Проект Центар 201Х?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Во Центарот на Скопје во тек е промена на фасадите на објектите. Градот Скопје најави дека објектите коишто се под нивна надлежност ќе бидат во согласност со владиниот проект Скопје 2014. На ваквиот потег градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски возврати со фасади со нов и модерен изглед. Една од нив е и зградата позната како Папагал, зграда за која Жерновски вели дека е целосно освежување во барокното опкружување.
Не е тајна дека гледиштето на новата власт во Општина Центар не се совпаѓа со тоа што го форсира владата како барок. Напротив. Знам дека има контрадикторни, различни размислувања за оваа фасада, но исто така знам дека предизвикува насмевки, предизвикува сосема друго расположение. Сакам да работиме нешто што е сосема спротивно од барокот.
Андреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар.

„Не е тајна дека гледиштето на новата власт во Општина Центар не се совпаѓа со тоа што го форсира владата како барок. Напротив. Знам дека има контрадикторни, различни размислувања за оваа фасада, но исто така знам дека предизвикува насмевки, предизвикува сосема друго расположение. Сакам да работиме нешто што е сосема спротивно од барокот“, вели градоначалникот на Центар.



Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Жерновски го прашува до каде се проектите за кои ветил брза реализација и оценува дека во досегашниот мандат тој успеал да префарба една зграда.

„Наместо да се зафати со решавање на основните проблеми на граѓаните, тој во сите можни бои, без да го коментираме естетскиот аспект, бојадиса една зграда и побрза да се пофали пред јавноста“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да се зафати со решавање на основните проблеми на граѓаните, тој во сите можни бои, без да го коментираме естетскиот аспект, бојадиса една зграда и побрза да се пофали пред јавноста.
ВМРО-ДПМНЕ.

Жерновски најави дека 11 објекти ќе добијат енергетско–ефикасни фасади со термичка изолација. Тој додаде дека фасадите коишто ќе ги реновира општината ќе го задржат оригиналниот изглед и ниедна фасада нема да се менува без согласност на станарите на зградите.
Промената на изворниот изглед на постоечки објекти во центарот на Скопје е еден од главните проекти на кои сега работи градската администрација, а за таа цел одвоиле најмалку 2,6 милиони евра. Нов барокен изглед ќе добијат зградите на улиците „Македонија“, „Никола Вапцаров“ и „Димитрие Чуповски“, но и зданијата што гравитираат околу плоштадите „ВМРО“ и „Мајка Тереза“.
Тоа нема да стане дел од нас, ова е едноставно печат на овој миг и толку. Градот не го живее патот до ваков вид на декор, тој беше современ и останува современ и модерен град, ова се само поединечни атаци врз неговата суштина.
Даница Павловска, архитект.

Пред само една недела беше најавено дека во барокно руво ќе се преслечат и фасадите на музичко балетското училиште „Илија Николовски Луј“, хотелот „Стоун бриџ“, двата објекти на „Комерцијална банка“, трговските центри „Палома бјанка“ и „Плаза“, седиштето на „Стопанска банка“ до Градскиот трговски центар, седиштата на компаниите „Технометал“, „Фершпед“ и „Интекс“, Министерството за труд и социјална политика. Ако на нив се додадат и новите фасади за десетина објекти на булеварот „Илинден“, тогаш нивниот вкупен број е над 50.

Жерновски смета дека измените во Законот за градење се обид на централната власт за отстранување на сите препреки на патот кон барокот.

„Гледам дека и се персонализира оваа битка. Веројатно треба да му се одмаздат на градоначалникот со тоа што ќе му се промени фасадата. Сè уште сум во дилема како рационално да се одговори на ова лудило“, вели Жерновски.

Што се однесува до ГТЦ, Жерновски го повтори ставот дека согласно актуелниот ДУП и законската регулатива, не може да се реконструира фасадата на ГТЦ во барок, меѓутоа посочи дека власта може во секој момент да ја сменат фасадата, зошто веќе е почната постапката.

Архитектот Даница Павловска, доскорешна претседателка на Асоцијацијата на архитекти, вели дека градот како целина и еуфорична динамика на реализација на проектот Скопје 2014 е несинхронизиран и архитектите се целосно изоставени.

„Тоа нема да стане дел од нас, ова е едноставно печат на овој миг и толку. Градот не го живее патот до ваков вид на декор, тој беше современ и останува современ и модерен град, ова се само поединечни атаци врз неговата суштина“, вели Павловска.

Асоцијацијата на архитекти, во дописот што го испратила до Комората на овластени архитекти и инженери, бара да се повлечат измените на Законот за градење кој на општините им овозможува да одлучуваат за промена на надворешниот изглед на објектите.

Со измените на законот за градење, освен на објектите, со одлука на Советот на општината може да се изменат и фасадите на куќите, без притоа да има согласност од сопствениците.
 
Опа Шутка стајл!

Не ми се допаѓа барокот.
Не ми се допаѓа ни ова.
Дали сум хејтер? Не.
Дали сметам дека и едните и другите забегуваат до крајност? Да.
Дали сметам дека и ваква и барокна фасада се подобро решение од руинирана фасада без термоизолација? АПСОЛУТНО ДА!

Не знам како станарите се сложиле на ваква глупост. За детска градинка/клиника и и тн., супер би дошло. За станбена зграда, апсолутно не.
Изгледа ние сме едни од ретките кои имавме среќа да ни ја реконструрираат фасада во *нормален стил*. Ниту барок, ниту шаренило.
 
Едните го направија Скопје гнасно барокно. Другите ќе го обојат гнасно индиско. Жалосно е за градов. И едните и другите му се изнаплукаа на градот. Ниту план, ниту естетика, отиде се во аут. Градот ја изгуби душата.
 


На слика изгледа подобро.

Ова со боите и не е толку лошо , колку што според мене е лошо изведено. Нова фасада но изгледа како да е само пребоена. (а и старите ролетни и прозорци)

Дали е во прашање: колку пари толку музика?

Иначе зградата била позната како Папагал зграда, и сега со новиот изглед , тамам Папагал зграда е.

Иначе подржувам давање на бои на старите згради , сивилото убива, 50 години исти фасади кои немаат убавина.


Претходно

68754913.jpg
 
Незнам што да кажам,на луѓево ни барок им се свиѓа ни вакво шаренило,ваљда и со право секој си има различен вкус.

Реално КОЈ БИЛО нека прави како сака,само нека ги смени фасадите зошто изгледаат ужасно грдо и се распаѓаат.......кога до сега не им текнало на господата 23 год. независност.

Јас би сакал вака ама :rolleyes:
074-1.jpg

037-001.jpg

066-1.jpg


Верувам дека вакви фасади ем поефтини ќе беа,ем немаше да изгледаат како во шутка ама.......
 
Ќе го искористам овој пост од „Скопје 2014“, за да видите колку е Шутка стајл....

у принцип не е ремек дело зашто вакво нешто не е ни прво ни последно .. пример :
http://en.wikipedia.org/wiki/Unité_d'Habitation
tumblr_mapfo5g22e1rfxn8wo1_500.jpg

Шутка стајл е пристапот, оставањето на различни прозори, ролетни, балконски огради, надворешни единици од климатизери.....намерата може и да е добра, а пристапот е фушерски....
 
Најобоен град во Европа е Тирана , бившиот градоначалник Еди Рама на времето ги обои сите комунистички згради , со разни бои.
Но и некои новоизградени згради се во тој стил

15898470.jpg



Старите

800px-Tirana_-_Colourful_houses_at_Lana.jpg


03._152279503_597cf25253_tirana_albania_painted_appartment_buildings_photo_tpierce1.jpg
 
Најобоен град во Европа е Тирана , бившиот градоначалник Еди Рама на времето ги обои сите комунистички згради , со разни бои.
Но и некои новоизградени згради се во тој стил




Старите
Незнам зошто ама веднаш добивам вртоглавица и мислам дека сум на ЛСД кога ги гледам зградите.
 
шутка сајт е начинот на размислување на луѓето во државава каде истите се наоѓаат компетентни да бидат експерти на сите можни полиња (вклучуваајќи ја и архитектурата) и затоа ни се случува ова што ни се случува на сите можни полиња во нашата држава. архитектураата не е ни фасада ниту барок , архитектурата е цела наука а некој се дрзна да ја направи боенка за деца од предшколска возраст.
 
Одвратно!
Срамота е ова што го прават. Не брукаат на секој можен начин, од дебилизам веќе не им се гледа.
Него ако, утре пак гласајте ги, та и едните та и другите. И расправајте се тука кој направил повеќе за државава.
Резил невиден!
 
Да владееш со народот значи да имаш муда и визија која е барем 10 години понапред од онаа на обичните граѓани. Ова што се работи во центар особено начинот на менување на фасадите е чисто политичко просјачење. Граѓаните да одлучувале за фасадите, немој да ме јебеш бре. Па уште едвај се договориле за бојата. Тешко на нас ако ги градиме и обновуваме градовите онака како што им е ќејфот на 20 станари на една зграда која е во центар на град и е слика на една цела држава. Оној што сака да бира боја, се знае плац во Драчево и нека гради куќа, но прашање е и таму дали ќе ми дадат да прави што и како сака.
 
Да владееш со народот значи да имаш муда и визија која е барем 10 години понапред од онаа на обичните граѓани. Ова што се работи во центар особено начинот на менување на фасадите е чисто политичко просјачење. Граѓаните да одлучувале за фасадите, немој да ме јебеш бре. Па уште едвај се договориле за бојата. Тешко на нас ако ги градиме и обновуваме градовите онака како што им е ќејфот на 20 станари на една зграда која е во центар на град и е слика на една цела држава. Оној што сака да бира боја, се знае плац во Драчево и нека гради куќа, но прашање е и таму дали ќе ми дадат да прави што и како сака.

Секој станар се изјаснил во која боја сака да биде зградата , и ете ти шаренило. Секој ја добил својата боја во својот дел од зградата :р
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom