што ја користит ѕвездениот брод на аватарот. :)[DOUBLEPOST=1407085512][/DOUBLEPOST]
Да, ама мислам дека само за ворп постои соодветна научна поткрепа.
Многу се согласувам со ова,ептен залудно е да праќаш некое биолошко суштество до одредена оддалечена точка за многу долг период кој трае колку еден денешен просечен човечки живот ... Технологијата ептен напредна за 100 години,а од тоа време,ти да праќаш човек со технологија која ќе застарее .... ќе повторам,луд и лош потег :)
 
50 години не би издржал ни робот, а камоли човек. :)
50 години патувањето, а што е со мисијата, враќањето назад? Без разлика дали ќе биде генерациски брод или ќе користат некој вид хибернација, еден век е прееедолго време за една мисија.
Не за друго, за тој еден век ќе развијаат технологија налик на технологијата што ја користит ѕвездениот брод на аватарот.

Можеби никогаш нема да откриеме ворп погон како на Стар Трек. Што треба да правиме во меѓувреме? Да вртиме палци? Нормално е да пробаме нешто со технологијата која ни е достапна. Научениме сме на инстант резултати, човечката психологија не може да калкулира на дистанци поголеми од еден животен век на индивидуа. Ако сакаме да станеме вселенски вид, ќе мораме да се научиме да градиме/придонесуваме/планираме на ептен долговременски дистанци.

Примери ти се Vessel, 10.000 Year Clock, 100 Year Starship иницијативата и многу, многу други. Голема работа ако плодот на овие проекти не го видам во рамките на својот животен век. Затоа идните генерации ќе ги видат и искусат. Ако ваков менталитет задржиме, идните генерации нема ама баш ништо да видат зошто ништо од таков тип нема да им оставиме како наследство, фокусирани на инстант резултати. За да бидеме таква цивилизација потреба е вселенска инфраструктура, која моментално ја немаме. А истата не се гради преку ноќ исто така.

Ова со соларното едро е најдоброто што го имаме сега. Насока во вселенскиот инљињеринг која денес е прилично цврста и разџвакана да можеме да конструираме нешто што функционира. Концептот е стар повеќе од еден век. Едино последниве децении сериозни експерименти и блупринти се создадоа за да имаме потенцијални проекти. Повеќето вакви мисии ќе бидат flyby. Со други зборови само транзитно поминуваат низ системот што го проучуваат за да не се вратат повторно. Но затоа можат преку софистициран софтвер да бидат усмерени кон повеќе системи со добро-зацртана траекторија па да сиот тој труд вреди многу повеќе. Но затоа имаме различни верзии на концептот: соларни едра, магнетни, на ласер, со миркобранови зраци. Магнетното едро знам дека може да фати орбита околу некој објект во Алфа Кентаури бидејќи има способност да направи успорување кога ќе се приближи до системот. За другиве не знам такви детали.

За ворп погони и црвоточини почекајте да имаме дестинација вредна за истражување прво. Новите генерации телескопи би требало да создадат листа на интересни планети како кандидати или за егзобиолошки студии или потенцијални колонијални светови. Најрано 2018та. Чисто сумњам дека дотогаш некој ќе открие ворп, вештачка гравитација и ќе ги изгради Ентерпрајз. Трпение пред се :P[DOUBLEPOST=1407093795][/DOUBLEPOST]
Многу се согласувам со ова,ептен залудно е да праќаш некое биолошко суштество до одредена оддалечена точка за многу долг период кој трае колку еден денешен просечен човечки живот ... Технологијата ептен напредна за 100 години,а од тоа време,ти да праќаш човек со технологија која ќе застарее .... ќе повторам,луд и лош потег :)

Никој не рече дека мисијата би била со луѓе. Која би била логиката?

Технологијата на напредува експоненцијално. Туку има подеми и падови. Чист пример е медицината и нанотехнологијата. Без гаранција никој не треба да е глуп и да чека. Тоа би било глупав и лош потег.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom