Ветер дува - ЕВН ме чува

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Не ја знам причината за оваа состојба на штотуку поставениот електричен уличен столб...................................................Picture 1702.jpg Picture 1703.jpg Picture 1704.jpg .Picture 1708.jpg Picture 1709.jpg еве ја и местоположбата,гледате каде е......
Поточно дали е тоа силниот ветер,или некоја голема птица, или некоја градежна машина.
Но се запрепастив дека резултатот од ова паѓање на овој електричен столб може да бил фатален за некого,а такви има уште многу поставени во Н.Лисиче и реонски центар Аеродром, по новите улици,поточно тротоари.
Едно време и јас ги изработував овие столбови во 60-ите години во тогашен Дизел и сум направил стотина и вакви и поголеми што се уште стојат и после 40 години,како оној големион ,т.с. 2 од двете страни на Камени мост, или оние пред и по мостот Гоце Делчев.
Да ама тогаш имаше некој стандард за изработка на овие столбови и добри мајстори
повеќе мајстори и еден техничар и инжињер еден.
А сега оди било каде види на 20 мајстори уште толку „недоучени“ мозоци.
Како може еден столб да има ваква завршна изработка.
1- Материјалот од кој е направен - челикот,дали одговара за таа намена, цврстината ит.н.
2- Веројатно не од 11 октомври Куманови, можеби некој китајски цевки за вентилација.
3- Изработката - составот, преминување од помало Ф на поголемо Ф, тоа порано во таа работилница под Калето го правевме со дебелозидни цевки и со вланши во големата цевка
Ф,каде пак влегува помалата цевка со помало Ф. Така да може да ја држи тежината и на поголем ветер. Не сум чул да паднала вака некоја „бандера“ од тие нашите мајсторски.
Веднаш треба да се испита еден нов ваков столб(а сите се нови) во Уким-МФ, и ако се покаже дека не ги задоволуват стандардите,сите да се извадат и доработат.
Додека не паднал уште некој врз нечија глава.
--------------------------
Пазете кога поминувате покрај овие електрични столбови, посебно деца во колички.
Се мислев т.с. прво ја ставив темава во ДЏА, ама овде да се проработи е подобро.
 
Темата на дискусијава е валидна причина за загриженост. Ако столбот навистина паднал од влијание на ветерот (а не се гледаат други механички влијанија), тогаш можно е некој друг столб (од истите неквалитетно направени) пак да се случи вака да падне и некој да настрада. Дури не мора да удри некој за да се случи повреда (краток спој со каблите за струја).

Треба одговорните да поведат постапка за испитување на безбедноста на оваа серија столбови, и за квалитетот на изработка.
Но за мене поголем проблем е односот на јавноста кон сите видови на проблеми што ги има во државава. Толку испрани мозоци има што повеќемината се исмеваат за работи кои навистина се загрижувачки. Да смешно е... се додека не ти падне некоја бандера на глава, или милион други можни страња кои се дешаваат заради недостаток на соодветни стандарди и споведување на истите.
 
Идеш по пут, глеаш скршена бандера и си викаш "Ау ова е добра тема за на кајгана".
Само не сакам,поради ова да оди колона роднини и пријатели во црнила и жалост на некое лице кое би настрадало.
Улицата се уште не е прометна,никој не се движи по неа,не е пуштена и не води никаде,ама исти вакви има поставено насекаде околу,а пак баш оваа дека е слободна е добра за шетање мали деца,во близина се сите маркети и детско игралиште.
Ене она место т.с. лим каде јас го мерев е добар за конзерви за грашок ама не и за електричен столб.
А внатре заради заштеда нема никаква заштита од корозија,замислете по неколку години како ќе паѓаат овие опасни цевки како зрели круши,бидеииќи најгоре имаат голема тежина од масивните светла.
------------------------------------
Еве ги поранешните мајстори за овие столбови,може ќе си препознаете некој роднина.
Мајстор Киро(во тоа време постар од мене 4 пати) кв Ковач,кој ги правеше внатрешните делови-прстени и др.
Мајстор Борче - бригадир
Мајстор Неделко и мајстор Љубе - вкв заварувачи,кој автогенски ги сечеа тие отвори на столбовите, колку ценета професија во тоа време возеа двајцата Ауди - 60 бело и црвено(нешто после земјотресот)
Мајстор Киро,главен кв бравар, прочуен голман на МИК (од Автокоманда)
Техничар-Перо,еден за тоа време фраер,плав висок дечко.
Инжињер еден мој имењак од аватаров.
Мајстор Лаф - старо ергениште кв бравар.
Мајстор Мирче-маџирмалецот, дреар-калфа
Мајстор Ганчо- кв бравар, што имаше на вратата во шкафот слики од Брижид Бардо во бикини и ние млади чираци чекавме кока тој ќе го отвори да ѕирнеме таму.
Па сега и вие некој кажете, е тие нивни столбови ќе стојат исправени уште 100г. и да врне и да дува. ЈУ - стандард.
Па така е кога јас сум ги заварувал пред повеќе од 40 години,раце ми се лупеле од клештата цел ден држејкија.
------------------------
уште еднаш: П О Д А Л Е К У од овие столбови.
 
Не паѓаат само столбовите туку и ламбите/сијалиците, врз глава (сведок пред десетина + год. серизони повреди) и ништо не е сменето, вероватно уште полошо е.[DOUBLEPOST=1404217409][/DOUBLEPOST]Анчо ти од Ново Лисиќе си бил бре?
 
Само за потсетување дека не е за шала работава(со ова временскиве непогоди,во овој случај јаки ветрови)
Нели „недај БОЖЕ повеќе“ загина едно лице во Битола од паднат билборд или тешко се повреди(а и овде многу паднаа)
 
Добро луѓе не е за исмевање и сеир терање работава, еден ден може на секој од нас од неправилна поставеност на бандерата или билбордот животот да му биде во опасност.
Но веќе со години наназад работава исто стои, на никој не му е гајле дали треба да се поправи проблемот или не, дали треба да се работи со повисок квалитет или не, а се повеќе луѓе си страдаат... :oops:
 
Не бе чичко Анчо, каков ти ветар какви ти бакрачи. Бреј бе не си ја знам силата, вчера вечер на нервозата со нога јас ја мавнав.
 
Тролови, доволно е. Темава баш си е на место. Казнив неколкумина, повелете ако сте за дискусија по темава. Ако не, најдете си соодветна тема за вашите интереси. Цел пофорум ЧДА имате.
И то. :pipi:
 
Jaс, само една забелешка имам да дадам...
Колку и да не ги сакам ЕВН, а ич не ги сакам, мора да кажам дека тие воопшто не се виновни...
Тоа што го гледам е столб од улично осветление, а тие се во надлежност на општината... таму е вината.
 
Jaс, само една забелешка имам да дадам...
Колку и да не ги сакам ЕВН, а ич не ги сакам, мора да кажам дека тие воопшто не се виновни...
Тоа што го гледам е столб од улично осветление, а тие се во надлежност на општината... таму е вината.
Незнам ?
Само столбовите се поставени пред малку време-месец можеби и на силниот ветер еве што бидна.Ако е од ветерот тогаш, треба сите да се тргнат-повлечат,како што Тојота ги повлекува хххххххххххх возила поради некоја мала нивна грешка-мана.
А јас како бравар и како тој што правел вакви столбови маната ја гледам во многу тенкиот материјал, за да производот биде поефтин веројатно а не гледајќи на опасностите.(можеби и се купени-тендерски) Ќе поминам повторно да видам што бидна.
 
Picture 1891.jpg Коце,Никола,Андреј и остали од ЕЛИТАТА..........
дај поминете тука пешки по кејот на Вардар(па каршија градското собрание ви е)
и види како ЕВН не чува. Понесете си заштитна опрема или не се доближувајте тука.
( ве молам дацата оставете ги дома на дадилките-тука е опасно за нив -а за другите ?)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom