Psyside
Nocturnal
- Член од
- 30 јануари 2009
- Мислења
- 18.767
- Поени од реакции
- 18.522
Темава ја отварам за совети - пролонгирање на животот, и оптимално одржување на капацитетот на батериите после подолга употреба, ова важи за Li Ion батериите, т.е. хемијата на која се базирани, батерии кои најчсто се наоѓаат во мобилните уреди.
Знаете дека обично телефоните се полнат многу често т.е. секој ден, или на неколку дена. Колку време ќе издржат истите, и во каква состојба ќе бидат зависи од многу работи.
a) Квалитетот на самата батерија.....
b) Начинот на користење на уредот (воедно и батеријата)
c) Термичките услови во кои се користел уредот - т.е. батеријата.
Како најлесно да добиете батерија која ќе трае 3-4x повеќе, и ќе одржува далеку поголем капацитет/напон дури и после неколку години? т.е. зголемен број на циклуси на полнење и времетраење на ефективна употреба на вашиот уред?
Се разбира сето ова не значи ништо ако менувате уред секоја година, но не е лошо да се знае, поготово заради тоа што литиумските батерии се користат и кај лаптопите/таблетите, кои не се менуваат така често.

- 1. Никогаш не го оставајте телефонот да се испразни скроз! најдобро е да се полни кога телефонот ви е околу 40/50% полн, ако ова не ви е практично, пробувајте барем кога сте во можност да го полните кога батеријата е на најмалце 20% останато, никогаш не го користите до крај доколку сте во можност!
- 2. Никогаш не го полнете целосно телефонот! ако немате индикатор на уредот, или пак ве мрзи на секое да го мерите напонот (волтажата) тогаш најдобро би било да научите (да водите сметка) да го научите уредот -т.е. да воочите според тоа колку сте го користеле уредот после полнењето (од прилика) истиот е полн или скоро полн. Најдобро е да се полни до 90% над тоа добивате само неколку проценти капацитет, а го кратите векот на батеријата за 2 до 4 пати.
- 3. Алгоритмите кои ги користат повеќето од основите полначи не се баш напредни, и обично прават значителен терет на батериите (полнат на 1A (ампер) па дури и повеќе при што батеријата е на максималниот дозволен лимит. Целиот трик е во тоа да го извадите уредот од полнач кога е на 85-90% од својот максимален капацитет (mAh) со ова добивате 2-4X зголемен број на циклуси на полнење-празнење на батеријата, како и значително помало време на полнење на самата батерија, но со животен век продолжен за неколку пати - како и по констатно држење на капацитетот на батеријата при употреба на вашиот уред. Ова е една од главните причини за толку различни искуства со батериите на исти модели на уреди.
- 4. Никогаш не дозволувајте уредот да прегрее, да го користите во претопла просторија или пак на вашиок скут, или пак да го оставите на сонце! температурата е огоромен негативен фактор за долготрајноста на батериите!