Првиот "смарт" бојлер во светот го произведе македонска компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали вие би посакале да имате во вашиот дом ваков болјер?

  • Да

    Гласови: 24 52,2%
  • Не

    Гласови: 17 37,0%
  • Незнам

    Гласови: 5 10,9%

  • Вкупно гласачи
    46

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
Македонската компанија "Леов" го произведе првиот "смарт" бојлер во светот

Компанијата Леов го произведе првиот "смарт" бојлер во светот.
Тоа значи дека не ви е потребен човек дома за да вклучи бојлер, туку тоа можете да го направите и преку мобилниот телефон за кој е креирана специјална апликација. Бојлерот на македонскиот пазар ќе биде пуштен во септември.

„Бојлерот го изработи компанијата Леов, електронскиот термостат е на SMD, a ARANEA ја изработија мобилната апликација. Што значи дека овој производ е комплетно македонски. Идејата за истиот ја имам уште со појавата на смарт телефоните. Во овој брз начин на живот кога речиси нема човек дома за да вклучи бојлер, овој смарт бојлер ќе може да се вклучува од било каде преку мобилниот телефон. Секој многу лесно може да го користи, а известување односно нотификација за било каква команда на бојлерот на мобилните ќе добиваат и другите членови на семејството кои ја имаат апликацијата на мобилен телефон,“ изјави генералниот менаџер на компанијата „Леов“, Златко Леов.

Според перформансите, новиот електронски термостат на „смарт“ бојлерот заштедува дури 40 отсто електрична енергија за разлика од електромеханичкиот термостат на старите бојлери. Бојлерот исто така има и четири нови функции, антибактериски е, има заштита од замрзнување, заштита од греење на суво и детектирање на грешка во сензорот. Со ова производство на паметен бојлер, компанијата Леов е пет години пред нивната конкуренција.

„Електронскиот термостат е направен од најсовремени делови за да може да функционира беспрекорно. Не штедевме на неговата изработка која задоволува високи стандарди. Апликацијата за мобилниот телефон пак, може да се симне бесплатно,“ изјави Леов.

Компанијата Леов постои 30 години, извезува во 25 земји и освен во Европа имаат интенција да извезуваат и во Азија. Произведуваат во три града, а нивниот извоз изнесува 12 милиони евра.

Според претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, иновативноста на компаниите е клучна за нивен развој и извоз, а компанијата Леов е пример за другите компании и истата може да се носи со светските компании кои инвестираат во Македонија.

„Компанијата „Леов“ произведува прозводи кои се препознатливи и се бренд во регионот и Европа. Иновативноста, квалитетот, додадената вредност се клучните за извозот на македонските производи на светските пазари,“ изјави Азески.

leov-smart-bojler-mak-pro-01.jpg


Извор

Дали вам ви се допаѓа идејата? Мене да бидејќи овие неколку месеци толку сум растрчан што понекогаш морам да тргнам некои обврски за да чекам топла вода :D На овој начин ќе биде подобро секако доколку цената биде во ред доколку цената ја направат голема тогаш се знае по стар начин.

Што мислите вие? :)
 
Значи,супер си е идејава,случајно имаш средба и очекуваш судар со спротивниот пол, и додека си во такси на пат за извршување на таа „обавеза“ го вртиш тоа бројот,а кога ќе стасаш дома веќе водата во бојлерот стоплена, и веднаш доле-гаќи. ДА ЖИВЕЕ ЛЕОВ.
 
Купи леов бојлер ако сакаш да ти протече за 2-3 години,а ако треба грејач да смениш подобро фрли го.
Претпоставувам и со другите нивни производи е ист проблемот
 
Прв е во светот дека ретко каде се користат бојлери. А не дека е лоша идеја, би ми се нашла и те како. Како и да е, од Леов никад више. Со 3 години користење менував грејач и после два месеци ми протече. Поскапо ми фати него да си купев нов одма.
 
Македонската компанија "Леов" го произведе првиот "смарт" бојлер во светот

Што мислите вие? :)
Wrong....!!! Odamna gi ima i toa za celi sistemi za toplenje ladenje...struja voda ...itn...Znaci ne se prvi vo svetot spored www.tocka.com

Inaku sekoja cest!
 
Ова веќе е претерување со употребата на зборот смарт.
Колку е само непотребно ова, па и секој може на својот болјер да им додаде ваква команда, всушност може да им се стави на секоја апаратура која работи со струја. Така да, наоѓале топла вода.
 
Wooow, го чиитав ова пред 2 месеци некаде и се кинев од смеење.
Прво, од лошо искуство (како монтер и едно време како корисник на Леов) нечу то, ќе им потфрли автоматиката ќе ми пробие бојлерот.
како второ, секој што барем малку се разбира во програмирање и електроника со едноставно контролерче за под 30-40 евра може да го направи СЕКОЈ бојлер да е „смарт“ . И плус нема да има потреба од електронски термостат (кој и не е нај сигурен секогаш) туку може стариот да се користи. :)
 
Купи леов бојлер ако сакаш да ти протече за 2-3 години,а ако треба грејач да смениш подобро фрли го.
Претпоставувам и со другите нивни производи е ист проблемот

Ja имам Леов 7-8 години и уште не протекол :(
 
За жал бојлерите им се катастрофа за 2 години фрлиго значи емајлирани се од внатре надворешно се обичен лим ако еднаш се дупни казанот кажи збогум на новата смарт технологија



Sent from my D2303 using Tapatalk
 
Има друга алтернатива,се купува "smart" шуко, и преку wifi од било каде во светот може да го палите/гасите кога сакате. Задолжително е дома да имате wifi (а кој веќе нема)
 
Како идеја е поприлично функционално и практично, но кога се работи за Леов тогаш мислам дека е подобро да сум дома кога ке го уклучам. Инаку чисто се сомевам дека се први во светот на кој му текнала ваква генијална идеја. Можеби не за бољер ама принципот го има од поодамна. Незнам можеби тие први го направиле наменски стриктно за бољер.
 
Ja имам Леов 7-8 години и уште не протекол :(
Абе и моите имаат 40 годишен бојлер ама прашање е колку е употребуван(и сега и за време за сфрј по еднаш неделно),па пресметај колку е стар
 
Купи леов бојлер ако сакаш да ти протече за 2-3 години,а ако треба грејач да смениш подобро фрли го.
Претпоставувам и со другите нивни производи е ист проблемот
Nema da komentiram za pametniot bojler samo da ti kazam deka od niv imam bojler vekje 11 godini i dali ednas e smenet grejac.
 
Абе и моите имаат 40 годишен бојлер ама прашање е колку е употребуван(и сега и за време за сфрј по еднаш неделно),па пресметај колку е стар

И сега ти ли ќе ми кажуваш колку е користен бољерот :pos: Ја незнам,Fringe треба да дојде и да ми каже..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom