Колумбија - Уругвај | 28.06.2014 | 22:00 | Стадион Маракана

  • Креатор на темата Креатор на темата SparroW
  • Време на започнување Време на започнување
ни во најлудиот сон не би го сонувал ова,ама еве реалност е

Лудо светско првенство :D

Па Колумбија и не играа досега против некои репрезентации што играат офанзивно, против Грција и БСК играа и сега против Уругвај кои започнаа дефанзивно и откако примаа 2 гола тогаш се отворија Уругвајците. Сега во четвртфиналето ќе ги видиме против Бразил како ќе се снајдат, но сепак не може да се оспори добрата игра на стоперите на ова СП иако играа против репрезентации кои играат дефанзивно.
 
10440737_722486577824010_3889745484248543317_n.jpg
 
Ќе ги видиме Запата и Јепес против Нејмар, ако и тука се покажат ондак им симињам капа. Ама чисто се сомневам дека Јепес ќе помине без да направи 100 фаули над Нејмар кој е милион пати побрз од него и ќе му гази по ганглии со дриблинзите.
 
Па Нејмар е далеку побрз од сите дефанзивци едино Силва и уште некој што може да му парираат колку толку сигурно дека и овие нема да остават 1на1 дуел оти ако дојде он до тоа се виде и денес што правеше но завршница има 0.
Во второ не ни знаев дека игра го немаше никаде.
 
Според мене Колумбија се на исто ниво со Чиле, ако не и подобри. Тука се и Мехико.

Колумбијциве како тим се далеку поорганизирани од Чиле.Чиле можда игра солидно на средината и во нападот ама во одбрана играат многу слабо и од таму на секоја утакмица им прават по 5-6 чисти шанси за гол,а Колумбија сега за сега на сите делови од теренот игра за чиста 10ка.Можеби и јас грешам и не сум во правно,но од тоа што го видов добив ваков впечаток. :)
 
Изгледа многу сте го потцениле Јепес, гледам по коментариве, ај Запата уште во Удинезе беше тежок просек ама Јепес е и те како квалитетен штопер, сезонава изгина за Аталанта еве и на првенствово гази, еден Кавани го одалечи на 30 метри од гол.

Уругвајците тапа невидена, како да не им се играше, Форлан дреме, Макси Переира камен. Едини што се трудеа беа Кавани и дефинитивно Аревало Риос, не помина човек покрај него, каков борец свака част.:cuc:

Исто и малиот од Атлетико, Гименез имаше одлично СП и деби за националниот тим. Последниве 3 утакмици ги изигра одлично, искусно што би рекол Даре.

Колумбијциве се машини, летаат по терен, Квадрадо да си го прибере себичното дриблање само и се ќе биде океј, очекувам да го здрмаат Бразил, онака јако. :icon_mrgr:
 
И вака сега кога ќе видиме Англија од кого изгуби мислам дека треба да се запрашаат сите фудбалери од нивната селекција зошто играат фудбал и како воопшто станале фудбалери. Језда ги извади индивидуалниот квалитет на Суарез, ама пак бе, од овој очаен Уругвај да испаднеш? :facepalm:
 
И вака сега кога ќе видиме Англија од кого изгуби мислам дека треба да се запрашаат сите фудбалери од нивната селекција зошто играат фудбал и како воопшто станале фудбалери. Језда ги извади индивидуалниот квалитет на Суарез, ама пак бе, од овој очаен Уругвај да испаднеш? :facepalm:
Мора секаде Англија да ја чепнете бе, демек Италија не испадна од Уругвај. :D Англија изгуби од Уругвај на крајно несреќен начин, не беше надиграна ни од Уругвај ни од Италија. Тоа е кога имаат лузерски менталитет, никогаш нека да тепат побитна утакмица. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom