Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Не го разбирам чувството на задоволство на навивачите на некој клуб ако продадат играч за поскапо, или ако купат играч за поефтино. Сериозно, арни сте со умот?

Јас утре да разберам дека Јунајтед платил 150 милиони за Санчо ќе бидам презадоволен, ќе се пополни најголемата дупка во екипата. Мене пари нити ми доаѓаат од клубот, ниту им давам. Се што имам од навивањето е да се израдувам ако мојот клуб победи, и да го работам малку @Донев ако Челзи изгуби.
Ама затоа трубиш цело време за Дембеле и Кутињо за колку пари биле купени, дека не е битно. Или ние другите за Погба.
Автоматски споено мислење:

Си имавте вие најскапо засилување во Кепа. Глупо би било некој да му го земе приматот на еден таков генијален трансфер.
Шо е битно колку пари е Кепа купен, не ги дадоа од џеб парите фановите.
 
Јас утре да разберам дека Јунајтед платил 150 милиони за Санчо ќе бидам презадоволен, ќе се пополни најголемата дупка во екипата. Мене пари нити ми доаѓаат од клубот, ниту им давам.
Ама задутре немој да плачеш ако немате пари за лев бек. :D
 
Ама затоа трубиш цело време за Дембеле и Кутињо за колку пари биле купени, дека не е битно. Или ние другите за Погба.
Автоматски споено мислење:

Шо е битно колку пари е Кепа купен, не ги дадоа од џеб парите фановите.

Тоа врска нема едно со друго. Кога некој друг клуб ќе потроши многу пари на флоп, тоа е едно од поголемите задовоства во целата приказна со навивањето, да ги дупиш за тоа. Инаку, се разбира дека не ми е гајле за туѓи пари.
Автоматски споено мислење:

Ама задутре немој да плачеш ако немате пари за лев бек. :D

Си имаме ние лев бек. :love: Малку полничок е, ама брка работа.
 
Ама затоа трубиш цело време за Дембеле и Кутињо за колку пари биле купени, дека не е битно. Или ние другите за Погба.
Види друг е муабетот: Бегајте бе купивте 140 миљонски ѓуптин за петипол утакмици или 100 миљонскиот гаѓач на реклами, а сосема друг е не бе не сме платиле толку, поефтин е или брееј 120 милиона ќе им земеме на овие за дете!
И сам сваќаш дека првото е ребрање, оти сте или сме ја утнале работата и не сме добиле квалитетна престава покрај толку фрлени пари. Второто пак е чисто балканска работа, кој колку што купил :facepalm: Чур ти куе, тебе ти е важно да ти се прават ќејфови од гледање фудбал, не од ќарот на некој си таму евреи, на кои ни името не им го знаеш понекогаш!
Мене не ми смета што Погба го платија 100 милиони, ми смета што се влече како клашна по терен!
Макар што во овој глув период и сфатливо е да се прават такви муабети, колку да пројде време;)
 
Што е планот со Брустер дај нека го пратат на позајмица, ќе се најде за ФПЛ :)
Јувентус заинтерсиран за Кавани
 
Последно уредено:
Значи дефинитивно ништо не е за верување додека не е официјално од клубот...колку што памтам се отепаа од трубење медиумите дека Кавани е веќе играч на Бенфика,дека Суарез е веќе играч на Јувентус...сега Јувентус бил заинтересиран за Кавани?..wtf
 
Дека Кавани е во преговори со Бенфика.
Дека Суарез е договорен со Јуве, ама мора прво да го среди договорот со Барса.
Дека Јуве се заинтересирани за Кавани затоа што се одолговлекува работата со Барса и Суарез.

Јас вака читав.
 
Кавани им барал тригодишен договор на Бенфика по 10 милиони, затоа се откажале, наводно.

Како и да е, ако Јувентус е спремен на Суарез да му плаќа иста сума, нема проблем за Кавани, кога е сто пати подобра варијанта за нив, а и најдобар е од сите спомнувани, требаше директ на него да одат. Е сега, лошата работа е што ќе ни го остават Суарез нас :mad:
 
Кавани изјави дека освен во Наполи не сака да игра за друг тим во Италија.
 
Кавани изјави дека освен во Наполи не сака да игра за друг тим во Италија.
Многу рекле па се покајале, дајте му 10 по сезона пешки ќе тргне.

Само информацијата доаѓа од Ди Марцио, па не треба ептен да се зема како најточна, штанца статии секакви, голем број неточни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom