- Член од
- 8 ноември 2008
- Мислења
- 2.172
- Поени од реакции
- 1.267
Добро, ко’ си запнал како мутав на телефон...Словените де факто се населиле можеби не доволно да ја променат демографијата, но тие се населиле. Цел Балкан зборува словенски, се појавува потреба од азбука, топонимите 100% променети...ако сакаш арх. Докази има, во Виница има на пример, во Штип има остатоци од аварска коњска опрема а не пак од словени...

И какви докази бе пиле, има во Штип и Виница? Од ранохристијански наоди? Или од “Словенски“? Што ја карактеризира словенската култура и нација, еве, во Македонија? Кои се најзначајните нејзини карактеристики? Те молам апстрахирај ги христијанските белези...
А писмо “немале“ затоа што нивното писмо е прикажувано како “грчко“. И денес, доколку денешнава азбука (кирилица) почнат историчарите да ја прикажуваат како Албанска, ние повторно ќе останеме без азбука (тоа веќе е на дело со прикажувањето на НАШАТА азбука како бугарска

По илјада години во Македонија можеби ќе најдат остатоци од Опели, Фордови, Фолксвагени, Цитроени... Значи, тогаш ќе заклучат дека имало наезда и доселување на Германци, Французи, Италијанци, Срби... Се ќе има тогаш во оваа јадна Македонија во главите на тогашните археолози и историчари (доколку се “црпки“ како и сегашниве) - СЕ! Само Македонци нема да има... И ние за нив тогаш ќе бидеме изумрени, непостоечки, а реални ќе бидат некои Кинези, Арапи и кој знае кој ли не...
Ех, моја жална Македонијо![DOUBLEPOST=1405172000][/DOUBLEPOST]Да, да... Имало преселби... Со авиони, возови и коли населувале празна (!?!) територија. Америка и Австралија биле така-речи празни континенти, но и доселувањето е документирано, а истото се одвивало во период на процут на технологија која била надмоќна над примитивните народи (во Европа со Словените нели како што “учиме“ е обратно) и со истата е извршен геноцид и на тие народи кои постоеле таму. Зошто не е истото сторено и со Индија?
Африка е најеклатантен пример на она што овде јас го “трубам“ постојано : -во Африка имало доселувања, но каде се тие доселувања (на Арапите во северна и белците во јужна Африка)? Тие се по периферијата на континентот! Никогаш не се во срцето на територијата. И по градовите порано селаните се доселуваа, но секогаш на периферијата. А овде во срцето на Европа (и срцето на Балканот) живеат “Словени“.
А на периферијата на Балканот на пример живеат Албанци, Грци, Власи, Турци, Бугари (вистинските, а не овие фалсификувани производи кои ќе завршат на буништето на историјата, исто како фалсификуваните ЦД-иња, патики Најк, Пума или Адидас)... И сега кажи ми што ти “вели“ твојата логика. Кој се доселувал, а кој е староседелец?
Последно уредено: