Каков ефект има казнувањето?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа веќе е сериозен проблем. Најдобро би било да се ограничи до одредена граница излегувањето, телевизијата и компјутерот, но НЕ целосно да се забрани.
 
јас од моја гледна точка,мислам казната има ептен спротивен ефект.
Како мала повеке ми беше страв да не ме караат,отколку да ме казнат.
И затоа намеравам на моите деца да не им наметнувам казна,туку укор и објаснување.
 
Во глобала казнувањето секогаш има спротивен ефект, но сепак постојат и некои 10% да речеме каде истото има позитивен ефект.

Според мене добра казна за детето додека е сеуште пред пубертет е на пример кога би направило некоја детска беља да го казниме со тоа што ќе му дадеме некоја домашна задача која ќе треба да ја реши (на пр. да реши педесет задачи или да прераскаже некоја лектира) или пак кога е во пубертет веќе ако престане да учи и да се интересира за школото да го казниме со не излегување во чаршија, кафиќ и сл. Во тој период децата најмногу сакаат да искачаат па би се потрудиле малку да поднаучат нешто.

Значи некогаш има ефект некогаш нема. Колку зависи од детето резлтантниот ефект толку зависи и од родителот и како тој ќе се постави во случајот, па затоа бидете добри родители :pipi:
 
Казните имаат еден ефект, стварање инат кај децата. И се постигнува спротивниот ефект, и ситуацијата е уште полоша. Само “мирко“ е решение.
 
Се зависи од детето и од неговиот карактер.
Кај некои деца казната го има позитивниот ефект. Знае казнето е за нешто што погрешно го направило. Потоа ќе внимава да не го повтори тоа. Казната од родителите не е со лоша цел, туку за доброто на детето.
Ама кај некои деца има негативен ефект. Тие се инаетчии и прават по свое и точка. Нема за нив "не смееш oва или она". Така да кај нив џабе казна.

Но освен што секое дете си е посебна приказна за себе, многу зависи и од родителите како ќе се постават во воспитувањето. Секој човек греши па така и децата, нема потреба од сурови казни, доволно е разговор, да му се посвети внимание и да му се укаже кај греши или некоја минимална казна со која ќе увиди дека тоа што го направил е погрешно. Многу често родителите грешат и мислат со голема казна следи и голема добивка. А така само влеваат голема страв кај децата и потоа тие ќе се плашат од сопствените родители, што е многу погрешно.
 
Била сум казнувана и ми бил одзиман интернето повеке пати но тоа немало никаков ефект.Јас сум ги поправала моите односи бидејки јас сум сакала а не дека ми го одземале компјутерот.Така само повеке инает ме факаше па сиите пари кои ми ги даваа за храна ги трошев во интернет кафиња и останував гладна.Или пак кога ке си дојдеш дома од излегување да те испрашуваат како да си во полициска станица за тоа каква била ноќта...Само повеке ке те фати инает да не кажеш шо се случило.Ништо повеке...

Исто :) ова мислам дека е правиот одговор.:smir:
 
he he, vo Italija ne smees da go udris deteto ni doma nitu na ulica, ako te prijavat ke ti go zemat. Samo za tamu se nasite deca. Tablica mnozenje ne se uci nikogas........ Decata sami od sebe ke ja naucele, zasto sega imalo sekade kompjuteri. ????????? Ona sto se uci kaj nas do 4-to , kaj niv ne se uci ni do 8-mo. :) :) :) :) :) A za izleguvanje da ne prajme muabet........ demokratija golema, nikoj ne gi zapira nikogas.
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Казнувањето е еден вид нож со две острици. Од една страна ако детето е казнувано ретко, тоа ќе си ја отслужи казната а од друга страна честото казнување донесува и обратен ефект - инает кој може дупло понегативно да влијае и кај детето и кај родителот. Го имаме и тепањето. Под тепање се мисли на 3-4 пати замавнување со стапчето по газот, каде детето (од 6 до 11 години) може ќе добие некој страв но подоцна пак ќе ги прави истите проблеми. Така да најдобро решение е комбинација од двете. Казната е одлична кога е разнолика (оример: еднаш забрана за интернет, втор пат недавање на пари). И да - одвреме навреме не е лошо чистење на прашината од панталоните.
 
Oбратен ефект од посакуваниот.
Секое нешто за што имам изедено шамар го имам повторано.
Секогаш паѓам на нормален пристап и разговор. Не само од родителска гледна точка.
Општо.
 
Казнувањето е еден вид нож со две острици. Од една страна ако детето е казнувано ретко, тоа ќе си ја отслужи казната а од друга страна честото казнување донесува и обратен ефект - инает кој може дупло понегативно да влијае и кај детето и кај родителот. Го имаме и тепањето. Под тепање се мисли на 3-4 пати замавнување со стапчето по газот, каде детето (од 6 до 11 години) може ќе добие некој страв но подоцна пак ќе ги прави истите проблеми. Така да најдобро решение е комбинација од двете. Казната е одлична кога е разнолика (оример: еднаш забрана за интернет, втор пат недавање на пари). И да - одвреме навреме не е лошо чистење на прашината од панталоните.

Да и јас се сложувам со ова
Но се зависи од работата за која е казнувањето за некои работи казнувањето влиеае негативно ама за некои работи напротив влиеа позитивно :nesum:
 
Зависит од тоа како родителите ќе се постават спрема детето и воспитаат уште од мало. Факт е дека ако е претерано разгалено, тоа га - тие на. На тој начин е научено и никаква казна не би имала некој посебен ефект. Некои да ги тепаш, да ги тепаш (иако и ова не е некое ефикасно решение некогаш), од инат истата прикаска ќе ја повторуваат. Некои со разговор се разбираат и немат потреба од казна или во краен случај кревање рака врз него.
Мое мислење е дека казните се некогаш со позитивен ефект, би придонеле разум кај детето. Значит се’ е зависно од тоа како е воспитано детето од мало, од неговиот карактер и од поставеноста на родителите кон него.
 
Мислам дека нема потреба од казнување ако и од двете страни дојде до разбирање!

Гледам по мене.Никогаш во животот не сум била под казна,само ми назначиле у стилот `нема искачање овој викенд` и секогаш тоа се заборавало во истиот момент!Нема потреба од казнување ако детето е разумно,па макар и да е мало!Муабет е потребен зошто со казната може и да се влоши ситуацијата зошто 70% од децата се секогаш тврдоглави и инаетчии така да ќе продолжат тоа што го згрешиле да го прават и понатаму.Мене секогаш на убав начин ми ги објаснувале работите како стојат со исклучок на неколку ситуации (зборам за од 10 години па нагоре),оставале сама да осознавам што е добро што е лошо и во животов сум имала само еден најголем кикс кој мислам дека ке ми го паметат цел живот и после кој не бев казнета ама ниеднаш не го повторив тоа...:tapp:
 
Има мн добар ефект, без пари, без нет, без искачање месец дена,..и со еден оброк дневно..има да бидете цакум пакум :):)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom