Бесплатно во четврток за студентите во ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
A sho e fintava so kinava, ima li i drzavni kina?

Sent from my Samsung Galaxy S4 using Tapatalk 2
 
Владата ги слушна лелеците на младите дека се чувствуваат подредено во споредба со пензионерите. Сега од прва рака можат да осетат дека ни пензионерите не добиле ништо како ни студентите со овие "мерки". Ама добро изгледа во Отчет книгите.
 
За студентите е убаво да ги намалат партиципациите на факултетите, а ова е мачкање очи. Студентот има потреба секој ден (или бар 3-4 пати) да оди на факултет во неделата и еден ден со слободно возење не му менува ништо, затоа што секако ќе си извади слободна.
Како размислуваат за пензионерите?
Пензионерите секако не се возеа со автобуси.
Од нив пари секако не можеа да направат затоа што ако воопшто се возат со автобус, тоа е еднаш во месецот или на два месеци.
Зачестеноста на автобусите не се промени, секако си постојат истите линии со истите саатници, така да се даваат истите пари за гориво, без разлика дали пензионерите се возеле или не.
Вака ги залажаа, ги земаа нивните гласови, а фактички не дадоа ни денар за тоа, или пак некоја смешна сума која посекако ја добиваат од даноците.
Да не заборавиме дека во меѓувреме ни ги поскапеа билетите за јавен превоз :)
Ем се во ќар, ем им го превземаа голем дел од гласачкото тело на СДСМ - пензионерите...
Многу паметен потег од страна на сегашната власт, али кога имаат суртуци на опозиција тоа е.

Младите не се бунат, затоа што нивниот глас и не се слуша, едноставно фаќаат џенем од овде. Секој втор буквално си оди од државава. Криво ми е да го гледам тоа, и криво ми е што нема ратоборни ликови, ама едноставно ништо не може да се промени во државата. Бродот одамна тоне, чекаме само да се удавиме.
Не знам што мислат, ама веројатно политичариве ќе го крадат народов дур не ги истресат сите пари и на крај и они ќе си фатат џенем на Хаваите, Малдивите, Дубаи итн, а за нас ќе има две опции. Или ќе живееме во новата држава како малцинство, држава која ќе биде можеби на економското дно во светот, или ќе испоцркаме сите...

Колку и да знам дека се мачкање очи ваквите потези, зошто да не се искористат. Не мора да значи дека ако ги користиш овие какви-такви придобивки дека ќе им го дадеш гласот на нив (или на било кој друг). Ова со автобусиве е срање, ама театриве и возовите особено се интересна опција.
Да до тој степен сме паднати, да немаме пари ни до театар да отидеме. За возовите немаат јасно кажано како ќе биде, ама нешто читав дека ќе има бесплатни возови за лицата под 27 години, во третата сабота од секој месец. Тоа би било добра можност да се заврти Македонијава :)
 
За студентите е убаво да ги намалат партиципациите на факултетите, а ова е мачкање очи.

Не за намалување, туку за целосно укинување на партиципацијата треба да се борите. Ние запишавме и завршивме факултет без денар да платиме партиципација, а за чудо не банкротира државата заради тоа.
 
Тоа е тој муабет.
Греота е шо со наши пари некој располага, и после му ракоплескаме као колку направил за нас, кога самите го финансираме тоа.

Па тоа е и замислата на функционирање на една држава.

Да не ме сватиш погрешка , не бранам ниту една партија или пак политичари али ако не плаќаат луѓето даноци/придонеси/сметки и разни други давачки , ќе нема пари во буџетот и ќе нема од кај да се зима пензии , да се прават автопати ( како кај нас демек се прават ) , да се исплаќаат субвенции на земјоделци и да се плаќа на јавната администрација.

Тоа што нашата држава е банана е сосема трет проблем кој треба да се реши од внатре. Нема фер игра , нема еднаквост за сите , даноците и за богати и за сиромашни се исти. Иди во Америка да видиш на тој што заработува над милион му косат цели 40 %. А не тука некој заработува 200 евра месечно , некој 200 евра дневно , а и двајцата имаат исти давачки , а различни бенефиции.
 
Скришно подплатување повторно на пензионерите, со мачкање на очи со ова со студентиве.
 
Па тоа е и замислата на функционирање на една држава.
Тоа е замислата на држава која има голема влада која контролира се.
Да не ме сватиш погрешка , не бранам ниту една партија или пак политичари али ако не плаќаат луѓето даноци/придонеси/сметки и разни други давачки , ќе нема пари во буџетот и ќе нема од кај да се зима пензии , да се прават автопати ( како кај нас демек се прават ) , да се исплаќаат субвенции на земјоделци и да се плаќа на јавната администрација.
Пензии се земаат ако постојат пензиски фондови каде доброволно ќе плаќаш пари. Нешто како животното осигурување.
Автопати се правеле и долго пред државата да почне да ги „гради“. Патиштата им се потребни на фирмите за да вршат пренос на стока. Ако не ги прави државата, ќе си прават фирмите транспортна мрежа (читај: патишта) кои ќе ги користи и населението.
Субвенции нема зошто да се плаќаат.
Си одбрал да работиш нешто, нема поента некој да те финансира, а да му ги зема парите на некој друг.
Субвенционирање на земјоделци е исто шо и субвенционирање на Тајзи, или на моторџии да си купат заштитна опрема.
Тоа што нашата држава е банана е сосема трет проблем кој треба да се реши од внатре. Нема фер игра , нема еднаквост за сите , даноците и за богати и за сиромашни се исти. Иди во Америка да видиш на тој што заработува над милион му косат цели 40 %. А не тука некој заработува 200 евра месечно , некој 200 евра дневно , а и двајцата имаат исти давачки , а различни бенефиции.
Ако јас трошам 200 евра месечно, државата ќе ми земе 36 евра како ДДВ. Ако некој друг троши 5.000 евра месечно, државата ќе му земе 900 евра. Мене ми изгледа како прилично голема да е разликата меѓу сиромашните и богатите кога се работи за даноци.
 
Дур им баравме ние да ни дадат бесплатно возење, не ни даваа, сеа им текнало...
Е шо ги е*ам сеа ја нејќам бесплатно возење бе !
:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Од есен гледаш пола од пензионериве факултет запишале, само за да можат и во четврток на гага да се возат.
 
студентите не се пензионери па безвезно да се шлаат . Не ја гледам поентава на ова- подобро јавно да се откажете и да им го поклоните и овој ден на вашите баби и дедовци - бар гужвата ќе си ја намалите
 
студентите не се пензионери па безвезно да се шлаат . Не ја гледам поентава на ова- подобро јавно да се откажете и да им го поклоните и овој ден на вашите баби и дедовци - бар гужвата ќе си ја намалите
Кој да се јави? Студентската организација која е во првата плакатолепачка линија? :гик:
 
Искрено не дека ме засега ова прашање,ама која е логиката на стариве да им дадеш скоро секој ден,кога и онака немаат работа,дај им викенд и крај.А на студентиве им дала еден ебан ден:facepalm:,а имаат испити секој ден.Значи логикава им пишти,или прај како што треба,или ич не скокај.
 
Него ептен ми е јак муабетот "А само во четврток ќе идеме на факс?"

А пензионерите само во вторник и петок имаа обврски ? Не може да им излезе работа во среда?

Па еве 2 год. подоцна и уште 2 дена добија.

Па и од пон до петок да биде бесплатно ќе се јават некои што полагаат во сабота.

Тие ни тогаш немаат

Само да мрчите.Да не сакате владава и испити да ви полага :cautious:

Сакаме да не ни мачка очи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom