Троа порано ја отворам темава, ама морам да се исклучам, па затоа ќе ми простите (се надевам). Немојте насловот да го сфатите како фаќање сеир на истоимената скеч-ТВ-серија со Владо Јовановски, а проект на Владата на Република Македонија! Напротив, мое лично мислење е дека тоа е впрочем еден од проектите на Владата кои најмогу вредат. Немојте ниту пак да помислите дека темата е насочена против нашата држава и дека целта ми е да ја прикажам Македонија во лошо светло (како што едно време новинарите го обвинуваа еден од најголемите наши уметници - Милчо Манчевски). Пак напротив - целта ми е само да покажеме (сите заедно) дека има естетика и во она секојдневното што не опкружува и што за жал е наша реалност.
Значи: овековечете ги сите оние моменти кои ги има насекаде околу нас, а не би требало да ги има: гладни, боси, голи, бездомници, просачи, трошни куќички среде шума од згради, беда, сиромаштија, испукани улици со вирови колку Тихи Океан штом заврне и што ли уште не... Му благодарам на @Let 3 што ми помогна во дефинирањето на овој вид фотографија: се работи за некој вид фотографија со социјално-документарна тематика. Се надевам дека убаво објаснив што всушност се бара овојпат. Ако не, слободно прашајте во темата за дискусии: ТУКА!
За темава бев поттикнат од две прекрасни фотографии кои совршено ја отсликуваат контрастната ситуација во државава: првата беше на некој италијански фотограф, објавена во публикација за Постколонијализмот на која на Бит пазар во преден план е фотографирано дете Ромче - босо и голо, додека во позадина се гледа ултрамодерен билборд со реклама која навистина чини пари. Оваа не успеав да ја најдам за да ја постирам тука, но затоа ја најдов втората:
Фотографијава беше објавена во 1997, ако не се лажам, по повод отварањето на првиот McDonald's во Македонија, на Рекорд.
Правилата се исти како и претходно:
Значи пријавување до недела, 23.03.2014, 23:59 CET.
До тогаш фото-апаратите и мобилните телефони во раце, и да ја овековечиме бедата околу нас, тагата во очите и болката на лицата кај нашите ближни!
Значи: овековечете ги сите оние моменти кои ги има насекаде околу нас, а не би требало да ги има: гладни, боси, голи, бездомници, просачи, трошни куќички среде шума од згради, беда, сиромаштија, испукани улици со вирови колку Тихи Океан штом заврне и што ли уште не... Му благодарам на @Let 3 што ми помогна во дефинирањето на овој вид фотографија: се работи за некој вид фотографија со социјално-документарна тематика. Се надевам дека убаво објаснив што всушност се бара овојпат. Ако не, слободно прашајте во темата за дискусии: ТУКА!
За темава бев поттикнат од две прекрасни фотографии кои совршено ја отсликуваат контрастната ситуација во државава: првата беше на некој италијански фотограф, објавена во публикација за Постколонијализмот на која на Бит пазар во преден план е фотографирано дете Ромче - босо и голо, додека во позадина се гледа ултрамодерен билборд со реклама која навистина чини пари. Оваа не успеав да ја најдам за да ја постирам тука, но затоа ја најдов втората:

Фотографијава беше објавена во 1997, ако не се лажам, по повод отварањето на првиот McDonald's во Македонија, на Рекорд.
Правилата се исти како и претходно:
1. Кајгана-фото натпреварите пред се' претставуваат игра и занимација и се наменети за поттикнување на креативноста на членовите на форумов кои се љубители на фотографијата. Имајте на ум дека тука не се доделуваат никакви парични и материјални награди (освен ако не биде наведено поинаку), па затоа не ги сфаќајте премногу сериозно и при срце прогласувањата за „надобар фотограф“;
2. Фотографиите со кои членовите учествуваат во натпреварите мора да се лично дело и сопственост на членот кој ги објавува истите. Прикачување на туѓи фотографии се казнувава со трајна забрана за учество во натпреварите;
3. По првата зададена тема, секоја наредна тема (или тема и техника) ја задава победникот на претходниот фото-натпревар;
4. Натпреварите ќе траат една недела (7 дена). Темата се задава во недела и приемот на фотографии ќе трае се' до крајот на следната недела;
5. Секој учесник има право на учество со само една фотографија;
6. По затворањето на приемот на фотографии, се преминува на гласање за најдобрата темата фотографија (кое трае од понеделник до сабота) и прогласување на победникот на фото-натпреварот;
7. Право на гласање имаат сите членови на форумот. Стручни и нестручни.
8. Победникот на фото-натпреварот е должен од неговото прогласување (во сабота) до почетокот на следниот натпревар (недела) да смисли тема и да го постави следниот натпревар;
9. Доколку победникот на натпреварот не може да избере соодветна тема за следниот натпревар или му е потребна било каква помош околу поставувањето на натпреварот, може да ги исконтактира модераторите на подфорумот за да добие соодветни насоки;
10. Иако димензиите на фотографиите не се битни, сепак, обидете се да се придржувате до непишаните правила за естетика и прикачувајте фотографии со соодност кој е лесно виднив на форумов. На пример, ширина од најмногу од 1600px.
ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРИКАЧУВАЊЕ - БИТНО:
- Пријавените фотографии мора да се прикачени во ГАЛЕРИЈАТА;
- Потоа, на темата се објавува BB кодот од сликата, кој може да го добиете со кликнување на опцијата „Сподели“, кој се пастира во темата:
(ќе добиете нешто вакво)
Код:[URL=http://forum.kajgana.com/gallery/photos/ryan-giggs.3219/][IMG]http://forum.kajgana.com/data/photos/l/3/3226-1392885657-b5c996ace7d91cda75e5344ad08a10c0.jpg[/IMG] Ryan Giggs[/URL] by [URL=http://forum.kajgana.com/gallery/authors/acid.1/]Acid[/URL] on Кајгана форум
Мислам дека нема потреба да го ставам ова како посебна точка од правилата, ама за сите што се во недоумица: Да, дозволени се било какви фотографии направени со било каква опрема. DSLR, компактен, идиотче, мобилен телефон, пазарски филм апарат, компир... Не е битно, фотоапарат си е фотоапарат. И да, дозволена е манипулација на фотографиите во пост-продукција, дозволено е користење на Photoshop, Lightroom или било која друга апликација за обработка на дигитална или аналогна фотографија.
Значи пријавување до недела, 23.03.2014, 23:59 CET.
