Патриотски разговори

  • Креатор на темата Креатор на темата sardaukar
  • Време на започнување Време на започнување
Jас ли не пишувам како треба или ти не можеш да ме разбереш. Оште во првиот ред на првиот пост во темата збориш за македонските национални прашанja, а jас ти кажувам дека они са обврзани директно со Бугариjа и неможеш да зборуваш за едното без да спомнеш другото.
Неможеш да решиш македонските национални прашанjа без да седнеш и водиш дипломатиja со соседите. Затоа што и екзистенциjата како држава ти зависи от соседите(трговиja, увоз/извоз, туризам).
Бугариjа нема проблем со турското малцинство, зошто на прво место ова не са турци, а бугари мохамедани. Никаде во Родопите нема да видиш да се веjат турски знаминja, како ке видиш албански во западна Македониja. Нема да видиш во Бугариjа да има празник на турското знаме, како има празник на албанското знаме во Македониja и т.н.
Правото на свободно самоопределуванjе не дава право да одземеш се што сакаш от минатото. Утре може от МАНУ да кажат дека от Македониjа е тргнала белата раса, требе ли да веруваме и почитуваме вакво решение.. Затоа спомнах за словени и антички, а кога историjата се претвори во државна политика како е во Македониja, тежко станува.
Навредуванjето како "вулгари" не навредува воопшто, само покажува невозможността на човек да води дебата.
Ти збориш за иселување, а jaс дека ова вашто е промена на идентитет. Едно е да се иселиш со МК пасош, сосема друго е со БГ пасош ко етнички бугарин.......
Ако темава е само за слеп патриотизам нема да ви се мешам, бидете "велики" на интернет, али кога сакате сериозна дискусиjа за македонските прашанjа ке требе да се кажат реалностите во очи.
Мали ај одшетај од темава , не си интересен иди досаѓај на некој друг !
 
Појма нема народов од Библија никој не ја прочитал. Во основа само декларативно се верници и христијани. Најсликовит пример е еден мој роднина нешто падна муабет за вера и вика "Jас сум православен бидејќи не сум албанец" (не ми е поента да навредувам Албанци) туку да кажам како ја разбираат верата.

Не сакам да навредувам но твојот роднина што школо завршил и дали воопшто има одено на училиште во животот ...
Само тешки неписмењаци сеуште мислат така на тие работи дека ако си Албанец мора да си Муслиман а ако си Македонец или Србин на пр. по дифолт си Православец ... хаха
Ниту се сите Албанци Муслимани по вероисповед(Албанците се народ од 3 вери плус ги има и Атеисти-во Албанија пред се) ниту пак сите Македонци, Срби, Бугари, Грци и.т.н. мора да бидат строго Православни по религиска припадност ... а и доколку некоја личност се декларира како припадник на таа и таа религија тоа незначи дека не припаѓа или неможе да припаѓа кон некоја друга религија ... религијата е внатрешна работа како што напишав и претходно не ја пишува никому на чело !
За мене лица кои во едно исто котле ги ставаат и нацијата и религијата и се остало се недоволно едуцирани лица кои треба малку да читнат нешто или да излезат надвор да прошетаат во народ ! :)
П.С. Национална припадност, религиска припадност, расна припадност како и идеолошка припадност се потполно различни поими и постојат сите можни комбинации од овие поими на планетава ![DOUBLEPOST=1401466622][/DOUBLEPOST]
Македончето е изгубено по прашање на верата , изеде соцкомунизмот се што имаше христијанско во него ! Сега ова е само парада , куп "христијани" кои одат во црква чекајки да им светне нешто во глаата !

Да и јас го велам истото но прашањето ми беше зашто некои политичари и политички кругови иако е залудно се обидуваат денес во 21 век во ера на технологија, електроника, глобализација ... да ни наметнуваат работи кои се зацементирани во минатото ... религија, демо-христијанство, конзервативизам, традиционализам ... како што кажав и претходно да нашите претци навистина биле Православни и не само декларативно туку навистина живееле 100% по тие Православни принципи но тоа биле сосема други времиња, друг начин на живот, поинакви потреби и поинаква сфаќања од денешните, денеска е се поинаку и невозможно е нешто што е зацементирано во минатото некој да го враќа и наметнува денеска во овој денешен свет !
 
Последно уредено:
Не сакам да навредувам но твојот роднина што школо завршил и дали воопшто има одено на училиште во животот ...
Само тешки неписмењаци сеуште мислат така на тие работи дека ако си Албанец мора да си Муслиман а ако си Македонец или Србин на пр. по дифолт си Православец ... хаха
Ниту се сите Албанци Муслимани по вероисповед(Албанците се народ од 3 вери плус ги има и Атеисти-во Албанија пред се) ниту пак сите Македонци, Срби, Бугари, Грци и.т.н. мора да бидат строго Православни по религиска припадност ... а и доколку некоја личност се декларира како припадник на таа и таа религија тоа незначи дека не припаѓа или неможе да припаѓа кон некоја друга религија ... религијата е внатрешна работа како што напишав и претходно не ја пишува никому на чело !
За мене лица кои во едно исто котле ги ставаат и нацијата и религијата и се остало се недоволно едуцирани лица кои треба малку да читнат нешто или да излезат надвор да прошетаат во народ ! :)
П.С. Национална припадност, религиска припадност, расна припадност како и идеолошка припадност се потполно различни поими и постојат сите можни комбинации од овие поими на планетава ![DOUBLEPOST=1401466622][/DOUBLEPOST]

Да и јас го велам истото но прашањето ми беше зашто некои политичари и политички кругови иако е залудно се обидуваат денес во 21 век во ера на технологија, електроника, глобализација ... да ни наметнуваат работи кои се зацементирани во минатото ... религија, демо-христијанство, конзервативизам, традиционализам ... како што кажав и претходно да нашите претци навистина биле Православни и не само декларативно туку навистина живееле 100% по тие Православни принципи но тоа биле сосема други времиња, друг начин на живот, поинакви потреби и поинаква сфаќања од денешните, денеска е се поинаку и невозможно е нешто што е зацементирано во минатото некој да го враќа и наметнува денеска во овој денешен свет !
Да во право си,доколку власта и Црквата во заеднички меѓусебен договор наметнат некој строг закон по кој народот би требало да живее некаков си патријахален православен систем на норми и вредности,тогаш ние воопшто ни најмалку не би се разликувале од исламските земји како Иран,Саудиска Арабија,Сомалија.Нам сега ни најмалку не ни треба такво нешто.Ние како земја би требало да се стремиме кон либерализација,демократизација,а не кон диктатура и некаков си вид на православен шеријат
 
Православието е далеку од тежок и оптоварувачки начин на живот и не може некој да се пожали дека има наметнување па за да се рече диктатура. Некаков систем на вредности треба да имаме. Зошто би ги менувале вредностите кои македонскиот народ веќе ги има(л) и кои се успешни за националното единство и напредок. Секој новини во вредности спротивни на православните ќе донесе внатрешни раздори, а и обезвреднување на она кое било духовна основа на македонското живеење во изминатите 2000 години.
 
Токму тоа и сакав да го кажам си ме сфатил мошне добро ...
Факт е дека мнозинството народ сака живот кој наликува на живот од 21 век со либерал-демократски вредности а не некакви хард-кор традиционализми, конзервативизми и религии но државата е сепак над сите нас законите не ги носиме ние туку тие од горе ... мешањето на религијата и државата е многу опаснa работа ама ретко кој ги сфаќа тие работи бидејќи сме општество на неписмени и полуписмени битија !
 
Факт е дека мнозинството народ сака живот кој наликува на живот од 21 век со либерал-демократски вредности а не некакви хард-кор традиционализми
Како го констатира фактов?
 
Православието е далеку од тежок и оптоварувачки начин на живот и не може некој да се пожали дека има наметнување па за да се рече диктатура. Некаков систем на вредности треба да имаме. Зошто би ги менувале вредностите кои македонскиот народ веќе ги има(л) и кои се успешни за националното единство и напредок. Секој новини во вредности спротивни на православните ќе донесе внатрешни раздори, а и обезвреднување на она кое било духовна основа на македонското живеење во изминатите 2000 години.
Пријателе , на оваа почва живее можеби најтолерантниот народ во светот ! Таков е овој народ , поради тоа што неговите корени се длабоко во историјата , народ кој видел многу нешта . И паганство и верување во еден бог , владеење со светот и крвавење под туѓо ропство. Сето тоа допринело со разбирање да се однесува кон се што не е како него и кога нешто не е по негова воља за разлика од некои неизживеани егземплари околу ! Секогаш лека полека си одел напред . Никакви новини не му се туѓи па дури и троа подалечни од православието ( муслиманство , католицизам ....) ама тоа никогаш не довело до внатрешни раздори .
Нејсе , муабетот беше против историскиот сојуз на владетелите и црквата на сметка на народот ( на госпо неговото на царот царевото ... )
 
Мислам дека доволен доказ за лошото влијание на верската различност врз националното единство е милионскиот број на македонци муслимани кои сега живеат во Турција и кај кои останало многу малку македонско чувство. Ако си заминале кој им бил подраг, исламот или Македонија? Верската основа е најдлабоката основа на личноста на еден народ. Нејзината нагла насилна смена прави преврат кај тој народ. Дури и навидум измешаните САД, Австралија, во основа ја имаат духовноста на предоминантиот протестантизам.

Власта и свештенството треба да бидат сојузени во градењето на духовната сила на народот. За жал разни владетели (граѓански и црковни) и не само кај нас, туку секаде, многу често не владеат за благосостојбата на народот туку во полза на поединечни или групни желби. Сепак тоа не значи дека сојузот и соработката меѓу двете власти е штетен.
 
Како прво , тешко ке да се милиони македонци муслимани а и прашање е колку тие имаат изгубено од своето македонство . Изгледа исто толку колку и македонците кои решија да си останат православни ама останаа од други причини надвор од границите на РМ, колкав број од нив го чуваат македонското чувство сеуште? . Во крајна линија , нема да сретнеш торбеш , кој на форум ,од Турција тврди дека сите македонци се турци само Тито ги прелажал 45та.
Второ , па ние процентуално најголема загуба на население имаме од осамостојувањето , значи ем православни ем самостојни ама на народот тоа изгледа не му е доволно .
Сакале ние да си признаеме или не , економското прашање е секогаш порешавачко при донесување на одлуката каде и како понатаму !
Власта и свештенството НЕ треба да се усојузени во градење на духовната сила на народот ами секој од нив да си ја брка својата работа . Власта да работи на материјалната благосостојба на народот а свештенството на духовноста а не како кај нас власта духовно и историски не издигнува , немајки сила тоа да го направи економски , додека пак црквата игра улога на поддржувач на тој процес , цврсто држејки се до својот процент од колачот .
 
Стопанството и имотната состојба на населението има влијание, но знаеме за посиромашни народи кои покажуваат повисоко ниво на национална сложност од побогатите. Што со моментот кога нацијата ќе западне во лоша материјална состојба. Невозможно е некој само да напредува. Кога да е, тој напредок ќе застане и што треба да се случи тогаш.
Човекот е прво духовно суштество, а после е биолошко. Затоа што пред да почне да јаде, мора да смисли како да дојде до храна. А ако го ставиме биолошкото напред тогаш во што би се разликувале од животните. Се чини тоа е желбата на богатите. Бидејќи штом тие го поседуваат материјалното сакаат да им наметнат на другите дека тоа е најбитното во животот. На тој начин тие стануваат животно најуспешни, иако може да се човечки најдолни. Штом луѓето својата личносна потврда ќе ја побараат во материјата, тогаш оние кои ја поседуваат, стануваат поседувачи на луѓето, односно на нивното однесување.
Затоа народите како и секоја личност ако е личност си имаат свои духовни барања. Судирот на верите е судир на прашањето кој е најблиску до вистината. Оние кои се најблиску до вистината, најмалку ќе имаат потреба да користат насилство и измами. Оние народи кои духовно се најдалеку од вистината, најмногу ќе се користат со силеџиство, измами и заведувања.
Како Македонец верувам во Православието како духовната вистина за светот и нашето постоење и чест ми е што нам македонците сме се удостоиле да го чуваме и објавуваме.
А која е духовната основа на животот ако не да се бориш за да дојдеш до и да ја сочуваш достигнатата вистина. Се друго надвор од тоа е на животинско ниво.[DOUBLEPOST=1401539329][/DOUBLEPOST]
Како прво , тешко ке да се милиони македонци муслимани
Според известувањата бројката која ја кажуваат нашите македонци муслимани кои имаат врски со нивните роднини во Турција бројката на македонци иселени во Турција доаѓа дури до 6 милиони. И да е претерано, би требало најмалку да е 1 милион. Има една милионска населба во Измир (Менса - нешто така), мнозинството во таа населба се македонци.
Во Турција постојат многу македонски фолклорни друштва. Тоа што ние не сме ги поканиле за да ги видиме тоа е друго прашање. Уште во 80-тите кога се почна да се оди за Турција, сите беа изненадени дека во трговските делови на Истамбул нема потреба да се зборува на турски. Голем бројот на трговци веќе го знаеа македонскиот јазик. Последниот генерал на турската армија беше по потекло од Македонија.
[DOUBLEPOST=1401539787][/DOUBLEPOST]
Изгледа исто толку колку и македонците кои решија да си останат православни ама останаа од други причини надвор од границите на РМ, колкав број од нив го чуваат македонското чувство сеуште?
Се сложувам, но македонците муслимани кои заминаа во Турција заминаа поради верски причини, не поради економска принуда. Јас ти докажувам дека верата им била позначајна од нацијата. Православни не заминале. Нив исламот ги одвои од Македонија. Што значи различните вероисповеди кај една нација се причина за поделби. Иако не е исклучено да ги има и такви каде економијата му е поважна и од вера и од нација. Но оние кои заминаа од економски причини, верата не беше ограничување. Бидејќи тие можат и добар дел таму останаа православни по вероисповед. Всушност тоа и ги задржа колку толку да го зачуваат и националното.
Мојата теза е дека верата е основата на една народносна личност.
 
Последно уредено:
Исклучувајки го бројот на иселени македонци муслимани , за кој впрочем ако почнеме аналитички да разглабаме , ке дојдеме до взаемноприфатлива бројка од нешто под милион . И тоа луге кои се доселиле во Турција од Македонија , не само македонци муслимани !
Сето останато во оваа дискусија ми се чини оди оффтопк т.е. надвор од темата .
Сега пак ке кажеш дека духовното е неоделливо од патриотското ама јас ниту се слагам со тоа ниту ке продолжам да учествувам во оваа дискусија ако таа се сведе на религиски објаснувања !
 
извор непознат, пренесено како поддршка за изнесеното...

Деновиве меѓу македонските телевизиски гледачи мошне актуелна е турската серија „Збогум Румелија“, емитувана на телевизискиот канал „Сител“ во вечерните часови. Станува збор за тенденциозен телевизиски проект, со историска пропагандна позадина, којашто го опфаќа периодот пред крајот на Османлиското ропство во Македонија, а кој, во голем дел, е реализиран на територијата на нашата држава, со дозвола и во соработка со наши општествени институции и поединци. Не би сакале да навлегуваме во уметничката вредност на споменатата „сапуница“, како и во тривијалноста на проблематиката со која се занимава, и да засегаме прашања од типот колку е историски доследна (иако и тука би можело многу да се каже, на пример за несоодветната костимографија која нималку не се совпаѓа со историските факти –во тоа време турските жени не можеле да бидат видени во јавноста без фереџе, сè до неговото укинување од страна на Мустафа Кемал Ататурк во 1925 г., за што сведочи и бројната литерарна, фото и видео документација од тоа време). Дури и не би спореле околу тоа каква перфидна хипокризија се крие зад превезот на прикажаниот, навидум „хармоничен“ соживот. Но затоа би се осврнале на еден одреден сегмент од тринаесеттата епизода од овој серијал, од 11 февруари, со кој директно се навредува Македонското национално ослободително движење и патриотските чувства на македонскиот народ. Всушност, гледачите имаа можност да видат една ретка пародија на „Македонската крвава свадба“, во којашто улогите се заменети, па така нашите ВОЈВОДИ и КОМИТИ се претставени како БУГАРИ, разбојници, силувачи и убијци, кои бесцелно скитаат по планините, небаре глутница волци, напаѓајќи цели села и убивајќи невини луѓе, вклучително и христијани, а во овој конкретен случај се претставени дури и како грабнувачи на млади незабулени турски невести. Разбирливо е зошто турските режисери, сценаристи и продуценти вака гледаат на нашата историја, но не можеме да разбереме зошто нашата публика лесно го прифаќа тоа. Каде е тука нашата историска свест, критичко размислување и цензура, па дури и нашите национални чувства? Зар пролеаната крв на нашите родољубиви предци, заслужила да биде извалкана на овој начин, а нивното достоинство - обесчестено и најдрско исмејано?
Не би оделе толку далеку, па да ги „нападнеме“ со одредени квалификации оние кои дозволиле ваква серија воопшто да биде снимена на територијата на оваа наша со векови измачена земја, ниту би инсистирале на некакво признавање на историските грешки од страна на поробувачите, иако такво нешто би требало да се очекува од една цивилизирана нација, како што ни е прикажана во серијалот, што, сведоци сме, во блиското минато веќе го направија некои народи, барајќи прошка за неправдата и зулумите што нивните предци ги направиле во минатото.
Дозволете ни да го упатиме нашиот апел до сите национални теливизии да внимаваат при креирањето на својата програмска шема, конкретно во делот со емитувањето на странските програмски содржини. Зашто, некои вредности никогаш не смее и не треба да бидат жртва на трката по гледаност и заработка.
Особено се обраќаме до ТВ „Сител“ со барање веднаш да го прекине емитувањето на конкретнава серија - „Збогум Румелија.“
Истовремено, ги повикуваме сите наши национални институции од областа на културата и просветата, особено историчарите, да пристапат со должната сериозност кон проверка и, доколку е потребно, и санкционирање на сето она што ни се сервира отстрана и поконкретно да ја помогнат домашната продукција и подигањето на нашата национална свест.
И покрај тоа што сме свесни дека ова наше барање може да не наиде на позитивен одзив, сепак, сметавме дека наша должност е да го споделиме ова со македонската јавност и така да ја смириме својата совест пред душите на нашите предци, оградувајќи се од ваквите декадентни пројави во нашето општество. ......од група родољубиви граѓани
 
Прееска баш го читав ова и баш начекав реприза од епизода од серијава. Во една сцена еден дедо објаснуваше како ружи цветале во Отоманската империја и тек кога се вмешале Французите и Англичаните сите почнале да се колат и да се мразат. Јасно како бел ден станува што ни се спрема на долг рок, а овие серии што се како пропагандни памфлети служат да го омекнат простиот македонец.
Латас копилено пред некој ден јадеше гомна за очигледната турцизација што се тера, а баш на неговата телевизија иде ваква серија и на неговиот факултет има најголем број на турци.
Ќе си ја акаме главата уште многу време со ова што го дозволија големите патриоти.
 
Не им се лути. Сител и Латас се платена пропагандно-новинарско-медиумска адвокатура. Кој (повеќе) ќе плати него ќе го бранат и величаат. Општеството е одредено како такво и не можеш да му се лутиш на адвокатот затоа што си ја врши професијата за која е платен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom