Бесплатно во четврток за студентите во ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Абе добро, четврток, четврток, кој ти го дава за бесплатно да се возиш:)

Јас пример си завршив средно, си се вработив и сега ем не се замарам со факултети и бесплатен превоз, ем си имам стаж на млади години....., е сега можда без факултет и диплома сум, ама и вака сум среќен:):P:coffee:

опа, браво, браво, па ајде да те жениме сеа.
 
Сунѓерот Боб ми е како ти е играчи коа играш баскет шо колку и да ги маваш не бараат фаул.
 
Абе добро, четврток, четврток, кој ти го дава за бесплатно да се возиш:)

Јас пример си завршив средно, си се вработив и сега ем не се замарам со факултети и бесплатен превоз, ем си имам стаж на млади години....., е сега можда без факултет и диплома сум, ама и вака сум среќен:):P:coffee:
Те праша ли некој дали имаш диплома и дали користиш бесплатен превоз?
 
Сум се возел ко не им беше безпари и пак беше неверојатна гужва,кој беше крив тогаш?
И колку што глеам не ви се проблемот пензионерите туку проблемот е зашо вас со пари,нив безпари.
Они работеле,плаќале даноци,граделе,некои од нив и се бореле за македонија,и сеа се буните зашо се возеле безпари.заслужиле да се возат,ете затоа.ти као студент што си направил освен што си се потпишал на столче у автобус?
Не е така само во мк,скоро у секоја земја пензионери,инвалиди,ветерани имаат бесплатен јавен превоз,али само у мк се галами за тоа.
Најинтересно е што сега као студенти ви сметаат пензионерите,а еден ден коа вие ќе бидете пензионери,тогаш ќе ви сметаат студентите.
Ко што кажав ако мислите дека нешо ви е скратено барајте си ги правата,али без да галамите како на некој им било безпари,а на вас не ви било.
Ја коа бев прва средно мислев дека гужвата е неверојатна,се додека не го ставија вторник бесплатен.Тогаш видов дека можело и полошо:icon_lol:
Нормално дека проблемот не се пензионерите,туку што се возат беспари(безразлика дали ја плаќам или не).Кога не би бил бесплатен не би се возеле и нема да има гужва,тие како и да е немаат никаква потреба за превоз туку се возат пошто е гага,исто како и за појадокот на камени и се останато.
Се бореле за македонија:pos: можда и се бореле овие..Нема понеписмена класа на граѓани и понезаслужна од овие пензионери.Пола и више немаат ни осмолетка,истерале златен живот во Југославија и пак си ги фатија најаките бенифиции,нешто што ние курац што ќе го видиме.
 
Него друг е муабетот.
Зошто во Битола / Прилеп / Kуманово / Кочани на пример пензионерите не добијат гратис градски превоз?Исто и студентите на други универзитети каде постојат градски линии?

Или ете патот до дома еднаш месечно нека им е субвенциониран или ватевр, за да не им бидат родителите оптоварени со огромните плати.Или едноставно да почнат ред па родителите да не се мислат дали еднаш месечно или на 3 месеци ќе можат да им покријат пат до факултет на децата...Или....
:sleep:
wakeup-easy.jpg
 
Минатиов четврток имав некоја потреба да се возам со автобус и си викам таман да искористам бесплатно возење. Имав индекс во мене, си реков ваљда е доволен доказ дека сум студент. На пензионерите секако ништо не им бараат, ептен ако им се сомнителни некои, им бараат лични карти, па како еквивалент на личните карти, сметав дека е студентскиот индекс. Пишува кога е заверен и запишан секој семестар, така да секој писмен контролор би можел да провери дека си студент и не го носиш индексот како украс.
За секој случај си реков да прашам на билетара, да видам кои се условите.
Прво нешто ме маткаше, ми вика ќе одиш на факултет, ќе ти стават печат, едно друго, ќе си платиш 620 денари и ќе ти дадам картичка. Викам која е поентата да ми биде бесплатен четврток ако платам 620 денари?
Ме сфатила погрешно, или сакаше да ми наметне дека треба да извадам слободна која во лето е намалена на 620 денари (порано беше 470 ако не се лажам :)).
Кога конечно се разбравме, испадна дека процедурата е иста како и кога вадиш слободна.

1. Треба да ти дадат барање за бесплатно возење во четврток во билетарите на ЈСП.
2. Треба да ја однесеш на факс, да ти стават печат на барањето. Да не заборавите, треба да носите и слика, за пола печат да биде на барањето, пола на сликата.
3. Го враќаш барањето во билетара и ти даваат некаква картичка за бесплатно возење во четврток.

Не знам дали истата картичка би важела и за жичарата, возовите, театрите? :unsure:
Којзнае за тие работи какви процедури има :icon_mrgr:
 
Сеа дојдов и јас да го пишам ова, прашувала колешка една и и изнакажала оваа што процедури има :pos: Тоа е, не ќе ти се замара неписмен контролор (исклучоци нормално има да не навредам некого) да гледа кој семестар ти е заверен, многу знаат тие. Намерно е ова направено за да ти се збоктиса и да не се возиш, да си речеш ааа додека се замарам јас... :icon_lol:
 
Ова слично како процедурите кои треба да ги поминеш кога сакаш да земеш таа помош што ти следува при раѓање на дете. Тотално неисплатливо го напраиле, за да не идеш да им ги земеш тие пари што ти следуваат.
 
Изгледа имаме многу поскап студентски превоз, посебно во однос на стандардот и платите...
Колку чини јавниот превоз за студените низ Европа?
Во главниот град на Хрватска, месечната карта за јавниот превоз за студентите изнесува 120 куни, односно 970 денари. Ова е цената за средношколците и за студентите и важи за целиот град.
Во Виена, семестралната студентска карта изнесува 75 евра, односно 4.600 денари.
Во Берлин, од друга страна, картата чини 187,40 евра за семестар, односно 11.500 денари.
Словенските студентски и ученички месечни билети за првите три зони во Љубљана изнесуваат 20 евра. Доколку студирате во Сараево, за месечна студентска карта ќе треба да издвоите 8 евра.
Белград е поделен на зони, а доколку сте студент или ученик, месечниот билет за првите три зони ќе Ве чини 12,1 евро. Кога станува збор за Софија, студентите издвојуваат 10 евра за месечна карта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom