Јас би зборувал за еден по незапазен и неспортски модел, кој сепак дозволува големо уживање во возењето. Шкода 105/120 за мене до ден денеска претставува мерило меѓу старите автомобили.
Прв контакт со кола, прво возење, прво земање кола без да знае тате , уживање во задниот погон под полна туража - сето тоа ми е поврзано со таква кола. Ја имав до пред 3 месеци дома и тоа како наследство(ја купил дедо ми, па татко ми ја наследил , па ми ја дадоа мене и јас ја упропастив).
Иако премногу се величаат Застава,Југо и фичо како добри млади олдтајмери, јас сум убеден дека шкода ги „шие“ сите во комфор, во уживање , во квалитет на завршна обработка , во квалитет на делови, во стабилност по патишта и ред други работи. Јас шуте, ме убедија да си ја дадам ( и ја фрлив на отпад само што фатив да ја фарбам) и си зедов 101. Верувајте, ми иди да си пукнам во кожата - Имав мек волан, мек мењач, лесни педали ( и една голема предност - Шалтање без куплуг) , 1200цм3 и 52 кс , најздрава шасија ( На Шкода не се јавува корозија) , удобни седишта и 4 врати , СИ ЈА ДАДОВ СЕ НА СЕ ЗА 150 ЕВРА И МИ ОСТАНАА УШТЕ НЕКОИ ДЕЛЧИЊА:uvo:СЕГА ПОСТОЈАНО СИ ГИ КИНАМ ЖИВЦВИТЕ СО 101.
СИТЕ ШТО ИМААТ ШКОДА , МОЈА ПРЕПОРАКА Е ДА НЕ ЈА ДАВААТ ОТИ ПОСЛЕ ДУРИ НЕ ЗЕМАТ ДРУГА, НЕМА ДА ЈА ПРЕЖАЛАТ!!!