Што готвите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
Прееска правев сеченица.
LRM_EXPORT_1667997917913414_20191024_203357020-01.jpeg
Само што ги завршив ваниличкиве со еурокрем. Да можеа садовите сами да се измијат и работната маса сама да се раскрене... Ех...
IMG_20191025_013731_487.jpg
 
Што е ова првово? Дај рецепт. :)
Изволте. :D

Сеченица со урда, сирење и чварки

Состојки:
1 кг брашно
1 квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
500 мл млака вода
за премачкувања:
5 лажици свинска маст
5 лажици масло
1 јајце
за филување:
сирење и урда по потреба
неколку чварки
Се соединува квадецот со водата, шеќерот и солта, па постепено се додава брашното. Се меси меко тесто како за леб. Тестото се остава да стаса покриено околу 15 минути.
Откако ќе стаса се дели на 8 еднакви топчиња (може и помалку или повеќе, колку помалку, толку подебели корите ќе бидат и обратно). Се расукува кора со големина на тепсија бр. 36.
Кората се префрла во подмачканата тепсија со масло, одозгора се премачкува со мешавината од масло/растопена свинска маст, со помош на четкичка. Одозгора врз цела површина на кората се наросува со урда. Истата постапка се повторува со сите кори (се редат една врз друга). Јас ги филував наизменично, една со урда, наредната со сирење. Со тоа што последната кора не се филува туку прво се сечат коцки, па потоа се премачкува со маслото. Па се остава да стаса додека да се загрее рерната на 180 степени. Па се премачкува со едно разматено јајце и секое парче се декорира со парченце чварка.
 
Да можеа садовите сами да се измијат и работната маса сама да се раскрене... Ех...
Да те земам за жена и ти само готви ми вакви прекрасни јадења и садовите и работната маса ќе почне сама да се чисте :cool::angel:
 
resize-01.jpeg

Факинг хумус.
250г. Леблебија
1 чили пиперка
Лук по вкус
3 лажици тахини паста ( може и дожа да се приготви- сусам и маслиново масло)
2 лажици маслиново масло
сол
Римски ким

Изварете ја добро леблебијата да не ви цркни блендерот како мене. (:
 
@112112 Со Џ се пишува , формаџи - formaggi . Мада ми се чини и дека срамно си фрлил некоја печурка башка ? И последна забелешка , претерано зачин , оригано или што и да си ставил.. :) ( не се љути само другарски забелешки )
 
@112112 Со Џ се пишува , формаџи - formaggi . Мада ми се чини и дека срамно си фрлил некоја печурка башка ? И последна забелешка , претерано зачин , оригано или што и да си ставил.. :) ( не се љути само другарски забелешки )

Хехех, не допишав „на мој начин направена“, инаку да ја пробаш ќе се премислиш [emoji4]. Тоа одозгора е оригано, точно, а најодоздола има малку печурки, даваат посебен шмек со сиренцата.
 
Хехех, не допишав „на мој начин направена“, инаку да ја пробаш ќе се премислиш [emoji4]. Тоа одозгора е оригано, точно, а најодоздола има малку печурки, даваат посебен шмек со сиренцата.
Даваат киселина. Сите забелешки од @Tutor се на место. Аман со овој батхртизам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom