Што готвите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
American Pancakes no logo.jpg

Подоцна ќе има и верзија со банани, путер од кикиритки, цимет и мед :P
 
Не е во моментов, пред 2-3 саати е...
Тестото е со околу 700 гр брашно, на помеко замесено со млеко, пола квасец, 1 лажица шеќер, малку сол и 2 јајца...
Откако ќе отстои се прави една голема кора, се сечат крофничките, па пак отстојуваат и се пржат...
На крај се става шеќер во прав и чоколаден прелив...

americki krofni (2).jpg

20150627_152026.jpg

- и не им го ставајте преливот дури се топли , зашто ќе ви се растопи...:oops:
 
Последно уредено:
Селско месо во доматен сос

Прегледај го приврзокот 122288

400 грама свинско месо на коцки се пржи со 3 главици кромид, потоа се додаваат околу 200-250 гр печурки, малку морков на тркалца, ситно сецкана свежа пиперка и се пржи убаво све заедно, потоа се ставаат зачини- бибер, вегета, буковец се меша и се полева со зовриена вода и се остава да се динста поклопено со капак на тивка температура. Кога месото ќе биде меко и останато на зејтин се додава 1 чаша доматен сос, магдонос и малку лук и уште 10-тина мин се готви.
Може да си гарнирате со пире, павлака и сл...Јас јадев со салата и леб...
:)
Ова ќе пробам да го направам во текот на следнава недела, па ќе ставам сликче од тоа што ќе излезе :)
 
Селско месо во доматен сос

Прегледај го приврзокот 122288

400 грама свинско месо на коцки се пржи со 3 главици кромид, потоа се додаваат околу 200-250 гр печурки, малку морков на тркалца, ситно сецкана свежа пиперка и се пржи убаво све заедно, потоа се ставаат зачини- бибер, вегета, буковец се меша и се полева со зовриена вода и се остава да се динста поклопено со капак на тивка температура. Кога месото ќе биде меко и останато на зејтин се додава 1 чаша доматен сос, магдонос и малку лук и уште 10-тина мин се готви.
Може да си гарнирате со пире, павлака и сл...Јас јадев со салата и леб...
:)
20150706_183148.jpg
Кaкo штo ветив , не внимaвaв нa декoрaцијa, aли вкусoт е oдличен. Нaпрaвив некoлку мaли мoдификaции, пред се пoрaди кaлoриите, 250 гр свинскo и 150 гр стек. Стaвив 30 гр грaшoк, крoмид 1 гoлемa глaвицa и нaјбитнo е тoa штo не сум сигурен декa свињaтa не е хрaнетa вo селo, туку вo некoјa фaрмa :D, пa мoже и иметo дa е пoд знaк прaшaлник:D.
 
Прегледај го приврзокот 124223

Со пилешкото сега ептен го скрши филмот. Батали калории кога правиш вакви јадења... :) Селско месо е свинско исклучиво...Али тоа не значи дека ова не е убаво за јадење...Баш напротив...За следниот пат малку погусто да го направиш и...И крати калории на пример од лебот и сл, немој од месото...:) Ова е едно од тие јадења каде свинското е незаменливо...
 
Без леб го јадам :D
Јасно ми е за селско и дома прават моите, али малку поинаку и не со доматно пире, туку класично со сечен свеж домат.
Знам дека требаше помалку вода, требаше да го оставам да врие уште 15тина минути или пак да турам помалку на почеток, али ме газеше времето, ајде следен пат ќе биде подобро :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom