Натпревар #4 - Тема: Македонско девојче - китка шарена [пријавување]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.310
Поени од реакции
34.708
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Почитувани пратеници, момци и девојки, фотографи и тие што сакаат да бидат,

По долго размислување, конечно падна одлука. Следната тема ќе биде: Македонското девојче.

Ајде да ја пренесеме убавината на нашата гордост низ фотографии. Сите знаеме некој впечатлив лик кој сакате да го овековечите со фотографија, нели? :) Имајте на ум дека во овој натпревар не треба да се ограничувате со техниката или со возраста на моделот. Значи, не мора да се објавуваат исклучиво портрети, но мора да се запази единственото тематско правило - личност на фотографијата да е Македонка. Освен портрети, може да објавувате и авто-портрети, можеби некоја модна фотографија, улична ситуација или било-каква фотографија која е складна со темата и е ваше дело.

Како што е ред, еве неколку примери:
9631418650_a27f22bb41.jpg


8109721782_be42897dd0.jpg



9005918859_975de9e79b.jpg


Генералните правила за учество остануваат исти:

1. Кајгана-фото натпреварите пред се' претставуваат игра и занимација и се наменети за поттикнување на креативноста на членовите на форумов кои се љубители на фотографијата. Имајте на ум дека тука не се доделуваат никакви парични и материјални награди (освен ако не биде наведено поинаку), па затоа не ги сфаќајте премногу сериозно и при срце прогласувањата за „надобар фотограф“ :);

2. Фотографиите со кои членовите учествуваат во натпреварите мора да се лично дело и сопственост на членот кој ги објавува истите. Прикачување на туѓи фотографии се казнувава со трајна забрана за учество во натпреварите;

3. По првата зададена тема, секоја наредна тема (или тема и техника) ја задава победникот на претходниот фото-натпревар;

4. Натпреварите ќе траат една недела (7 дена). Темата се задава во недела и приемот на фотографии ќе трае се' до крајот на следната недела;

5. Секој учесник има право на учество со само една фотографија;

6. По затворањето на приемот на фотографии, се преминува на гласање за најдобрата темата фотографија (кое трае од понеделник до сабота) и прогласување на победникот на фото-натпреварот;

7. Право на гласање имаат сите членови на форумот. Стручни и нестручни.

8. Победникот на фото-натпреварот е должен од неговото прогласување (во сабота) до почетокот на следниот натпревар (недела) да смисли тема и да го постави следниот натпревар;

9. Доколку победникот на натпреварот не може да избере соодветна тема за следниот натпревар или му е потребна било каква помош околу поставувањето на натпреварот, може да ги исконтактира модераторите на подфорумот за да добие соодветни насоки;

10. Иако димензиите на фотографиите не се битни, сепак, обидете се да се придржувате до непишаните правила за естетика и прикачувајте фотографии со соодност кој е лесно виднив на форумов. На пример, ширина од најмногу од 1600px.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРИКАЧУВАЊЕ - БИТНО:
- Пријавените фотографии мора да се прикачени во ГАЛЕРИЈАТА;
- Потоа, на темата се објавува BB кодот од сликата, кој може да го добиете со кликнување на опцијата „Сподели“, кој се пастира во темата:

(ќе добиете нешто вакво)
Код:
[URL=http://forum.kajgana.com/gallery/photos/ryan-giggs.3219/][IMG]http://forum.kajgana.com/data/photos/l/3/3226-1392885657-b5c996ace7d91cda75e5344ad08a10c0.jpg[/IMG]
Ryan Giggs[/URL] by [URL=http://forum.kajgana.com/gallery/authors/acid.1/]Acid[/URL] on Кајгана форум

Мислам дека нема потреба да го ставам ова како посебна точка од правилата, ама за сите што се во недоумица: Да, дозволени се било какви фотографии направени со било каква опрема. DSLR, компактен, идиотче, мобилен телефон, пазарски филм апарат, компир... Не е битно, фотоапарат си е фотоапарат. И да, дозволена е манипулација на фотографиите во пост-продукција, дозволено е користење на Photoshop, Lightroom или било која друга апликација за обработка на дигитална или аналогна фотографија.

Пријавувањето трае до недела, 06.05.2014, 23:59:59 :)
 
Последно уредено:

4316
by Anco on Кајгана форум
 
моментално се мразам себеси шо неам добар апарат :(

некој да ми позајми? :icon_mrgr:
 
не оценуваме апарат, оценуваме фотографијата како е доловена
се разбираме, ама не можам да удрам еден фотошоп одзгора за да изолирам делови, светла ова она, пошо со било што освен добар апарат (и идиотче може да заврши работа во ретки случаи ама ко шо неам стабилни раце, лом сликите ми излегуваат) не идат некои работи до израз.
Ако излезе нешто добро, сега сигурно ќе учествувам :)
 
се разбираме, ама не можам да удрам еден фотошоп одзгора за да изолирам делови, светла ова она, пошо со било што освен добар апарат (и идиотче може да заврши работа во ретки случаи ама ко шо неам стабилни раце, лом сликите ми излегуваат) не идат некои работи до израз.
Ако излезе нешто добро, сега сигурно ќе учествувам :)
аман бе, не треба да се пробиеш зад неприателски линии и поставиш бомба во нивниот штаб и се вратиш жив.
Да знаев дека се шо наброја треба за една фотка - ќе баталев сликање, ќе си запишеф балет.
 
нормално дека секоја фотка изгледа каде каде подобро со профи апарат, ама на крај краева забава е ова тука ништо сериозно. ја на пример сеа неам шанса македонско девојче да ставам освен ако не се сликам сама. најдов една со катастрофален квалитет, али тоа е тоа :D[DOUBLEPOST=1396529899][/DOUBLEPOST]
4341
by коцка on Кајгана форум
 
Последно уредено:
^ само уште да сликнеше некое “полнолетно“ девојче :D
 
^ само уште да сликнеше некое “полнолетно“ девојче :D
ова ти е вистинско македонско девојче бреее, не е средено за приредба или настап некој посебен :P
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION
ова ти е вистинско македонско девојче бреее, не е средено за приредба или настап некој посебен :P
:pos: во цветот на младоста Е!!! али во право си, нема позирање и местење, ми се допаѓа.
него, јас изгледа нема да учествувам овој пат, немам кого да сликнам, а не сакам од ептен блиските. .......
можеби на собиранка во недела некоја од кучките :P
 
:pos: во цветот на младоста Е!!! али во право си, нема позирање и местење, ми се допаѓа.
него, јас изгледа нема да учествувам овој пат, немам кого да сликнам, а не сакам од ептен блиските. .......
можеби на собиранка во недела некоја од кучките :P

Во недела е касно :( даааај ајде, имаш уште еден цеееел ден :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom