Значи само што помислувам на темава, почнувам да се нервирам... Сум сретнала неколку неодговорни сопственици, али како еден типац, никој друг, досега барем...
Кога ја земав Тила (Маламут) на почетокот, ја шетав на различни места, за да видам што луѓе има, дали има можеби други кучиња за да си игра со нив и слично... Еден ден отидов накај она паркчето на ќошот карши на НЛБ зградата. И видов бааги кучиња, повеќето лабрадори и една џукела, не многу голема, ама помала од Тила. Си направив муабет со луѓето, ми кажаа се собираат таму секој ден. И си викам супер, Тила може да си игра

И почнаа да си трчаат сите заедно, на една па на друга страна. И незнам што и како се случи, ама џукелава одеднаш и рипна на Тила. Тила нормално, прво почна да се трга од неа, и кога виде дека нема абер и се сврте да се одбрани. И јас тргнав да ги одвојам, иако не бев нешто многу растревожена, зашто прво и основно, Тила има бааги крзно, што тоа запчињата на џукелата тешко дека ќе го пројдат, друго помала е и тешко беше да ја фати за врат, трето на врат и го имав ставено ланецот со боцки, ама нанадвор (тоа беше единствен ланец што го имав во моментот, што ми остана од Ротвајлерот што го чувавме, кој исто така нанадвор го носеше). Без разлика што џукелава не и можеше ништо, едноставно не сакав да има тепачка. И типов ми вика „Абе, остај ги, сами да си го решат проблемот“. И јас таква „МОЛАМ?“. Ми идеше да му кажам „Ти нормален ли си бе?“, ама си преќутев, јас како јас... Нема везе, ги одвоив, и типов примети што има Тила околу врат. И почна да ми јаде гомна еј. Со цел памет, он на мене. Ептен беше постар од мене, па не сакав да му вратам. А причината што ланецот е нанадвор е баш поради такви луѓе ко него. Не мислам јас да си жртвувам куче само зашто некој не знае како да се справи со неговото... Нема везе, си отиде типот, ваљда се наљути... И после тоа останативе луѓе ми рекоа дека џукелата се има степано со неколку други кучиња. И дека неможат баш да му кажат дека не сакаат да доаѓа и го трпат... Јас неможев да прејдам преку тоа, и гледав да го одбегнувам времето кога знаев дека се таму. После некое време и почнаа да го копаат паркот, па никој веќе не ни идеше...
И убаво ќе беше тука да завршеше приказната нели. Очигледно типов живее негде во наша близина, па сега мајка ми си има проблем. Ми кажува дека типов ја шета џукелата пуштена, и таа кога ќе ја види Тила, се стрчува да ја нападне. И типов гајле си нема. Не ни пробува да смени нешто. А Тила веќе го нема тој околувратник, сега има нормален, платнен. Мајка ми ми вика незнам што да правам, кога ќе се доближи, ја шутирам. Среќа ја не сум таму. Џукелата е чиста злоба, исто ко сопственикот. А јас обично не мразам кучиња...
@Papillon.Papi да ми кажеш кај е тоа пит-рот миксот, да го пратам таму, да видиме дали ќе остави сами да си го решат проблемот со него...
А иначе, Тила после тоа, не ги обожава женските кучиња многу многу. Идиот.