Интересни совети. Сум читал нешто слично, но проблемот е секогаш истиот: реализација на теоријата во пракса. За удобно корстење на советиве треба софистициран (и скап) полнач на батерии. (јас планирам да одберам некој модел од Maha)
Во пракса, секогаш гледам да ја истрошам батеријата (не до исклучување, туку до првото предупредување). Потоа ги полнам батериите до крај, а ако се внатершни (телефон, лаптоп, итн) скоро секогаш гледам уредите да се исклучени пред да ги ставам на полнење, и потоа не прекинувам/исклучувам или било што до целосното полнење. Со ваква пракса секогаш батериите ми трајат многу подолго во однос на луѓето што ги полнат по пола саат батериите (се брзаат или слично). Корисен совет е секогаш да се има дома резервен (стар) телефон за префрлање на сим картичката (исто може и со стара лаптоп батерија да се практикува вакво нешто).
Како заклучок, можеби варијантата 40% до 90% е добар совет, ќе експериментирам со некој нов полнач. Но останува фактот дека ако иако така можеби се пролжува бројот на полнења -празнења, сепак помало е и еднократното време на користење на батеријата (меѓу полнења).
Практично со овие совети излегува како да се користи батерија со барем 40% помалку капацитет, нешто што ја побива корисноста од сличен процент повеќе циклуси на полнење -празнење.