Антикампања за Охрид?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Локација
Охрид, Македонија
Секоја година истото.
Цените, такситите, смештајот, плажата, рестораните.. итн итн. Во ред.
Нормално Македонци сме, па не е чудно. Ние да бевме саглам народ, и држава ќе имавме, и во Европа ќе бевме. Ама ај, да не навлегвиме политички, пошо крај нема.

Најнова мода. Ќе ги сликаме фискалните. ОКЕЈ. (аплауз)
(Да го отепаш, тој врска немат шо ќе прајт со сликата... ама то е.. да се дешават нешто.)

*** Ево една приказна за мали деца:

Ојш во кафич или на плажа и го гледаш менито со цени. Хм.. високи цени! :mad:

(Што е ова 5 евра лежалка и 2,5 евра нескафе!? Па не сме у Грчка!
Таму да бев, прво ќе се чекирав на ФБ - да видат луѓето кај сум. Па ќе ставев слика од нашето Античко Море, нашите потомци.. палмите, рестораните.. :love: Ех, СЕ ЌЕ МИ БЕШЕ ОПРАВДАНО!)

Ама ај, ко веќе седнав на маса, ЌЕ ПОРАЧАМ, иако не е забрането да станам и да си заминам.
Сепак, обврска кон државата си е обврска! ОБЕДИНЕТИ за Маќедоња!
Ми текна, ќе ја сликам фискалната! :sneaky: (трие раце)
Ке им ја пратам на Shitел (или останатите медиумски метастази), а тие како вистински професионалци (и претходно докажани) ќе ја даруваат фотографијата со публицитет за да се спаси кутриот и напатен народ од Охридската цена на нескафето!

Јас веќе се изгорив... ам ајде, ќе помине. Гроф никад ние био циција.. (зашто никад ништа није имао)

Охриѓани изреволтирани од таквите потези организираат контра-фотосесија на која ќе бидат прикажани цените на услугите во останатите делови на земјата.
Од штабот на Охрид потенцираат дека јавноста ќе биде изненадена од резултатите.

*** Крај на приказната

Што е поентата на сето ова? Ќе се бориме да се намалат цените за 10/20/30 денари, и тоа ќе преставува врвот на успешната "антикампања" ? Не разбирам.
Пред некој ден дознав дека сомнителни "туристи" ги посетуваат по-елитните охридски плажи (од типот на Парк Голден Бич) и ги сликаат фискалните :facepalm:. Нов светски поредок? :eek:

Која е таа маса на луѓе sto во сенка работи против интересите на нашиот културен и туристички центар?
Народот? Не верувам.
Политика? Многу веројатно.

КАКО функционира Охридската (туристичка) инфраструктура?
Кој се тие што управуваат со езерската обала?
Кој работи како шанкер и келнер во летната сезона?
Кој ги изнајмува шанковите?
Кој го носи џет сетот?
Кој ги диктира цените?

Се запрашал некој?

Што вложила државата во Охрид? Стимулирала некој работодавач? Отворила фабрика? Субрата Гној? Работни места? Индустриска зона?

Од што да живее Охрид? Од споменици?


Ај да подискутираме...
 
Последно уредено:
завист завист и само завист. Ќе умре од завист македончето
 
100% се сложувам со напишаното, сами си го ебаваме туризмот, уште чекам одговор од другата тема спореба на цени Пештани-Полихроно (или Ханиоти ли беше ебам ли го).
 
Немат ова врска со цените,исто ко шо Албанците не протестираја за тие осудените од масакрот кај Смилковско езеро.Убо си кажа кељајо завист е во прашање ,ние имаме езеро тие немет.А и море да беше истата песна ќе беше.
 
Они ко прво имаат сељачки менталитет што доволно говори за тоа како самите си ја посраа златната кокошка.
Од главата си патиме, така да додека сите колективно ментално не се надградат ништо од бизнисот. Јас сум по потекло од Охрид од Варош, ама размислувам далеку по-далеку од нив и затоа бизнисот со туристи ми оди супер. Стереотипи и предрасуди се во прашање. Кога ќе ги надминат ќе праиме муабет.
 
Сељачки менталитет, види работа. Абе ко демек не знаеме каде живееме па сељачки менталитет имале само охриѓани.. Еве јас ќе ви кажам туризам ние никогаш нема да имаме, проклет народ сме, сами ќе се истребеме, не ни требаат ни Турци ни Албанци ни Срби ни Бугари.
 
Врв на анти кампањата беше временската прогноза дека цело лето ќе врне дожд. Факт е дека туристичките агенции се исповрзани со разноразни порталичиња и дека од година на година само го актуализират датумот а текстовите остануваат исти. Ако нешто е добро оваа година што полека освен Јунистан и Татаристан почнаа да ни ги нудат и нашите останати туристички центи како алтернатива за Охрид што сепак е чекор напред. Мое мото е, да треба да се шета но уште повеќе треба да се трудиме парите да ги вртиме во сопствената држава зошто на еден или друг начин тоа ни се враќа.
 
