Од аспект на син ќе кажам дека имам чувство како моите родители да бараат нешто за возврат поради тоа што ме изгледале и ми пружале се. Истиот муабет го имам и со нив, да сум ги поштувал незнам ти што. Не знам што подразбирате под тоа поштување, ниту ги тепам моите, ниту се дрогирам, ниту пијам, ниту пушам. Секогаш мајка ми прави да чувствувам грижа на совест што тие решиле да имаат деца и што одвојувале се за мене и сестра ми а за нив скоро ништо. Не се свесни колку добар син сум, штедам, не се расфрлам, паметен сум, готвам, чистам и единствена маана ми е што некогаш сум дрзок, недруштвен и намќор (боже мој, не сум совршен!).
Мојата порака до загрижената мајка е: споменик ќерка ти нема да ти изгради (споменик само Владата може да ти изгради), доколку не си воспоставила здрав однос со нејзе од самиот почеток. Овде ќерка ти не ја гледам како негативец туку подеднакво сте виновни а многу повеќе ти отколку таа. Повеќе среќа со другите дечиња.