- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.412
- Поени од реакции
- 118.873
Време е за вториот Мастерс на земјена подлога оваа сезона, или вкупно 4ти во годината. Победници на првите три Мастерси се Новак Ѓоковиќ, кој триумфираше на Индијан Велс и во Мајами, и Станислас Вавринка кој победи во Монте Карло. Турнирот во Мадрид би требало во голема мера да ги отвори картите пред вториот Грен Слем годинава, Ролан Гарос, кој почнува во последната недела од Мај. Турнирот се игра истовремено и во машка и во женска конкуренција.
Бранител на трофејот кај мажите е Рафаел Надал, кој во финалето го победи Вавринка со 6-2 6-4. Кај жените титулата ја брани Серена Вилијамс која ја победи Шарапова со 6-1 6-4. И двајцата бранители на трофеите не доаѓаат во најсјајна форма, особено тоа важи за Надал, кој после долги години доминација на земјените терени успеа да забележи два порази на првите два турнира на земја и да остане без освоен трофеј на оваа подлога уште од далечната 2005 година! Најголем конкурент на Надал секако ќе биде Новак Ѓоковиќ, но и за него формата е енигма со оглед на тоа дека по турнирот во Мајами имаше незгодна повреда на раката и мораше една недела да носи лонгета. Ноле изјави дека е спремен и дека ќе настапи на турнирот во Мадрид, па останува да видиме до каде е со повредата, а и со формата. Тука е и Вавринка, кој игра најдобро оваа сезона, и е во најголема форма од сите тенисери на турот. По првиот Слем го освои и првиот Мастерс, самодовербата му е на високо ниво и очекувам да продолжи да игра добро и да покаже дека тие титули не биле случајност. Федерер исто не смее да се отпише, Роџер игра како препороден оваа сезона под палката на Едберг.
Инаку невообичаено, и он и Надал пристигнаа во Мадрид во средата, два дена порано од вообичаеното, како што имаа практика претходните сезони. Сега за сега немам информација кој и дали има откажано учество од турнирот, освен Делпотро нормално, а чим дознаам ќе направам едит или ќе му кажам на Види Фотос да направи едит. Прв носител кај мажите е Надал, кај жените Серена Вилијамс. Подоцна би требало да излезе и ждребот, па ќе едитирам и ќе го поставам линкот од ждребот. Мислам дека не очекува една возбудлива и многу квалитетна тениска недела.
Слики од победниците минтата сезона: