Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Си се заслужуваат клубот и играчот.

Имаше прееска еден многу убав наслов на некој шпански медиум:
,,Остана играчот, замина легендата".
 
Имаше прееска еден многу убав наслов на некој шпански медиум:
,,Остана играчот, замина легендата".

Не се понаша така со легенда на клубот, кој направил премногу за клубот.Во најмала рака од почит некоја симболична сума ќе одредеа и ќе го пуштеа, а не вака да се брукаат.
Пример како треба: Роналдо.
 
Не сака да си оди = "пичка е, не може да игра во друга лига"
Сака да си оди = "пичка е, бега од Барселона"
Не се појавува во јавност = "пичка е, сака преку писмо да си иде, не смее јавно да прозбори"
Се појавува во јавност = "пичка е, плаче преку медиуми"

:toe:
 
У целу овуј сагу сас Лиглета ќе се забрави дека Хаверц нема да биде најскупо засилување на Челзи. Овој да га направи Вудвард или Марота ќе читасмо Рат и Мир пофалбе и коментари колко гига клуб е Јунајтед и Јувентус.
Донев и ти разочаруеш на време да се заедеш на форум, заѓно време не си у форму нешто нели ја треба да те мењам.
Да се навратам, прееска не можев да пишам :D



:jeeee:
 
Не се понаша така со легенда на клубот, кој направил премногу за клубот.Во најмала рака од почит некоја симболична сума ќе одредеа и ќе го пуштеа, а не вака да се брукаат.
Пример како треба: Роналдо.

А Барселона претпоставувам не направила ништо за него?

И едната и другата страна во овој случај се избрукаа. Нема вина само кај Барселона и раководството.
 
Не сака да си оди = "пичка е, не може да игра во друга лига"
Сака да си оди = "пичка е, бега од Барселона"
Не се појавува во јавност = "пичка е, сака преку писмо да си иде, не смее јавно да прозбори"
Се појавува во јавност = "пичка е, плаче преку медиуми"

:toe:
Како сакаш речи и тој и Барса си го извалкаја образот до немај каде. Ова беше циркуз и на крај ќе си без пари. И пази му го интервјуто

Lionel Messi has officially announced he is staying at Barcelona until the contract expires in June 2021, but blasted President Josep Maria Bartomeu because ‘there has been no project for a long time.'

" I am going to continue in the club because the president told me that the only way to leave was to pay the €700 million (£624m/$823m) clause, and that this is impossible."

По со сила од ова - амин.
 
Да си капитен на екипата, и да одиш да плачиш по медиуми значи еве незнам, дно од карактер... а мислев дека поголем плачко од Конте за вакви работи нема :toe:

Фановите а и цела јавност бараа да излезе и јавно да го каже својот став, тоа и го направи. Цела моја почит ја има од мене за ова, не е никакво плачење туку јавно давање слика за се што се случува во клубот. Греота е играч како Меси да добива таков третман од сопствениот клуб, апсолутно на место му е се што кажа
 
А Барселона претпоставувам не направила ништо за него?

И едната и другата страна во овој случај се избрукаа. Нема вина само кај Барселона и раководството.

Меси кажа дека цела сезона на Бартомеу му назначувал повеќепати дека сака да си оди.Клаузулата не ја активирал на 10ти Јуни зошто сакал да му помогне на клубот во ЛШ и лига, што е сосема фер од негова страна.Мизерно би било да си отиде на пола сезона кога е доста битно.Покажал почит, за на крај да го здупи циганот Бартомеу.

Сигурно кога ги плесна Баерн не му светнало дека клубот нема проект долго време и имаат плукни залепи решенија.По мене барем Меси испадна колку толку со почит према клубот, но не и управата што реално и не ја заслужува.
 
Меси кажа дека цела сезона на Бартомеу му назначувал повеќепати дека сака да си оди.Клаузулата не ја активирал на 10ти Јуни зошто сакал да му помогне на клубот во ЛШ и лига, што е сосема фер од негова страна.Покажал почит, за на крај да го здупи циганот Бартомеу.
Сигурно кога ги плесна Баерн не му светнало дека клубот нема проект долго време и имаат плукни залепи решенија.
По мене барем Меси испадна колку толку со почит према клубот, но не и управата што реално и не ја заслужува.

Не ја активирал, затоа што чекал да види дали Бартомеу ќе се повлече и дали ќе може да си донесе тренер и соиграчи по свој вкус.
Ниту едното, ниту другото се случи. Секако дека нема јавно ова да го каже.
Патем, ако си ти цврсто решен да напуштиш средина, нема што да чекаш, да даваш рокови, да видиш што ќе биде во иднина.
Пакуваш куферот и пријатно.
Меси не го запознал Бартомеу завчера. Меси и самиот вели дека клубот во последниве години не е раководен на правилен начин. Значи, не во периодот од февруари до јули, туку во последните неколку години.

Само, матен е како Вардар и ќе се обиде сега да избели образ.
 
Да кажеше после завршување на регуларната сезона, сакам да одам, ќе разберев. Или можеби ко Роналдо, кој уште на полусезона најавуваше можно заминување пред се поради заладените односи со Флорентино. Ама вака делува ко разгалено дете на кое неговите после долго толерирање му повишиле глас и сега ќе биде пиштење вриштење. Не викам дека управата на Барса не е крива (најмногу е крива што се довеле во ситуација да зависат од еден човек). Ама да те елиминираат три четири пати во ЛШ и ти постојано да покажуваш со прст кон други, а тебе те немало нигде на тие утакмици, во најмала рака би рекол дека е нескромно. И атмосферата во тимот е таква поради него, се се врти околу него и неговите хирови. И ко што еднаш пишав, Барса заслужуваат да го стават доживотен претседател на клубот, да ги уништи до крај. И Роналдо е егоцентрик, ама ништо приближно до овој.
 
Не ја активирал, затоа што чекал да види дали Бартомеу ќе се повлече и дали ќе може да си донесе тренер и соиграчи по свој вкус.
Ниту едното, ниту другото се случи. Секако дека нема јавно ова да го каже.
Патем, ако си ти цврсто решен да напуштиш средина, нема што да чекаш, да даваш рокови, да видиш што ќе биде во иднина.
Пакуваш куферот и пријатно.

Само, матен е како Вардар и ќе се обиде сега да избели образ.

Да толкувам постапки на Меси со мои претпоставки и теории на заговори нема.Има поштовање према клубот, одиграл до крај на сезона.Сета почит и дело што го оставил во Барса ќе заебе за мочани месец дена плус играње?
 
Пичка ќе беше ако преќутеше и продолжеше како ништо да не се случува.
Јасно си кажува дека не му се допаѓаат работите како се одвиваат во клубот и дека ќе си оди, ако не сега тогаш по истекот.
Само не знам што корист има Барса од неговото останување, кога се гледа дека со сила е се. На крај ќе испадне во зимски трансфер период да го нудат насекаде за да извадат пари од него.
 
Мислам дека нема да си дозволи да се шета по терен. Само проблем ќе е што ќе му го нема другарчето Суарез. И ќе видиме каков ќе биде односот со Куман.
Битно е и кој ќе победи на изборите во Март. Ако му ветат добар проект, ништо чудно и да си го продолжи договорот.
Очигледно е спукан оддамна со Бартомеу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom