Како да ги изберета правите наочари за себе
Еве неколку совети, кои ќе ви помогнат:
1. Ако сте со квадратна форма на лицето, потрбно е да избегнувате тенки и рамки со агли. Облите рамки ќе компензираат со изразената вилица. На вакво лице одговараат рамки со извиена линија кај веѓите и ако се со темна боја во горниот дел на рамката.
2. Луѓе со лице во форма на срце треба да имаат рамки малку пошироки во долниот дел, со права хоризонтална линија без да се многу високи. Добро стојат и рамки со наклон од слепоочието нанадвор кон јаболкниците.
3. За издолжено лице одговараат тенки рамки со неправилна форма, поширока во долниот дел.
4. За округло лице побарајте рамки со агли со права линија кај веѓите, потемни в горниот дел.
5. Ако имате овално лице, вам ви одговараат секаков тип на рамки, обично со меки тонови.
6. За испакнати јаболкници потребно е да носите очила во комбинација од кафеаво-сино, метално-виолетово или метално-портокалева боја.
7. Ако имате долг нос, изберете рамки, чиј мост (делот, кој ги поврзува двете стакла) да биде понизок. Така оптички ќе го скратите носот.
8. Ако носот ви е мал и шпрт, купете рамки со висок мост.
9. За поширок нос изберете потемен мост – така оптички ќе го намалите разстојанието помеѓу разделените очи.
Добрата состојба на очилата зависи од начинот по кој се однесувате кон нив.
10. Секогаш ставајте ги со двете раце.
11. Не ги кревајте на челото, не ги симнувајте ниско на носот!
12. Не ги ставајте во џеб или во чантата без футрола!
13. И не седнувајте врз нив!