Натпревар #5 - Тема: Пиво [ГЛАСАЊЕ]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Гласајте за најдобрата пивска фотографија!


  • Вкупно гласачи
    219
  • Гласањето е завршено на .

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.315
Поени од реакции
34.716
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
ПРЕГЛЕД НА СИТЕ ПРИЈАВЕНИ ФОТОГРАФИИ

- Галеријата е за преглед, се гласа во темава;
- Името на авторот на фотографијата е во описот;
- Гласањето трае 7 дена;
- Наредниот натпревар почнува следниот викенд;
- Темата за наредниот натпревар ја одбира победникот од овој натпревар;
 
Олимпија (y)
Каде е сликано ова ? На пивото читам Мексико
 
Гласам за ЕјСи ДиСи....Златен Даб:love:
 
MadMan, секоја чест, цигарчето екстра ефект и дава на сликава. (y)
 
По сликите веднаш се гледа кој е професионалец а кој аматер . Сите се убави и креативни навистина . Мој глас иде за Ејсид . Иначе никогаш не ми било јасно како се сликаат производите од внатрешната страна на фриждерот како на сликата кај Ејсид . Порано кога го гледав на реклами истото мислев дека е фотомонтажа . Се надевам некој ќе ми ја открие оваа мистерија . :D
 
^
Го ставаш апаратот во фрижидер и го ставаш тајмерот на 10тина секудни и го подесуваш на опцијата 4-5 слики да слика откако ќе одбројат тие 10 секунди. И тоа е тоа, нема голема мистерија.
 
По сликите веднаш се гледа кој е професионалец а кој аматер . Сите се убави и креативни навистина . Мој глас иде за Ејсид . Иначе никогаш не ми било јасно како се сликаат производите од внатрешната страна на фриждерот како на сликата кај Ејсид . Порано кога го гледав на реклами истото мислев дека е фотомонтажа . Се надевам некој ќе ми ја открие оваа мистерија . :D
И мене секогаш ми биле интересни тие кадри. А затоа што сакам предизвици, решив да видам дали ќе успеам да создадам нешто слично - односно, да добијам некоја перспектива на гледање од страната на фрижидерот :)

Иако, верувам дека за вистинските реклами на производите не се користат вистински фрижидери туку адаптирани, во случајов - станува збор за регуларен затворен фрижидер. Фотографијата е направена со Nokia Lumia 920, мобилен телефон кој се држи на исто ниво со компактните апарати (иако за некои работи е и подобар). Телефонот има објектив кој снима широк агол, што е совршено за ваков тип на фотки. Освен тоа, Nokia Camera дозволува рачно да ги подесуваш параметрите при фотографирање, што е уште една позитивна работа. Во случајов, телефонот е потрпрен на крајот на фрижидерот и наместен е да фотографира 5 секунди по притиснувањето на копчето. Доволно за да го грабнеш пивото додека тој автоматски фотографира :)

Повеќе околу параметрите за фотката, може да се најде тука:
https://www.flickr.com/photos/mlazarevski/11075738604/
 
Олимија баш онака БУМ ! :vozbud:

Исто така од Аcid , Let3 , kazioX , MadMan се одлични :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom