Подолг работен век и капацитет за вашите батерии

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.767
Поени од реакции
18.522
Темава ја отварам за совети - пролонгирање на животот, и оптимално одржување на капацитетот на батериите после подолга употреба, ова важи за Li Ion батериите, т.е. хемијата на која се базирани, батерии кои најчсто се наоѓаат во мобилните уреди.

Знаете дека обично телефоните се полнат многу често т.е. секој ден, или на неколку дена. Колку време ќе издржат истите, и во каква состојба ќе бидат зависи од многу работи.


a) Квалитетот на самата батерија.....

b) Начинот на користење на уредот (воедно и батеријата)

c) Термичките услови во кои се користел уредот - т.е. батеријата.



Како најлесно да добиете батерија која ќе трае 3-4x повеќе, и ќе одржува далеку поголем капацитет/напон дури и после неколку години? т.е. зголемен број на циклуси на полнење и времетраење на ефективна употреба на вашиот уред?


  • 1. Никогаш не го оставајте телефонот да се испразни скроз! најдобро е да се полни кога телефонот ви е околу 40/50% полн, ако ова не ви е практично, пробувајте барем кога сте во можност да го полните кога батеријата е на најмалце 20% останато, никогаш не го користите до крај доколку сте во можност!
  • 2. Никогаш не го полнете целосно телефонот! ако немате индикатор на уредот, или пак ве мрзи на секое да го мерите напонот (волтажата) тогаш најдобро би било да научите (да водите сметка) да го научите уредот -т.е. да воочите според тоа колку сте го користеле уредот после полнењето (од прилика) истиот е полн или скоро полн. Најдобро е да се полни до 90% над тоа добивате само неколку проценти капацитет, а го кратите векот на батеријата за 2 до 4 пати.
  • 3. Алгоритмите кои ги користат повеќето од основите полначи не се баш напредни, и обично прават значителен терет на батериите (полнат на 1A (ампер) па дури и повеќе при што батеријата е на максималниот дозволен лимит. Целиот трик е во тоа да го извадите уредот од полнач кога е на 85-90% од својот максимален капацитет (mAh) со ова добивате 2-4X зголемен број на циклуси на полнење-празнење на батеријата, како и значително помало време на полнење на самата батерија, но со животен век продолжен за неколку пати - како и по констатно држење на капацитетот на батеријата при употреба на вашиот уред. Ова е една од главните причини за толку различни искуства со батериите на исти модели на уреди.
  • 4. Никогаш не дозволувајте уредот да прегрее, да го користите во претопла просторија или пак на вашиок скут, или пак да го оставите на сонце! температурата е огоромен негативен фактор за долготрајноста на батериите!

Се разбира сето ова не значи ништо ако менувате уред секоја година, но не е лошо да се знае, поготово заради тоа што литиумските батерии се користат и кај лаптопите/таблетите, кои не се менуваат така често.
 
Сепак е битно барем еднаш во 2-3 месеци телефонот да се испразни целосно и повторно да се наполни.
 
Го полниш од 40-50 до 90%, за каков век станува збор? Вака ќе ми држи 1 час батеријата, мое искуство е го чекам до 5-10% и го полнам до крај.Никогаш сум немал проблем со батериите па дури и каначките што си ги чувам од пред 5,10 год сеуште држат 4,5 дена батерија.
И многу битно е да се избегава сецкање со полнењето т.е. капни некој минут струја и замини, смрт за батеријата.
 
Последно уредено:
Може source да ставиш psy? За да бидам сигурен...
 
Темава ја отварам за совети - пролонгирање на животот, и оптимално одржување на капацитетот на батериите после подолга употреба, ова важи за Li Ion батериите, т.е. хемијата на која се базирани, батерии кои најчсто се наоѓаат во мобилните уреди.

Знаете дека обично телефоните се полнат многу често т.е. секој ден, или на неколку дена. Колку време ќе издржат истите, и во каква состојба ќе бидат зависи од многу работи.


a) Квалитетот на самата батерија.....

b) Начинот на користење на уредот (воедно и батеријата)

c) Термичките услови во кои се користел уредот - т.е. батеријата.



Како најлесно да добиете батерија која ќе трае 3-4x повеќе, и ќе одржува далеку поголем капацитет/напон дури и после неколку години? т.е. зголемен број на циклуси на полнење и времетраење на ефективна употреба на вашиот уред?


  • 1. Никогаш не го оставајте телефонот да се испразни скроз! најдобро е да се полни кога телефонот ви е околу 40/50% полн, ако ова не ви е практично, пробувајте барем кога сте во можност да го полните кога батеријата е на најмалце 20% останато, никогаш не го користите до крај доколку сте во можност!
  • 2. Никогаш не го полнете целосно телефонот! ако немате индикатор на уредот, или пак ве мрзи на секое да го мерите напонот (волтажата) тогаш најдобро би било да научите (да водите сметка) да го научите уредот -т.е. да воочите според тоа колку сте го користеле уредот после полнењето (од прилика) истиот е полн или скоро полн. Најдобро е да се полни до 90% над тоа добивате само неколку проценти капацитет, а го кратите векот на батеријата за 2 до 4 пати.
  • 3. Алгоритмите кои ги користат повеќето од основите полначи не се баш напредни, и обично прават значителен терет на батериите (полнат на 1A (ампер) па дури и повеќе при што батеријата е на максималниот дозволен лимит. Целиот трик е во тоа да го извадите уредот од полнач кога е на 85-90% од својот максимален капацитет (mAh) со ова добивате 2-4X зголемен број на циклуси на полнење-празнење на батеријата, како и значително помало време на полнење на самата батерија, но со животен век продолжен за неколку пати - како и по констатно држење на капацитетот на батеријата при употреба на вашиот уред. Ова е една од главните причини за толку различни искуства со батериите на исти модели на уреди.
  • 4. Никогаш не дозволувајте уредот да прегрее, да го користите во претопла просторија или пак на вашиок скут, или пак да го оставите на сонце! температурата е огоромен негативен фактор за долготрајноста на батериите!
Се разбира сето ова не значи ништо ако менувате уред секоја година, но не е лошо да се знае, поготово заради тоа што литиумските батерии се користат и кај лаптопите/таблетите, кои не се менуваат така често.
Едноставно земи си телефон со батерија што се вади и готово, решен проблем.

Плус, еден куп телефони што се со батерија што не се вади, може едноставно да се однесат на сервисер, да ти го отвори телефонот и да ти ја смени со друга батерија.

Не вреди да се замараш.
 
Другар темава е за секаков тип на батерии, и за оние во лаптопи и таблети. Уствари за сите Li ion. Tие батерии не се менуваат, или пак се скапи за да се сменат.

Овие методи не се морални, наведов во воведниот пост, овие методи не се ни практични, но се препорачливи ако не ве мрзи ако сакате да ви траат повеќе, и да го држат полнењето подолго.

t0Anr2B.png
 
Последно уредено:
Една батерија е 300 денари, ја да се заебавам да гледам колку ми е изпразнет телефонот па да го ставам да се полни и да го чекам до 90 % е не исплатливо башка векот на една батерија е 2-3 години зависи како ке се погоди може некад и више :)
 
Има горе линкови, и табела можете да видите како идат работите.

За крај, не се работи само за телефони, истиот тип на батерии се и во лаптопи и во таблети, иди пробај да замениш на лаптоп, и распрашај се кои фрустрации се кога батеријата наместо да држи 5 саата ќе држи 2 после 1 година, поготово ако е лаптопот од пониска класа, со лоши батерии.

Темата ја отворив во овој подфорум заради тоа што не видов друга соодветна, истата важи за сите Li-ion батерии и за корисниците кои не менуваат телефон секоја година или 2, или за оние кои сакаат да водат сметка и да имаат батерии во добра состојба. За другите како што реков не е морално, секој со свој терк.
 
Една батерија е 300 денари, ја да се заебавам да гледам колку ми е изпразнет телефонот па да го ставам да се полни и да го чекам до 90 % е не исплатливо башка векот на една батерија е 2-3 години зависи како ке се погоди може некад и више :)


Едно е факат да ни даде Господ здравје а батеријата е предвидена да цркне порано или подоцна како што телефоните ги мењаме ко чорапи нема логика да се заебаваме може само да секираме за работа и пари друго не ми е гајле.
Смартфоните имаат многу слабости не само предности тоа е технологијата.
 
Дајте накој да го испроба цело ова за еден месец и нека каже ако навистина успева.
 
Момци, имате линкови од универзитетот за батерии, како и табела. Истиот е со проверен кредибилитет, и испитувања во лабаратории, професионални.

Јас не измислив топла вода, овие информации се одамна познати, пробав малце попросто да ги доловам, сигурно ако не е така или ако се соменвам во валидноста немаше да ја отворам темава.
 
Малку не те сфатив, моментално користам Ајфон 3гс и батеријата не му е баш нај нај ако не го штракам држи по 1 ден батерија, на интернет седење повеќе од 2 часа не издружува, и сега ако го полнам како што кажа повеќе време ќе ми трае батеријата ?!
 
Ја полнам како ке ми текне,некад ја прекинувам,некад до крај,некад стои нон-стоп на полнач.последниов месец скоро нон-стоп ми е на полнач пошо ко хотспот го користам телефонот.и после се тоа пак си држи батерија,не е којзнае колку али не е цркната.иначе е 2 години и 4 месеци(галакси с2 е телефонот).
 
Малку не те сфатив, моментално користам Ајфон 3гс и батеријата не му е баш нај нај ако не го штракам држи по 1 ден батерија, на интернет седење повеќе од 2 часа не издружува, и сега ако го полнам како што кажа повеќе време ќе ми трае батеријата ?!

Више не може ова горе пишаното важи за нови батерии не стари користени така да како калибрација нема ништо да ти помогне а и толку му е душата на ајфонот 3гс
 
Малку не те сфатив, моментално користам Ајфон 3гс и батеријата не му е баш нај нај ако не го штракам држи по 1 ден батерија, на интернет седење повеќе од 2 часа не издружува, и сега ако го полнам како што кажа повеќе време ќе ми трае батеријата ?!

Kaсно е веќе, тоа правило важи за батерии кои се во добра состојба, за тие кои се 3-4 години користени неправилно нема спас. Е токму затоа ја отворив темава, ете има корисници како тебе кои се на постари телефони, да си се држел до предлозите наведени горе (доколку си знаел нели) батеријата ќе ти држеше далеку повеќе.

Ете добар пример за потенцијалната корист од правилно одржување и користење на литимуските батерии на долг период.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom