Секакви прашања во врска со јазикот...

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
А како се пишува во оваа ситуација:

Утредента господинот министер Никола Трајчевски ја продолжи својата посета на Кратово.
Ако истово го напишеме без да го спомнуване името тоа би гласело:
Утредента господинот министер ја продолжи својата посета на Кратово
Дали и сега министер со мала буква?
Со мала би требало.
 
А како се пишува во оваа ситуација:

Утредента господинот министер Никола Трајчевски ја продолжи својата посета на Кратово.
Ако истово го напишеме без да го спомнуване името тоа би гласело:
Утредента господинот министер ја продолжи својата посета на Кратово
Дали и сега министер со мала буква?

Со мала... И не ми е јасна конструкцијата на реченицата, она со господин+министер. Мислам дека е непотребно редење, доволно е министерот, дури и поубаво звучи.
 
Јас сакам да прашам зошто на годишно ниво не се прифаќаат зборови кои се одомаќинети кај нас. Така што 80% од населението го го користи тој збор ама сепак според нашите лингвитичари тој збор е несоодветен во најмала рака.
Според мене, треба да излезат еднаш во годината и да речат од сега натаму овие се нови зборови во македонскиот литературен јазик. Па, што ако за нив има синоним? Уште да не постоеја кај нас фрази од типот „Она онаквоно“ и „она ваквоно“ не знам кај како како ќе се разбереревме.
Зборови кои треба под итно да се прифатат како литературни:
Точак - Велосипед
Кола - Автомобил
Плаво - Сино
Плавуша - Русокоса
Сукња - Здолниште
и многу други. како штрафцигер, штикли, наочари.
 
Не знаев кај да прашам, па тука пишувам.
Може некој да сподели искуство со речниците на Зозе Мурговски?
Мислам на оние од 1000 и нешто страни што се по 3000 денари. Добри се? Ги даваат на рати? (Не секој може 100 евра да фрли за 2 речника)
Имаат голем попуст на саемот на книгата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom