Фергусон: Во втората половина на 2008 ќе стартува изградбата на АМБО

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Изградбата на нафтоводот АМБО ќе почне да се гради во втората половина на 2008 година, рече Тед Фергусон на денешното потпишување на Конвенцијата за реализација на нафтовод АМБО во Скопје. Првата нафта низ нафтоводот треба да протече во 2011 година.
Конвенцијата за нафтоводот денеска во Владата ја потпишаа министрите за економија на Македонија, Албанија и Бугарија, Вера Рафајловкса, Генц Рули и Асен Гагаузов.
Рафајловска на потпишувањето истакна дека трите земји ќе имаат бенефит од нафтоводот по основ на транзитна такса и зголемување на сигурноста во снабдувањето со енергија.
Придобивките на Македонија по овој основ на годишно нивно Македонија ќе има прилив околу 30 милиони долари.
Бугарскиот министер Гагаузов додаде дека изградбата на АМБО ќе ја забрза и изградбата на Коридорот 8 кој исто така е од големо значење.
Нафтоводот АМБО ќе пренесува касписка нафта од Бургас –Бугарија, преку Македонија до Драч во Албанија. Капацитетот на АМБО ќе биде 750.000 барели на ден, а нафтоводот ќе биде долг 894,5 километри од кои 273 се во Македонија.
Изградбата ќе чини 1,2 милијарди долари, а досега се безбедени 800 милиони долари. Министерот за странски инвестиции Глигор Ташковиќ, кој доаѓа од корпорацијата АМБО, неодамна изјави дека финансиската конструкција ќе се затвори со влезот на уште една нафтена компанија.
Можно е останатиот дел од парите да се обезбедат преку обврзници.
Корпорацијата АМБО бараше и даночни олеснувања од трите земји во следните 25 години. Засега ова прашање е на стенд бај.
(Тотал)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom