Опасноста од осиромашениот ураниум употребуван при НАТО-интервенцијата на Kосово во 1999 година не е поради неговата радиоактивност, туку поради хемиската токсичност, предупредува професор Владимир Петрушевски од Природно-математичкиот факултет во Скопје. Ефектите од осиромашениот ураниум врз здравјето во регионот деновиве повторно станаа актуелни откако српскиот весник „Вечерње новости“ објави интервју со американскиот новинар Роберт Парсонс, кој прв објави извештај на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) за штетните последици на осиромашениот ураниум користен во бомбардирањето на Југославија. Парсонс во 1999 година во швајцарски и во француски медиуми објавил делови од необјавен извештај на УНЕП, според кој НАТО во интервенцијата употребил околу 10 тони осиромашен ураниум и предизвикал хуманитарна катастрофа поради големата токсичност.
Тврдењата на Парсонс може да се потврдат преку заклучоци во десетина други извештаи на УНЕП, но и на Европската комисија, направени во годините непосредно по косовскиот конфликт. Иако ниеден од извештаите не наведува опасност од радиоактивноста на осиромашениот ураниум, сите препорачуваат мониторинг на водите поради опасноста од хемиска токсичност на муницијата со осиромашен ураниум.
Тоа го нагласува и професорот Петрушевски.
- Веројатно е поважно дејството на осиромашениот ураниум како тежок метал затоа што не е многу радиоактивен. Но, останува дека е многу токсичен тежок елемент. Тоа е понезгодното во целата работа – вели Петрушевски.
Тој објаснува дека осиромашениот ураниум се користи во муниција поради огромната тврдост.
- Kога таков проектил ќе удри во тенк, го разорува, од силината и од енергијата добар дел од зрното согорува, се добива оксид, фина аеросол. Тоа се вдишува, паѓа на земја и ги труе почвата и с` што расте, а дополнително и малку е радиоактивно. Без оглед на степенот на радиоактивност, постои хемиска токсичност и таа е исклучително непријатна – вели Петрушевски.
УНЕП во 1999 година објавила неколку извештаи за влијанието на интервенцијата врз животната средина, но во сите се оградиле од влијанието на ураниумот поради тоа што НАТО с` уште не им дал официјални податоци дали го користел. Во март 2000 година НАТО одговорил на прашањата на УНЕП и потврдил дека при интервенцијата се употребени најмалку 9,3 тони осиромашен ураниум. Потврдено е дека американските авиони „А-10“ користеле муниција од 30 милиметри, која содржи 300 грама осиромашен ураниум во зрното. Американските авиони при интервенцијата истрелале 31.000 такви проектили. Според НАТО, главни реони на дејство биле западно од патот Пеќ-Ѓаковица-Призрен, околу Kлина, околу Призрен и северно од Сува Река и Урошевац. Но, се наведува во информацијата, оваа муниција „била користена и во многу мисии во други области“.
Во извештај објавен во 2002 година и УНЕП наведува дека е можно загадување на водата со хемиски токсини од проектилите што кородираат во земјата. Според НАТО, во просечен напад три авиони истрелуваат меѓу 100 и 400 проектили, а просечно од 10 до 14 отсто од нив ја погодуваат целта. Од овие проектили се јавува опасноста од аеросоли, но од оние што промашиле, кои завршиле во почвата, постои опасност дека ќе кородираат и долгорочно ќе ги загадуваат почвата и подземните води.
РАСТЕ БРОЈОТ НА БОЛНИТЕ ВО KОСОВО
Минатата година во Kосово биле забележани нови 7.300 случаи на лица заболени од рак, пишува тамошниот весник „Зери“. Она што е алармантно е што само во изминатите два месеца има осум нови случаи на деца што се борат со оваа болест. Во последните пет години кај околу 250 косовски деца е дијагностициран рак, пишува порталот „Албинфо“.
Педијатарот Руфадие Маџуни вели дека бројките на деца заболени од рак постојано се зголемуваат.
- Во 2009 година беа 36 случаи, во 2010 - 56, во 2011 - 52, во 2012 година имавме 44 случаи, во 2013 година беа 48 случаи, а оваа година, до денес, се потврдени осум нови случаи – истакнува Маџуни.
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=F222377CF8A1EB40B41A3BD462F1B75A