Сељачки менталитет, види работа. Абе ко демек не знаеме каде живееме па сељачки менталитет имале само охриѓани.. Еве јас ќе ви кажам туризам ние никогаш нема да имаме, проклет народ сме, сами ќе се истребеме, не ни требаат ни Турци ни Албанци ни Срби ни Бугари.
Ова е другиот проблем поред сељачкиот менталитет. Се вика немање муда за ризик во животот, па затоа се жалите само. Имаме туризам, еве на пример мојот цвета, млатам пари преку цела година и не плачам дека ќе ја поминам зимата само со туршија и бајати плашици. Ако излезете од менталниот склоп ќе видите дека и те како има туризам низ цела Македонија од планински, селски, речен, езерски итн...ама да не навлагам во други теми.
 
Ова е другиот проблем поред сељачкиот менталитет. Се вика немање муда за ризик во животот, па затоа се жалите само. Имаме туризам, еве на пример мојот цвета, млатам пари преку цела година и не плачам дека ќе ја поминам зимата само со туршија и бајати плашици. Ако излезете од менталниот склоп ќе видите дека и те како има туризам низ цела Македонија од планински, селски, речен, езерски итн...ама да не навлагам во други теми.
Како прво немам никаква поврзаност јас со туризам во Охрид,како второ браво за тебе, јас познавам барем уште 4-5 комшии мои од Охрид што се полни по целата година и немаат "сељачко однесување'' и ''млатат" пари преку цела година и сеа? Друго сакам да ти кажам, завист игра голема улога во ова, овој бил од Охрид- сељак, од Струмица бил абе нека оди нека бере пиперки, од Скопје- педерче и незнам што, да не стават во затворен простор попрво ќе гледаме да се убиеме него ли да бараме излез.
 
Не се работи за никаква анти-кампања, се работи за пазар, просто и едноставно. Тоа “Охриѓани вакви- онакви’’ постои откако памтам јас за Охрид и секогаш имаше туристи, на никој не му пречеше ни тој однос, ни што се нуди се додека беше ефтино и прифатливо.
Арно ама сега кога цените се израмнија со Грција, Албанија и Бугарија, а разликата е море, јасно е што ќе реши туристот.
Четири саата пат до Охрид-четири саата пат до Калитеа,
Кафе 2 евра Калитеа-кафе две евра Охрид
Лежалка 2 евра Калитеа- лежалка 2 евра Охрид
Гиро 2 евра Калитеа- лесковачка 2 и пол Охрид
Што треба да се објаснува повеќе.

Проблемот на Охрид е што е грешно профилирана и грешно поставена цела туристичка понуда. Од активен град сакаат ем да се Сончев Брег со дискотеки, кафичи, плажи и ем да им е тишина и да не трпат галама и гужва. Друг проблем е личниот ангажман околу понудата на самите угостители. Не може во 2014 година ти да бркаш некој од туш, да не му даваш клима да упали, да немаш интернет, а да бараш 10 евра од ноќ.
Слатко е да дереш неко Холанѓанец, ама кај остатокот од Македонија овие фори не проаѓаат.
 
@Avenger99 да те надополнам шо е уште потрагично и ние самите си се нареквиме сељаци(охриѓаниве),жив пример тие овај шо го цитираш цело време, од Охрид е,а си ги напаѓат својте и то само колку да соберит некој лајк.Ам тој за лајк види го шо прајт,ам недај боже да се земаја пари овде наместо лајкој,скопјанец ќе се напраеше за темава.
 
@Avenger99 да те надополнам шо е уште потрагично и ние самите си се нареквиме сељаци(охриѓаниве),жив пример тие овај шо го цитираш цело време, од Охрид е,а си ги напаѓат својте и то само колку да соберит некој лајк.Ам тој за лајк види го шо прајт,ам недај боже да се земаја пари овде наместо лајкој,скопјанец ќе се напраеше за темава.
Не е само тоа, сељаци има секаде и во Охрид и во Скопје и Битола и во др градови. 4 години живеев Скопје и знам каква е ситуацијата.. Еве жив пример, итоа пред 1 саат во Охрид во центарот, типот со скопски регистрации му влета на еден со друга кола и излегува од џамот се дере пцуе и му покажува среден прст.. Човекот беше постар, во години и после сељаци имало само во Охрид.. Дека многу работи не функционираат во градот како што треба не функцоонираат ама изглеа заборавате каде живееме..
 
Нек се еба охријџани в’газ, па и тие охриџајнине шо шо отварет овакви теми.
Секоја година исти муабети абе како не ви скурчи више ? Ај охриџани ги разбирам ам клошариве скопски шо акет за охридон и пак јајт лајна оти скапо им било фати отепај ги ич не жали нек се удавет внужнико.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom