13 години од масакрот кај Вејце

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорче 1932
  • Време на започнување Време на започнување
Слава им, ќе остана само прашањето, зошто ги загубија своите животи, за која цел, за чија кауза...
 
Вечна им слава на загинатите херои, но за што загинаа?:place:
 
:place::place::place:
Понекад форумов го мразам ради вакви работи... Таман ќе заборавам многу работи околу војната, затоа што и дома си имам случај поврзан со војната, и оп ќе излезе некоја ваква тема.
И не треба да се заборави,мислам за остантите луѓе :) Иако изглеа 90 посто од Македонците заборавија и некој работи како славење избори им се побитни,бар ете нека се знае дека сеуште има некој што ќе ги испочитува.Мада све е џабе коа ништо не можеме да смениме.
Секој пат коа ќе слушнам дека некој брани некоја наша политичка партија,дека брани Албанци,некаков соживот и идеата дека политичарите не разделуваат и ги прават инцидентите еден линк од темава за да се освестат.
 
На само две години од велигденскиот масакр на деца, никому ништо, па сега за 13 години од Вејце, воопшто не ме изненадува молкот на државата.
Интересно е тоа што првиот круг на изборите беше закажан, точно на двегодишнината од убивањето на децата на Смилковско езеро, а вториов круг на 13-годишнината од Вејце.
По медиумите до касно вечерта, немаше ништо околу двегодишнината на настанот. Вечерта некои објавија кратки текстови. И толку. (Република и Курир, дури ни тоа. Ништо цел ден за две годишнината од најстрашниот масакр).
Некој би рекол дека е разбирливо тоа, пошто изборите се многу по битни за власта, одколку занимавање со непријатно прашање.
За годишнината на Вејце, медиумскиот молк, исто така е приметлив, небаре ако се правиме дека сме заборавиле, настанот магично ќе се откорне од историјата и јавното сеќавање.
Стекнатите фотељи мора да бидат натопени со крв, за да фати мајата.

Кој не памти, ќе повторува.
 
Нека им е вечна слава. На овие луѓе децата треба да се огледуваат за да видат што се патриоти, а не на оние 100 луѓе што дремат во парламент и продаваат демагогии како се патриоти.
 
А вчера ора ми играат, како светско фудбал да сме освоиле да им се плукнам.. Нека им е вечна на слава на вистинските херои а не квази "Македончишта" што насекаде се удираат во гради и ми зборат за "светла" иднина со НАПРАВЕНАТА разлика на изборите..
 
Како што во еден период една генерација ги имала Делчев, Груев, Сандански, така ја во мојот живот ќе ги имам бранителите. Покрај сите херои и револуционери што сме ги имале бранителите ги чуствувам " најблиску" бидејќи во мојот животен век они дадоа животи за Македонија за својот народ, за мене.

Многу многу треба да се цени тоа дека некој дал живот за државата и својот народ. Тоа е херојска работа. Отсекогаш сум сметал дека споменик за нив треба да биде поставен на центарот од плоштадот.

Вечна им слава.
 
:place::place::place:
Понекад форумов го мразам ради вакви работи... Таман ќе заборавам многу работи околу војната, затоа што и дома си имам случај поврзан со војната, и оп ќе излезе некоја ваква тема. Вечна им слава, златни луѓе погинаа за денес некој курот да си игра со нас. Тие што ги убија ни се министри, заменици премиери, пратеници и слично. Сосема логично нели? Да ти се намочам во државата умрена, и после се чудат зошто ние младите сме си оделе од земјава... Епа затоа, затоа што не сакам терористи да ми ги носат законите и да управуваат со државата, држава против која пукаа пред 13 години.

Уште еднаш, вечна им слава и нека почиваат во мир, барем тоа го заслужиле.


Извини ако сум ти дирнал некоја жичка што најмалку треба,но темава ја отворив бидејќи не заслужуваат да се заборават.Никогаш и од никого.Очигледно политичарите ги заборавија и седнаа на маса со оние што ги убија и ги масакрираа,но народот никогаш нема да ги заборави,барем поголемиот дел.Убава песна има направено Гоце Арнаудов,бог да го прости и него,ќе издвојам само дел

Душман дојде,жив го фатија
за парче злато брат го предаде
ниту викна,ниту пукна
в лице брата тој го плукна
и во ноќта црна замина

и јас имам изгубено некого во војната и знам како е тоа болно и никакво чувство,затоа не треба да се заборават тие што загинаа за Македонија во војната.Треба секогаш да се сеќаваме на нив бидејќи тоа е најмалку што можеме да го сториме.
Господ гледа,тркалото се врти се надевам ќе си дојде се како што треба.[DOUBLEPOST=1398724941][/DOUBLEPOST]МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ ОПОМЕНУВА

Денес, пред споменикот на Бранителите во паркот “Жена Борец“ во Скопје, положивме свежо цвеќе во чест на припадниците на македонската Армија и Полиција кои загинаа во еден од најкрвавите настани во 2001-та, заседата кај с. Вејце. На централниот споменик на Бранителите во Скопје немаше ниту една државна делегација, ниту еден единствен претставник на власта, од било кое ниво. Цвеќе положи единствено делегација на “Достоинство“.

И денес, 13 години подоцна, сеуште ми се свежи сеќавањата на овој крвав настан од 2001 година. Ја имав несреќната должност да бидам на местото на масакрот утрото веднаш после крвавиот чин, како обезбедување на групата која го вршеше увидот на местото на заседата. Додека се движевме помеѓу запалените возила сеуште се чувствуваше мирисот на барут, мирисот на изгорено човечко месо, мирисот на смртта. Насекаде наоколу расфрлани чаури од испукани куршуми, остатоци од експлодирани гранати, крв, пепел, смрт...

Според обдукциониот наод на Институтот за судска медицина, на некои од ранетите им било пукано во глава од непосредна близина додека уште биле живи, неколку од нив добиле убодни рани од нож а неколку биле запалени...

Денес, 13 години подоцна, додека нашите соборци гнијат во црната земја, сторителите на овој гнасен, вандалски чин, се амнестирани и се наоѓаат на слобода. И, да биде злото поголемо, можеби некои од нив пијат кафе во центарот на Скопје, на само стотина метри подалеку од местото на кое полагавме цвеќе. Но, еден ден, кога и да е, правдата мора да биде задоволена.

Нека им е вечна славата на нашите загинати херои. Споменот на нив засекогаш ќе остане со нас.

Генерал Стојанче Ангелов
 
Последно уредено:
Оваа земја раѓала херои и предавници, јунаци и проклетници, Македонски. Куршум по куршум те убивал, камен на камен те налегнал, душман по душман те изодел, па се изгорел... Карпалак, Вејце, Љуботен, народе не ги заборавај, јунаци таму загинаа за Македонија. Тој што те предал и проколнал колнат ќе биде до века, пак сонце ќе нè огрее откај планините..."."Кај село Вејце, на Шар Планина, темен се облак надвисна над осум цвета мајкини, мајкини чеда најмили. Темен се облак распука, слана по Шара распосла над осум цвета мајкини во цутотда ги изгори... Осум ми цвета свенаа,осум ми солзи капнаа... кој облак пушти на небо, клетви му мајки фрлаат, срцето црно негово орлите да го колваат". Ова се само дел од стиховите на пес-ните посветени на македонските бранители, кои загинаа за својата татковина. Ќе бевме помирни ако загинеа во директна борба со непријателот. Но,најмногу боли тоа што повеќето беа убиени во заседа, на подмолен и кукавички начин. Државата ги заборави, а на нивните гробови плачат само најблиските. Ги амнестираа злосторниците и наместо зад решетки ги сместија во собраниските фотелји. За разлика од нив,семејствата на загинатите сè уште талкаат по институциите на системот, барајќи ја правдата и вистината зошто им погинаа децата. Македонската јавност не смее да ги заборави македонските херои.

10257904_289725817859240_2775733363111215885_n.jpg


13 НЕПРЕБОЛЕНИ ГОДИНИ ОД МАСАКАРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ...
ВЕЧНА ВИ СЛАВА МАКЕДОНСКИ СИНОВИ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom