Види, Меси не се покажа најдобро како капитен и лидер, ама четири години го носи клубот на грб и единствено негова заслуга се освоените домашни првенства и гурањето до 1/2 финале во ЛШ. Вина за огромниот пад на клубот и катастрофалното работење има само управата и никој друг, енд оф стори. Меси може да има вина за слаби настапи на терен, ама сите знаеме дека тимот што Барса го имаше изминативе 3-4 сезони не беше компетентен за ЛШ, Ла Лига освојуваа само поради индивидуалниот квалитет на поединци (Меси) и слабиот Реал. Уште поголема вина има управата ако дозволила Меси да им бира тренери и играчи, тоа е мојата гледна точка. Уосталом, Меси јавно кажа мислење и се дрзна јавно да го прозва Бартомеу, нека излезе и нека каже он дека бил оценуван од Меси за тренери, играчи, па ќе правиме муабет, вака преку новинарски причи не сакам да си правам приказна и да коментирам шпекулации
Ова е сега несериозно, дрн дрн јариња. Со години фанови на Барселона сами ги истакнуваа овие работи, каталонски медиуми, луѓе блиски на клубот. Па милион видеа има по интернет каде што Меси вака или онака реагира на тренер за замени, дава сугестии, му гледаш фацијална експресија и знаеш колку е часот.
Сега откако се случи ова, Меси испадна дека бил обичен, повлечен, мирен фудбалер кој само си го правел на терен она што најдобро го знае.
Свети Канте јеботе.
И сега, ова е шпекулација, однос видлив за око и многупати докажан, а не е шпекулација разговор на Бартомеу со Меси и наводно ветување од страна на првиов. За разговорот и ветувањето, знаеме само од...Лео Меси.
,,Нека излезе Бартомеу и нека си каже своето". Убаво вака звучи. Нека излезе човекот кој е на нишан на јавноста и кој ако би излегол на улица во Барселона, шансите да биде физички елиминиран се 100 отсто, да каже дека љубимецот на секој навивач на Барселона и уште половина свет, всушност не е ангел.
Гарантирано некој ќе му верува.
Уште еднаш, не ја бранам управата на Барселона. Ужасно го изиграа сето ова. Ужасно. Арно ама, тиквата пукната е одамна. Сегашните настани се последица на лошо раководство на клубот + ставање на Меси над самиот клуб.
Да сум фан на Барселона, не само што не би ми било сеедно, туку Меси со некои постапки би паднал во моите очи. Никој не е поголем од клубот. Само што сега им текнало на Бартомеу и компанија да наметнат лажен авторитет и да се држат до оваа фраза.