Дечки (за Надалистите), не знам за вас, али мене преку тасе ми се овие навидум изгубени мечеви па враќање назад и победа после 3 саати игра... Па дај една победа сигурна, асална, без да пукаат нерви. Него, до сега сите мечеви на турниров на ист начин ги добива, утре мислам дека ќе пројде ама во недела ако налета на Новак, ми делува дека ќе доживее катастрофа, со него тешко дека вака ќе ја сврти играта. Ова е дуел што искрено во моментов не го посакувам, за прв пат до сега сметам дека Рафа не може да го добие Новак, не само на турниров, туку во овој моментален тениски период. Ако грешам супер... Србинот го игра најдобриот тенис во моментов, да не беше заебанцијата со зглобот и Монте Карло ќе беше негов, последниот дуел со Рафа видовме како заврши, едноставно се оди во негов прилог за да го земе турниров.
Денеска Мареј извади добра тактика против Надал, на шпанецот му беше спас првиот сервис да иде во поле зашто на вториот Енди го јадеше начисто, и тој ја превземаше контролата. За честитање му е таа храбра игра на Мареј, штета што ретко тенисериве се решаваат да сменат нешто и да ризикуваат. Физичката спремност и менталната секогаш му биле јаки на шпанецов, па после одма се виде разлика при подобрување на сервата на Надал, Мареј не беше надмоќен па шпанецот можеше да ја игра својата игра, форхендот не му се виде денес, но од каде успеа да ги извади тие удари со бекхендот

слично како на РГ против Новак, прошла година, кога ги чистеше линиите со бекхендот. И дај нека прекрати пауза меѓу сервирање, треба повеќе да го опоменуваат и мене ме нервира тој сегмент од играва негова. Hot shot-от на Надал за рибрејк при 3-4 за Мареј
Не им е сеедно и на нив сепак тешки услови има во цела земја и починати граѓани,па не им е баш до водење на утакмиците со некој повесел тон.
Де бре, па прееска кога играше Новак не му се приметуваше тоа во тонот баш, цело време беше дивно и сјајно, по некој наврат и савршено, додава нов збор Вишко... Него пре би рекол дека е уморен, се уби од коментирање, али од друга страна тврди дека ова е најдобар меч годинава на земја а коментираше како да го гледаме Гаспаров против компјутерот.