Тумбе кафе - Битола интересен проект

  • Креатор на темата Креатор на темата Jakov
  • Време на започнување Време на започнување

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Возраст
51
Веб-сајт
jakov.blog.com.mk
Се враќа стариот сјај на Тумбе - кафе
F0C50E7EB0A90D4999FFA7CB7037EADF.jpg

Младите архитекти Владимир Лековски и Искра Анастасова му го враќаат сјајот на легендарното битолско некогаш култно место
БИТОЛА -„Ајде да одиме Тумбе-кафе, тумбе-кафе во меана, таму има рујно вино, песни весели, баш македонски“, вака своевремено беше опеан ридот над Битола сместен помеѓу градското шеталиште и Хераклеја каде што беговите и агите под дебелите дабови сенки на раат го пиеле своето прво утринско кафе со локум. Обичните граѓани, пак, уживале во природата шетајќи се низ трим-патеките. Но, веќе 40 години гордоста на Битола,Тумбе- кафе е срам за градот, заборавено од државата, напуштено од граѓаните, овој некогаш најпосетуван рекреативен центар на Битола прерасна во руина обраснат во трева, дење служи како пасиште за локалните сточари, а навечер неосветлено претставува собиралиште на наркомани, алкохоличари и дувло на проституцијата. „Тумбе-кафе отсекогаш било дел од срцето на градот.
047B1EB05ED2A34FBC21BA4D3B354897.jpg

Изградено кон крајот на 19 век за време на Керим паша, но и меѓу двете светски војни кога Битола имаше аристократски манири, Тумбе-кафе беше нејзината гордост. Последниве децении ни оддалеку не го заслужува овој епитет“, вели Лиле Христова, историчар на уметноста. Многумина битолчани посакуваат да се врати сјајот на Тумбе-кафе, бидејќи за Битола е карактеристична една пешачка зона која почнува од Старата битолска чаршија, преку Широк сокак, градското шеталиште, Тумбе-кафе, зоолошката градина и завршува до античкиот локалитет Хераклеја линкестис.
Тоа е пешачка магистрала која во Македонија ја има само Битола, а последните децении е прекината токму кај Тумбе-кафе. Повторно да заживее Тумбе-кафе е визија и на младите архитекти Владимир Лековски и Искра Анастасовска од Студиото за архитектура и дизајн „Арх игра“, кои го изготвија проектот „Тумбе-кафе современ културен центар на Битола“. Тие предлагаат изградба на три комплетни содржини кои вешто ги вклопиле во питомата природа на ридот: културен центар како помошна сцена на главната културна сцена во Битола, нов кафе-ресторан со сместувачки павилјони со капацитет од педесетина посетители и обновување и дополнителни интервенции на летната сцена - малиот амфитеатар. „Да се возобнови Тумбе-кафе е главниот момент каде што човек ќе одлучи дали ќе запре на градското шеталиште или ќе продолжи да пешачи до Тумбе-кафе. Со овој проект, за да не го нарушиме природниот амбиент, многу внимателно приоѓавме кон вклопување на архитектурата. Тука станува збор за рекреативна зона и целокупниот пристап се базира на архитектурата која сама по себе нема да се наметне, туку околината ќе биде во прв план. Дел од објектите ќе бидат вкопани во земјата за да може природата да се рефлектира во нив. Сметавме дека единствено такво решение за овој простор е можно и компатибилно“, вели архитектот Анастасовска. Проектот ги воодушеви битолчани и наиде на позитивни критики од експертите не само поради идејата повторно да живее просторот туку поради оригиналноста објектите да се во хармонија со природата. „Ми се допадна проектот, бидејќи не предвидува мегаломански објекти, туку се' е адаптирано така што повторно доминира природата. Ова е навистина одличен генератор за ревитализација на Тумбе-кафе“, вели Константин Анастасовски, архитект во Завод и Музеј Битола.
5C626D3804EBD54F8FC7E8C972CA8A87.jpg

Сепак, она што му недостасува на овој проект се пари за негова реализација. Оставен како дете без родителска грижа, формално државно земјиште, а од друга страна напуштена и незгрижено од локалната самоуправа, Тумбе-кафе ги чека своите освојувачи. На промоцијата во Битола, што се одржа викендов, ниту општината ниту локалните финансиери не покажаа интересирање за инвестирање во Тумбе-кафе. Младите архитекти се подготвени комплетно да го подарат проектот. „Заедно со проектот изработивме и финансиска конструкција. Доколку се покаже добра волја, тој може да се изгради за шест месеци, но досега никој не се заинтересирал. Иако безброј пати се обидовме да стигнеме до градоначалникот и да му го претставиме проектот - не успеавме. Тој не покажа интересирање“, вели архитектот Владимир Лековски. Чекајќи подобри времиња, Тумбе-кафе останува да живее со своето секојдневје деградирано и во друштво на урнатините.


 
Убава работа ова,ама СИГУРЕН сум нема да се направи ништо. Иако Талески (Двојче) т.е градоначалникот работи на реставрирање на градот и рака на срце најмногу направил за Битола, сепак ова е и за него голем залак.

Да се надеваме дека проектов ќе добие зелено светло.

Сега малку критика...
Да не е малку пренакитено и кич модерно. Јас би одел на класичен изглед.
 
Е дај боже ама ајде да не се занесуваме премногу и да не даваме лажни надежи. Секоја чест за средувањето на паркот кај сендвичарите али како што Ernesto Che Guevara рече ова е голем залак али со Господ напред ајде да пробаме!!!
 
zafrknata напиша:
Е дај боже ама ајде да не се занесуваме премногу и да не даваме лажни надежи. Секоја чест за средувањето на паркот кај сендвичарите али како што Ernesto Che Guevara рече ова е голем залак али со Господ напред ајде да пробаме!!!

Стварно го рекол тоа Че? :)

Озбилно мора да се среди Шеталиштето/Тумбе кафе, и Зоолошката.. памтам ко помал, колку имам шетано од Епинал или "Сатот" до крајот на Шеталиштето.. другиве градови се гордеат со нивните шеталишта од 500 метри, а не биле Битола да шетаат.. километарска патека, од Магнолија до Зоолошката :)

Што се однесува до изгледот, ако биде како тој на сликите, не ми се свиѓа. Ултра-модерно, на брдо над стар град :uvo:
 
Hm mi se sviga proektot ama ne vo celost nekako ne odgovara lokacijata za nesto sci fi :) odnosno nesto tolku moderno mozi nesto vo poklasicen stil, a ako se realizira ova ideja, odnosno preokt super ke bidi ke se sredi toj del od gradot.
 
Воопшто не сметам дека е кич или накитено многу или пак дека е сајенс фикшн,бидејќи ефектот е таков ради копмјутерската обработка во 3Д.
Уште не прочитав горе дали Јаков кажа дека проектот е награден од Португалскиот Институт за Напредна Архитектура. Многу е креативен и има неколку многу компатибилни и практични решенија. Како тој на пример стариот објект да се стави како под стакло и сл.
Супер би било да е вака.
 
abe arno e vaka ko so e samo pato da go napraat poubav ko ke se pustam so tocako od gore v dupki da ne mavam i to kafanceto da go otvorat inaku ok e da pojs vo priroda ako go napraat ko so e na slikite ke mora bukovsko v livadi da ojme za priroda dobro e vaka nisto ne mu fali samo gubreto da ima nekoj da go iscisti i kapinite da gi isecat
 
Знаете зошто сум против „МОДЕРНА” архитектура? Заради таа „модерна” архитектура...ГРД е центарот на градот. Домот на културата, Хотел „Македонија”, зградата над „Пајтон”, кај TIME и Моби кабловската, над Балкан, зградите карши офицерски и ред други...

Затоа класичниот стил е evergreen и дава посебен шмек на градот, затоа мислам дека така треба да биди и Тумбе Кафе, покрај се...кафаната на Тумбе Кафе не е нов проект туку „реставрација” на она што беше!
 
Volkswagen напиша:
Знаете зошто сум против „МОДЕРНА” архитектура? Заради таа „модерна” архитектура...ГРД е центарот на градот. Домот на културата, Хотел „Македонија”, зградата над „Пајтон”, кај TIME и Моби кабловската, над Балкан, зградите карши офицерски и ред други...

Затоа класичниот стил е evergreen и дава посебен шмек на градот, затоа мислам дека така треба да биди и Тумбе Кафе, покрај се...кафаната на Тумбе Кафе не е нов проект туку „реставрација” на она што беше!

Проблемот е со таа модерна архитектура што не е сместена на правото место туку во истиот кош,рамо до рамо,со староградските споменици под заштита,кои претставуваат културно наследство,да го ебам. :pishtoldz:
Т.Е Сакав да кажам дека Тумбе кафе е понастрана од центарот и нема да крши никаква атмосфера,ако се направи проектот кој содржи компатибилни и практични решенија,со коу уште и се заштитува стариот објект.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom