Минатиов четврток имав некоја потреба да се возам со автобус и си викам таман да искористам бесплатно возење. Имав индекс во мене, си реков ваљда е доволен доказ дека сум студент. На пензионерите секако ништо не им бараат, ептен ако им се сомнителни некои, им бараат лични карти, па како еквивалент на личните карти, сметав дека е студентскиот индекс. Пишува кога е заверен и запишан секој семестар, така да секој писмен контролор би можел да провери дека си студент и не го носиш индексот како украс.
За секој случај си реков да прашам на билетара, да видам кои се условите.
Прво нешто ме маткаше, ми вика ќе одиш на факултет, ќе ти стават печат, едно друго, ќе си платиш 620 денари и ќе ти дадам картичка. Викам која е поентата да ми биде бесплатен четврток ако платам 620 денари?
Ме сфатила погрешно, или сакаше да ми наметне дека треба да извадам слободна која во лето е намалена на 620 денари (порано беше 470 ако не се лажам

).
Кога конечно се разбравме, испадна дека процедурата е иста како и кога вадиш слободна.
1. Треба да ти дадат барање за бесплатно возење во четврток во билетарите на ЈСП.
2. Треба да ја однесеш на факс, да ти стават печат на барањето. Да не заборавите, треба да носите и слика, за пола печат да биде на барањето, пола на сликата.
3. Го враќаш барањето во билетара и ти даваат некаква картичка за бесплатно возење во четврток.
Не знам дали истата картичка би важела и за жичарата, возовите, театрите?

Којзнае за тие работи какви процедури има
