- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.307

Фабриката за производство на автобуси „Санос“, в понеделник, на маса пред премиерот Никола Груевски и пред градоначалникот Трифун Костовски, ќе ја стави понудата да врши јавен превоз низ скопските улици за што ќе побара да му се издаде лиценца.
Ова е трета понуда во изминативе девет месеци, која „Санос“ ја доставува до владата. Првите неуспешни преговори беа за продажба на автобуси, при што 35 отсто од вредноста беа холандска донација.
- Со новата понуда не барам ниту денар од државата. Барам само право да можам да извршувам градски превоз со 400 нови, најмодерни и еколошки автобуси. Инвестицијата е 60 милиони евра, а ќар ќе имаат и граѓаните и државата - вели Славе Распашковски, сопственик на „Санос“.
Тој објаснува дека автобусите ќе бидат приспособени за влез на мали деца и на изнемоштени стари лица бидејќи имаат низок под, ќе возат по пониска цена од сегашната, со можност да се плаќа според бројот на станици на кои се вози патникот, ќе користат еколошко гориво, како и дека ќе бидат климатизирани и ќе нудат безбедност во сообраќајот. За производство на автобусите, за кои со странски партнери се обезбедени парите, ќе се вработат 1.000 лица, а ќе се ангажираат и домашни фирми. Сопственикот на „Санос“ вели дека автобусите ќе бидат фискализирани и дека од секој билет ќе се плаќа данок, наспроти сегашниот паушал.
- Досега во Градот не е пристигнат предлог за приватен јавен превоз. Ако се достави вакво барање, градското Одделение за сообраќај ќе го разгледа и ќе го достави на разгледување во Градскиот совет, кој всушност е надлежен за одредување на автобуските линии за приватните превозници - велат од градското одделение за односи со јавност.
Новите автобуси на „Санос“ би се вклопиле во возниот ред на ЈСП и на приватните превозници и би биле на местото на старите и дотраени автобуси. Во ЈСП веќе одлучиле кои 100 дотраени автобуси мораат итно да се заменат. - “Шпиц“ - 15.01.2007
Дали Санос ќе успее да ни даде убав градски превоз и зошто властите не сакаат просперитет?
