Заборавени игри

  • Креатор на темата Креатор на темата 4NHK0
  • Време на започнување Време на започнување
Златно детство...
Куцкамен, седмица, мижитатара, ластик, чичко бара боја, цигари, волкот и јарињата, гости и други.
 
Има играно некој Цигари ?
-Ги заборавив правилата..знам дека секој си одбира име..ако знае некој нека ме дополни,порано ја игравме нонстоп :)
 
Запаљачот брка :D а цигарите бегаат и се ,,заклучуваат'' за да не ги фати запаљачот.Кога ќе се заклучат сите,еден од цигарите мора да отклучи некој за да му биде потешко на запаљачот да брка.Не ни мора да се заклучат сите,а еден да остане,туку колку се заклучуваат,толку...
 
Жмуртопка така ја викаа во Тетово не знам во други градови како ја викале малскава игра

Се бира еден кој ќе бара (жмури) со она познатото еци пеци пец . Потоа тој што бара мижи пред топката брое до 10, а другите се кријат. Откако ќе изброе до 10 оди и бара со топката , кого најде го удира со топка, тој што е удрен со топката тој ќе бара (жмури)

како мал мислам дека имам играно неколку пати ова .
 
тумчиг'с, се игра на еден гол ,еден брани другите играат, топката смее да се допре само еднаш, кој ја допре 2 пати иде на гол, исто и за промашен цел гол . Гол со пета се брои 2, гол меѓу нозе 3, гол со глава 5, гол со ножички 10. Се игра до 10 дадени гола и ако тој што брани прими 10 ка, се тумчи и другите му шутираат во газ . пред да му шутираат скока од место за да се одреди растојанието од каде ќе биде шутиран
 
Или со други зборови Шупе-Дупе :')
 
Ние ја викавме 3-6-9(-12).
 
Штркот бара боја,граница,фото апарат,војна
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom