Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Дортмунд пред продавање на Дилејни во Севиља и пред земање на Халстенберг од Лајпциг. Баерн крена раце од Сабицер од Лајпциг и фрлија око на Хофман од Гладбах. И за двете колку пари толку музика.

Каде виде дека се откажале од Сабицер?
Хофман го планираат десен офанзивен бек во таа 3-4-3 формација што ќе се игра често.
Сабицер играше централ мидфилдер во Лајпциг под Нагелсман.

Проблемот е, мора и да продадат играчи (Толисо, Кисанс, Сар), за да може да платат за нови.
 
Што го спречува арапот сеа да ги лупне парите од Мбапе на Халанд? Боље фит е Нејмар-Халанд-Меси anyways :misticen:

160+ милиони за играч во последна година од договорот е луда работа.
 
Па Сабицер и Хофман ми изгледа нереално освен ако продадат поскап играч. Исти проблем го има Дортмунд мора да се продаде некој за да се земе друг.
 
Што го спречува арапот сеа да ги лупне парите од Мбапе на Халанд? Боље фит е Нејмар-Халанд-Меси anyways :misticen:

160+ милиони за играч во последна година од договорот е луда работа.
Пази, има вести дека веќе ја одбиле понудата од 160 милиони. :D
Никаков предизвик не се парите за овие, многу тешко е да извлечеш главен играч.

Ма да добро е што Реал го направи првиот потег, зашто веќе Мбапе има одбиено едно 3-4 понуди.
И да не го донесат летово, за 4 месеци на 01.01.2022 ќе можат лично со Мбапе да се договараат и да го донесат за без пари.

На нов Бернабеу и свечено отварање, со тргнати рестрикции во Шпанија, претставување на Мбапе сигурно ќе го сруши рекордот на Роналдо кај што имаше 80.000 луѓе.

Перез плаче како нема пари ради корона мора Супер Лига и лупа 160+ милиони за играч во последна година во договорот.
И сите овие 160 милиони се од продажба на играчи во последните 2 години.
Ковачич, Љоренте, Тео Хернандез, Регилон, Одегард, Хакими.
Забораваш изгледа дека Реал нема направено трансфер две сезони.
 
Му се игра со Хазард.

За ПСЖ да прифати мислам не само што ќе треба да понудат повеќе, туку и Мбапе да почне да бојкотира и да не им оди на тренинзи. А и така ништо чудно да видиме и од него видео како она сомнителното од Верати кога сакаше да оди во Барса.
 
Ако дојде летово Мбапе, ништо чудно на последен ден од трансфер рокот Хазард да го продадат или позајмат за ситна сума.
Рачунај, трансфер сумата би била околу 180 милиони евра сосе варијабили + 30 милиони евра годишна плата и договор на 5 години.
Преголемо оптоварување ќе бидат овие две плати за клубот + на Бејл платата, макар и за една година.
 
Па Сабицер и Хофман ми изгледа нереално освен ако продадат поскап играч. Исти проблем го има Дортмунд мора да се продаде некој за да се земе друг.

Можно е и ПСЖ да го земат (да си го вратат) Коман.
 
ПСЖ се луди ако одбијат 160 милиони за играч во последна година од договорот. Фактички сега им е последна шанса да ќарат од Мбапе, со оглед на тоа што одбива да продужи договор и најверојатно наредно лето ќе им избега бесплатно.

И Реал не ми се јасни. Од авион се гледа дека детето плаче за да игра во Реал, наредно лето секако ќе го земеа за џабе, ама па од друга страна Реал одамна немаат направено бомба трансфер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom