Подолг работен век и капацитет за вашите батерии

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Една батерија е 300 денари, ја да се заебавам да гледам колку ми е изпразнет телефонот па да го ставам да се полни и да го чекам до 90 % е не исплатливо башка векот на една батерија е 2-3 години зависи како ке се погоди може некад и више :)
300 денари? :eek:
Што телефон користиш? Nokia 3310?
 
Батерија на мобилен,таблет,лап топ секогаш ги празнам и полнам до крај.
На било кој нов уред трипати ја празнам до крај батеријата и трипати ја полнам по 10-12 часа и ниедна батерија не ми траела пократко од 4-5 години
 
300 денари? :eek:
Што телефон користиш? Nokia 3310?

Не,ај кажи ти колку се движат батериите ја последнава што ја купив за с4 е ја земав 600 денари,иста нарачав од ebay за 300 денара и двете батерии што ги користам имаат исти перформанси со оргиналот, ја никад не зборам на памет
 
Појма немам искрено. :unsure:
Никогаш не сум купувал батерија за телефон. Обично векот на траење на телефоните им е или ист или пократок отколку на батеријата.
Ама во секој случај 300 денари ептен евтино е. Освен ако порачуваш од трет производител, кинески некои... OEM секогаш се скапи.
 
Интересни совети. Сум читал нешто слично, но проблемот е секогаш истиот: реализација на теоријата во пракса. За удобно корстење на советиве треба софистициран (и скап) полнач на батерии. (јас планирам да одберам некој модел од Maha)

Во пракса, секогаш гледам да ја истрошам батеријата (не до исклучување, туку до првото предупредување). Потоа ги полнам батериите до крај, а ако се внатершни (телефон, лаптоп, итн) скоро секогаш гледам уредите да се исклучени пред да ги ставам на полнење, и потоа не прекинувам/исклучувам или било што до целосното полнење. Со ваква пракса секогаш батериите ми трајат многу подолго во однос на луѓето што ги полнат по пола саат батериите (се брзаат или слично). Корисен совет е секогаш да се има дома резервен (стар) телефон за префрлање на сим картичката (исто може и со стара лаптоп батерија да се практикува вакво нешто).

Како заклучок, можеби варијантата 40% до 90% е добар совет, ќе експериментирам со некој нов полнач. Но останува фактот дека ако иако така можеби се пролжува бројот на полнења -празнења, сепак помало е и еднократното време на користење на батеријата (меѓу полнења).
Практично со овие совети излегува како да се користи батерија со барем 40% помалку капацитет, нешто што ја побива корисноста од сличен процент повеќе циклуси на полнење -празнење.
 
40% помало користење не е еднакво на 3/4 пати повеќе циклуси на полнење и празнење. Така да таа теорија не држи....како и да е дури и кога е 80% искористена, ако се става на полнач и ако не се полни над 90% ќе има далеку подолг ефективен работен век него да се празни скроз и да се полни скроз. Ете ви баланс....ако до 40% не е практично :)
 
Секоја батрерија има ќелии во неа.
Ако не ја празниш или полниш до максимум келиите кои не се употребуваат со тек на времесе расипуваат па место да трае 2-5дена батеријата,трае 1-2 дена па ти полнија или дополнувај ја колку и како сакаш џабе тие
 
Дечки а да ве прашам стари батерии каде фрлате? Купив нова за лап топов, па старава сакам да ја фрлам
 
Имам нова батерија за галакси с2 (1650милиампери знаете) и полначи со 5 волти, арно ама, едниот е 1ампер а другиот 2амперски, и уште еден имам, 4.75 волти и 0.750 ампери. Прашањата ми се:
-Со кој полнач да ја полнам батеријата за прв пат?
-Колку да биде празна за да ја ставам на полнење?
-Колку саати да бидат првите неколку полнења?
 
Оригинал полнач за галакси с2 е 5 волти и 0.7 ампери.така да полни ја со тој последниот.ја полниш додека да се наполни,не треба да стои по 12 саати ко порано.
 
Оригинал полнач за галакси с2 е 5 волти и 0.7 ампери.така да полни ја со тој последниот.ја полниш додека да се наполни,не треба да стои по 12 саати ко порано.
Ќе има проблем ако ја полнам со 1 или 2 амперските?
 
Со 1 си на лимит, со 2 ќе ја уништиш..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom